Инвестирање во веб-сајт за македонски пазар - ДА или НЕ?

  • Креатор на темата Креатор на темата darko007
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ме интересира ако ставам реклама на фејз како оди со плаќањето. На клик ли е? Колку пари ....
 
Мислам дека е на клик, инаку има некои финти околу плаќањето ама мислам дека треба да отвориш на it.com.mk форумот или да побараш овде во некои од ИТ темите. Сигурна сум дека видов и тоа добро беше објаснето.
 
http://it.com.mk/kako-da-go-iskoristite-facebook-za-praznichno-reklamiranje/

Ете најдов нешто, но пак не разбирам. Зачи јас одредувам денеска сакам да потрошам 5 евра на реклама и толку пати ќе се покажува додека не се потрошат тие пари?


баш така... и јас сакав да пуштам реклама на фејсбук, баш тој е начинот.. прво помислив дека се работи за тоа колку пати ке излезе, и ми се виде пре пре пре пре скапо за тоа... да речеме за 5 евра на ден имаше околу 20 пати на ден... после сконтав дека е тоа уствари 20 пати некој да кликне на твојот линк... и тоа е скапо, што би се рекло дека тоа се 150 евра за 30 дена-еден месец за едно мало коцкиче со твоето лого...
 
епа не е баш скапо ..
значи таргетираш на кого да се прикажува рекламата ..
на кои профили од колку години возраст, мажи ли жени ли, од МК ли само или од сегде итн итн

правиш таргет група и можеш да плаќаш или на кликови или на импресии (односно прикажувања)
 
епа не е баш скапо ..
значи таргетираш на кого да се прикажува рекламата ..
на кои профили од колку години возраст, мажи ли жени ли, од МК ли само или од сегде итн итн

правиш таргет група и можеш да плаќаш или на кликови или на импресии (односно прикажувања)

јас кога сакав да пуштам реклама немаше за таргетирање само во мк... тоа уствари и беше пресудно зашто да не пуштам реклама... ај и не беше само тоа... по пресудно беше дека 90% од фејс бук корисниците доагаат таму за да видат што им напишале, што им кажале, да напишат нешто, да видат некоја слика и тоа.. никој сериозно нем ги загледува тие реклами...
 
ако успешно таргетираш на кого му ја пушташ рекламата и те како ќе успее рекламата ....
многумина и гледаат Кога лисјата паѓаат и не ги интересираат рекламите .. освен мал дел ... на ФБ тој мал дел треба успешно да го погодиш со рекламата ..
 
Може и да се исплати, може и да не се исплати. Најбитно е, пред да почниш нешто да правиш и да фрлаш пари за програмери, сервери . . . да видиш кој од фирмиве во Мекедонија се рекламира online. Знам дека ВИП се рекламира на сите страни што ќе стигне, а има и други фирми. После тоа, види дали можеш да најдеш човек од таа фирма. Значи мора да имаш врски и контакти, инаку е многу тешко да стигнеш до состанок со фирмата. Веќе од кога ќе ги знајш кој се тие фирми, гледај страната да е нешто во врска со нив, а мора и идејата да ти е добра и бројот на посетители голем.
Не е лесно да се успее, но кога ќе успееш, ќе правиш пари без мака
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom