Дали сте суеверни?

суеверие

мислам дека темава е добра за овде...дали сте суеверни???!!!! дали верувате дека ако некои работи ги направите по одреден редослед, ќе ве прати среќа, или обратно...ќе ве прати несреќа, баксуз...јас сум бајаги суеверна...иама секојдневни рутини по кои се водам...три пати ги четкам забите, три пати го мијам лицето, не преминувам преку шахта, се враќам десет чекори кога црна мачка ќе ми го препречи патот...ај да престанам...ќе ме сместите демир хисар...:icon_lol:
 
Крстителот напиша:
Свеќа кога палите (освен лоена - за осветлување) купете ја ИСКЛУЧИВО во Православен Храм. Не знаете оној кој продава на улица од каде купил и дали се тие свеќи благословени.

Taман сакав да кажам дека 'се што си напишал е навистина прекрасно, дојдов до една реченица која тотално противречи на она што го пишуваш. Можеби грешам, но би сакала да ми објасниш дали не е суеверие тоа што веруваш дека среќата „ќе упали„ кај Господ само ако е благословена?! Те молам за искрен одговор.
 
Суеверие....
Со текот на годините и вековите многу се наметнувало и од многу побожните наши блиски лица.. Слушајки ги постарите баба дедо итн несвесно но длабоко е наметнато северието, од дете паметам како ми викале слушај постари луге помудри се..Се што кажале така било, што не значи дека ние подсвесно со нашата мисла делуваме баш тие работи да се случат... Лично ми се случува да направам работи кои во моментот ќе ми истекнат, ташна на под не, гмечење на лепчето пред да се стави во уста не итн..
Не гледам трагедија во тоа, со цел да ни го привлечат вниманието умни да бидеме старите лица ни кажувале без број работи за да малтене останеме мирни, не свакајки дека ние несвесно и тоа кај своите деца ке го пренесеме..
Носам крст како вера не како суеверие на мојот врат.
Но малку ми се нејасни бројаниците во Црква кои ги делат и при тоа кажуваат за срека.. Лично искуство монахот во СВ. Јован Бигорски ми подари бројаница со зборовите да те чува од лоши работи и да ти носи срека...????
Јас Господ го носам во срце во душа, ја примам неговата љубов и позитива ја чувствувам и претежно сум позитивна, но, сепак ми останале работи врежани во глава од детството.. Не се поплукувам скокам или гризам по мали прстиња..
Така да не го свакам многу лошо. Најбитно ми е да ја заслужам неговата љубов, да не плукам по ближните да не крадам мамам итн. Другото е само дел од нашиот наметнат живот, кој не треба да се зима за зло.
 
Крстителот напиша:
не верувам во среќа. Верувам во Благослов. Верувам во Божја Благодат

Лапсус. Мислев на свеќа, а не на среќа. Значи, свеќата делува кај Господ само ако е благословена?
 
Крстителот напиша:
што подразбираш под ’делува’?

(Свеќата) делувa кај Бог => угодна му е на Бог, драга му е на Бог, му остава поголем впечаток на Бог, има предност кај Бог, или ако сакаш народски: „ќе упали„ кај Бог.
 
Свеќа? Кажи ми каде Бог рекол дека сака свеќи? Што е свеќата? Жртва? Ти значи ли нешто изразот: ’Милост сакам, а не жртви’?

Свеќата нема врска со Спасението! Традицијата со свеќите е од времето кога Христијаните се собирале во сабота навечер. Константин Велики го прогласил Христијанството за слободна Религија и тогаш Христијаните работеле од понеделник наутро до сабота додека се гледа, пред да се свечери. Во сабота кога се свечерувало тие се собирале во објектите Храмовите да Го слават Бога и бидејќи не се гледало (темница) секој бил должен да донесе по еден предмет кој може да осветлува. Тие биле собирани на едно место и го осветлувале објектот. Тоа е се’ во врска со свеќата!
Сега сама дај си одговор на твоето прашање
 
Крстителот напиша:
Свеќа? Кажи ми каде Бог рекол дека сака свеќи? Што е свеќата? Жртва? Ти значи ли нешто изразот: ’Милост сакам, а не жртви’?

Па ти ги спомна свеќите, не јас!!! Да сме пазеле од кај сме купувале, бла бла... Баш заради твојава реченица со жртвите, те прашав зошто мислиш дека е толку битно дали некој поп ја благословил свеќата. ОК, не е ни важно, очигледно дека не се разбираме.
 
Infra напиша:
Па ти ги спомна свеќите, не јас!!! Да сме пазеле од кај сме купувале, бла бла... Баш заради твојава реченица со жртвите, те прашав зошто мислиш дека е толку битно дали некој поп ја благословил свеќата. ОК, не е ни важно, очигледно дека не се разбираме.
Подоцна научив она што ти го напишав последно за свеќите
 
Дали сте суеверени?

Дали сте суеверени?На пр. верувате ли во петок 13, црни мачки итн.

П.С Ако има друга ваква тема извинете:icon_lol:
 
Aj da si kazam :) Veruvam vo dosta od tie raboti,a za nekoi smetam deka se gluposti
 
Ваква тема има во Мистерии и религија. Ја префрлам таму и ќе ја спојам со старата.
 
Не сум суеверен, тоа носи несреќа :) :) :) :)
 
da sueveren sum .. ali znaes sto e praviloto vikaat ako si sueveren fakticki ne veruvas vo gospod
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom