Дали сте суеверни?

Па кога ќе умре некој, тој ден сите огледала се покриени... луѓето сеуште мислат дека огледалата ја заробуваат душата.
 
Според мене суеверието е глупост. Не сум воопшто суеверна. Има, некои работи во врска со таквите "празни верувања" кои држат место, но има и многу глупи, исто така шо не ни вред ида се спомнува. Да пишиш со истото стило на испит, оти ит носи среќа, да не ја поминваш улицата оти ја преминала пред тебе црна мачка (остај го брат ти нека оди прв).:tapp:
Епа еднаш ќе препиши стилото, ај после нема полагање испити ојде факултетот, тешко на тој шо го зафркна па премина улица пред тебе...офлеле. Не е некако банално?
Божиќната паричка...и за неа не вервам некако. АКо било така, кај мене дома итри сме...ќе праевма за сите по едне мазник со паричка..и ај среќни цела година цела фамилија...ама то е то..празни верувања, исполнување на врема, убивање досада.
Не оправдувам суеверни луѓе.
 
Не знам дали сум суеверен, ама и покрај тоа што гледам цагери а погледнам на саат, денес ги бутнав сите рекорди. 09:09, 10:10, 11:11, 12:12. Сега до вечер не погледнувам во ништо со бројки. :toe:
 
Суевереноста му пречи на човекот да се фокусира на моментот и го деконцентрира............(навистина беспотребна работа)
 
Суеверието е состојба на слабиот ум кој не знае како да се справи со тескотиите предизвикани од самите себе и бара алтернатива во одредени прелестни ресенија како бајачки,гледачи, исто така суеверието е негирање на присутноста на Бога.
 
Никако. Суеверијата за мене се чисти гупости.И мислам дека верник не треба да верува во суеверија, затоа што Господ е тука да го заштити,а не суеверијата и сличните гупости
 
Не воопшто не сум суеверен. Немам ништо против бројот 13, не се плашам од црна мачка (татко ми има чувано црна мачка дома, па глеам му фали нешто на човекот), не верувам дека ако се скрши огледало ќе ти носи несреќа 10 години wow или ако отвориш чадор во затворена просторија и да не набројувам сега понатаму разни суеверија. Како и да е, јас не верувам во такви глупости. Дури се осудувам да ги наречам глупости, бидејќи реално колку што ги познавам луѓево, ниту еден не го стигнало проклетството од суеверијава.
 
Уф да, сум. Не баш за се и сешто, амa за работи кои веќе ми се потврдиле. На пример, ако ме чеша левата рака, за ден, два, обавезно ми стигнуваат пари од некаде. Ташната ако ми стои на земја, парите кои ги имам во неа ги трошам во рок од неколку часа после тоа. Ушите ако ме чешаат, надвор обавезно ќе заврне. Ако ми текне уште нешто, ќе пушам пак. :)
 
Уши чешање и болење колена пред да врне не е суеверие. Рецепторите што се внатре реагираат, кај колената има во синовијалната течност.
 
Уши чешање и болење колена пред да врне не е суеверие. Рецепторите што се внатре реагираат, кај колената има во синовијалната течност.
Верувај, го знам јас тоа дека е така. Ама како може секој пат пред да заврне, мене ушите да ме убиваат од чешање? Башка исчистени ми се, да не помислиш дека ради тоа ме чешаат. :D
 
Верувај, го знам јас тоа дека е така. Ама како може секој пат пред да заврне, мене ушите да ме убиваат од чешање? Башка исчистени ми се, да не помислиш дека ради тоа ме чешаат. :D
рецептори...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom