AnaMercury
Love is only a feeling...
Решив да ја отворам темава затоа што просто кажано многу пати ми се има случено да слушнам некоја песна и да сакам целиот свет да ја слушне и да види колку е добра-а на youtube има само неколку илјади гледаност помалку или повеќе.
Значи забрането за хитови и комерцијална музика.
Може песните да се на било кој јазик, било кој жанр, инструменталки и сл.
Поентата е да се слушнат и споделат добри песни кои мислите дека заслужуваат сите да ги слушнат.
Можете да напишете и опишете зошто баш оваа песна, како влијае на вас, зошто ви е толку посебна итн.
Music cleanses the understanding; inspires it, and lifts it into a realm which it would not reach if it were left to itself.
By the way, инспирирана сум и од темата за филмски ентузијасти.
Ако има ваква тема кажете јас никаде не најдов.
Еве јас ќе почнам. Пред неколку месеци му реков на еден другар од Италија да ми препорача некој добар италијански пејач или група затоа што знам дека човекот слуша специфична и квалитетна музика. Тоа резултираше со неколку групи што сеуште ги слушам и со Edda, пејач што кога прв пат го слушнав најискрено помислив дека женско пее :kesa:
Оваа песна од кога ја слушнав како да ме маѓепса, ми влезе некако под кожа. Како прво испеана со многу емоции, музиката која се развива со текот на песната е спој од едноставност и комплицираност и текстот е 10/10. Сепак не мора да го разбирате текстот за да ја почувствувате песнава а морам да кажам дека крајот со виолината е...перфектен! Имам само една забелешка-многу кратко трае.
Предлог-слушајте ја или на добри звучници или на слушалки и бидете посветени за да се долови моментот.