Skopje City Mall

  • Креатор на темата Креатор на темата Бергер
  • Време на започнување Време на започнување
carefour почнати се со роба товарење.
 
Skopje City Mall ги отвора вратите на 4 октомври

getImageThumbnail.axd

Најновиот трговски центар Skopje City Mall дефинитивно се отвора на 4 октомври. Информацијата беше потврдена и на официјалната интернет-страна, но и на профилот на Skopje City Mall на фејсбук. На терен може да се види дека во тек се завршните работи на објектот со вкупна површина од 90.000 метри квадратни.
Од вкупно 150 брендови-закупци воSkopje City Mall , 40 се интернационални, кои прв пат влегуваат во земјава, а останатите мигрираат од другите трговски центри.
Во внатрешниот дел веќе се гледаат имињата на голем број брендови кои закупиле простор, меѓу кои и Тренд, хипермаркетот Карфур, Зара, Уименс сикрет (Women’s secret), Џовани Гаел (Giovanni Gail), Гес (Guess), Селио (Celio) и Камајо (Camaieu), Пениблек (Pennyblack), дел од Макс Мара фешн груп, германскиот синџир на продавници за козметика ДМ (DM), Лагерфелд (Lagerfeld), но и познатиот бренд Армани џинс (Armani Jeans) и други.
Се смета дека Skopje City Mall ќе биде главен мотор на економијата во Скопје, бидејќи планира да отвори 2.000 работни места.
Трговскиот центар, освен продавници, ќе обезбедува и простор за разонода и животен стил, кој ќе вклучува барови, места за храна, кафулиња, ресторани, сала за куглање, центар за забава и најсовремено 3Д-кино со девет сали за проекции. Очекувањата се дека трговскиот центар ќе ја стави Македонија на мапата на највозбудливи шопинг-дестинации во регионот, а ќе биде особено атрактивна за граѓаните од Косово, за кои инвеститорот смета дека се потенцијални купувачи, главно поради близината на магистралниот пат кон Приштина. Изградбата на објектот чини 70 милиони евра
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/87612/skopje_city_mall_gi_otvora_vratite_na_4_oktomvri.aspx
 
Ќе има ли попусти дрн дрн такви работи на отворањево да знам дали да се спремам :D
 
Како бе у октомври отварање, нели за септември беше најавено?
 
Ова ќе биде фактички првиот `прав` mall во Македонија. Не се воодушевувам од тие работи многу, ама силом прилике благодарение на поубавата половина имам тешки маки мачено по доста вакви цицајпари низ соседниве земји и Европа.
Секако, не очекувајте евтини цени. Тоа е последното нешто што ќе го има внатре.
 
Се прашувам дали ќе има Македонци во центаров кога идам во Веро кај комплекс банки и во рамстор не е таков случај.
 
Изгледа ќе има Бургер Кинг.
Бургер кинг стана ко влагањето у европска унија,се го најавуваат ама никако да се деси..
Требаше 3 да има у скопје до крај на годинава,сеа за сеа ни едно.Од кај ти е инфово ако не е тајна:)?
 
Бургер кинг стана ко влагањето у европска унија,се го најавуваат ама никако да се деси..
Требаше 3 да има у скопје до крај на годинава,сеа за сеа ни едно.Од кај ти е инфово ако не е тајна:)?

Не е тајна, го ставиле во виртуелната мапа во ресторанскиот дел на втор спрат:
http://www.skopjecitymall.mk/index.php/virtuelna-mapa.html
 
Се знајт дека појше го праат за косоварите, ретко кај нас кој може да си купи една најобична маица од зара или гес. Викенди пола Приштина со x5-ки и голфови че се стационира таму. :D
Ќе ги направат цените да се за Маедонскиот пазар, никој не е без мозок, да направи астрономски цени за кинези, јапонци итн.
 
Зарем нема веќе отворено Burger King во новиот терминал на аеродромот?
 
Повеќе инфо има ли некаде за Cineplexx? Звук, прожектори и сл.?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom