Frank Sinatra

  • Креатор на темата Креатор на темата Rick Wright
  • Време на започнување Време на започнување
Погледнете го апартманот во кој некогаш живеел Френк Синатра

Легендарниот апартман на Френк Синатра во Њујорк девет месеци откако бил пуштен во продажба, веќе имал нов сопственик. Елегантниот простор на две нивоа од 300 m2, веројатно го купил кинески тајкун за неговата ќерка и платил 5,49 милиони долари.

Синатра во него живеел помеѓу 1961 и 1972 година, по што се развел од неговата сопруга Ава Гарднер.

Првобитниот простор сам го уредувал спојувајќи стан на 22-от и 23-от кат и го трансформирал во простор со 4 спални соби и шест бањи.

Во него ја запознал и Миа Фароу, се оженил со неа, но подоцна и се развел. Во овој апартман наминувале многу светски ѕвезди на тоа време.

Почнувајќи од американскиот претседател Џон Кенеди и Мерлин Монро, па до Енди Вархол, Дин Мартин и многу други великани на тоа доба.

Просторот е заграден со две големи тераси кои имаат поглед на East River, а во текот на големата обнова во 2008 година, додадени се неколку модерни детали, вклучувајќи футуристички стаклени скали, како во некои продажни места на Apple.

Погледнете во каков простор живеела музичката легенда Френк Синатра

poglednete-go-apartmanot-vo-koj-nekogas-ziveel-frenk-sinatra-foto-01.jpg1.jpg2.jpg3.jpg
 
....Заедно со Dean Martin се познати како пеачи на подземјето т.е. мафијата. ..

Има две работи...пеење на концерти од затворен тип за богатите мафијаши ( патем тие си го легализираа бизнисот и станаа бизнисмени), а тука беа и други пеачи во тајфата на Френк , н.пр. Sammy Davis, Jr.
. Друга работа е бизнисот со мафијата и коцкарниците... Френк се занимаваше со тоа, мислам и дека имаше и проблеми со властите... една ТВ емисија имаше за тоа а има и на интернет..
Да спомнам други интересни работи. Френк беше моќен, а останатите пеачи се плашеа од неговите врски со мафијата. Елвис еднаш го предупреди Том Јонес да не прави кавери на песните на Синатра..
Elvis Presley warned Tom Jones not to cover Frank Sinatra's
.. Но треба да земеме во обзир дека многу од песните што мислиме дека се на Синатра се исто кавери, не само My Way na Paul Anca, tuku i Fly me to the moon e isto kaver...
Инаку Френк го прошири кругот на тајфата , па во неа подоцна беа и Том Џонс,Тина Тарнер, Енгелберт Хампердинк и многу други ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom