За сите оние кои патат од кила на желудник ( hiatus hernia):
Од доктори и операција бегај шо подалеку. Иако повеќето доктори ја препорачуваат како неопходна, поготово ако имаш потешкотии, се поминува со една обична вежба, не е потребно никакво сечење, нервози и давање пари по доктори.
Наутро, на празен стомак испиј 2-3 шолји (1 шолја околу 300 мл.) млака изворска вода, може и обична. Потоа, во исправена положба, испружи ги рацете странично, и свиткај ги лактите такашто со шаките да можеш да ги допираш градите. При таквата положба, подигни се на прстите од нозете највисоко што можеш. Спушти се нагло, без да ги свиткаш нозете такашто ќе предизвикаш потрес на телото. Повтори 10- 15 пати. Потоа, подигни ги двете раце во вис, и диши кратко, брзо и отсечно 15 пати. Вежбата е завршена. Повтори неколку дена по ред, за желудникот да се намести целосно во нормална положба.
Проверено од прва рака.
Јади поплека, без брзање и кога јадеш џвакај ја добро храната. Никогаш не полни го желудникот 100% (не јади до ситост), за да може слободно да функционира. Наместо тоа применувај мали и чести оброци. После секој оброк, одмор минимум 15мин. во полулежечка или седечка положба, а потоа пешачење ако си во можност. Намали го стресот со прошетки во природа и физичка активност.