Уапсен хирургот на Хашим Тачи
Белград - Турскиот лекар Јусуф Сомнез познат по своите прекари “Д-р Франкенштајн”, “Вампир” и “Касап”,
беше уапсен во вторникот напладне, во Истанбул, врз основа на потерницата издадена од Интерпол, пишува српскиот весник „Вечерње новости„. Сонмез е
осомничен за учество во операции во Косово, кои биле дел од меѓународна мрежа за шверц на човечки органи.
Според турските медиуми Сонмез бил близок соработник на Хашим Тачи, премиер на Косово, којшто известувачот на Советот на Европа Дик Марти во својот извештај го обвини во трговија со човечки органи.
Тој и Тачи се запознале пред десет години, а ''Змијa'' овозможил на “Франкештајн„ слободно да ја работи морбидната работа во Косово, пишува весникот.
Докторот, во последната деценија, во неговата клиника во централниот дел на Истанбул, опремена со современи инструменти, вредни 2,5 милиони долари, ветувал на луѓе дека можат да ги продаваат своите органи – најчесто бубрези за 20 000 долари. Неговите пациентите главно биле сиромашни луѓе од Турција и поранешните советски републики.
Поради строгите турските закони и можноста да биде фатен, особено затоа што пред неколку години му била одземена дозволата за работа
Сонмез ги праќал пациентите во Косово – рај за криминалот и нелегалната трговија на органи, а операциите најчесто ги правел сам, пишува „Вечерње новости„.
Во приватната клиника “Медикус”, во близина на Приштина,
имал поддршка од најмалку шест луѓе, меѓу кои и Илир Ресаја, поранешен функционер на косовското Министерство за здравство, четворица Албанци од Косово и израелскиот државјанин Моше Харел.
Измамените луѓе останувале и без органи и без пари, а
здравите бубрези лекарот Сонмез ги продавал на црниот пазар за околу сто илјади евра. Купувачите биле главно
богати Израелци, Канаѓани, Германците. Некои информации кои што протекоа од истрагата покажале дека од еден израелски адвокат за бубрег биле добиени дури 180 000 евра.
„Ниту една таква операција во Косово не можела да помине без знаењето на Хашим Тачи“ напишал во ноември минатата година турскиот весник “Милијет”, којшто без никакво двоумење го нерекол Сонмез “касапот”.
Засега не се знае колку точно операции се направени во Косово од Сомнез, под заштитата на владата и Хашим Тачи. Се претпоставува дека овој број е повеќе од стотици операции.
Целиот овој случај почна да се одмотува во 2008 година. Тогаш 23-годишен турски државјанин се онесвестил на аеродромот во Приштина, кога се враќал во својата земја. Кажал на полицијата што барал во Приштина и зошто е таму, како и дека бил излажан. На турските инспектори не им било потребно многу време да се соберат “два и два” и да ја расплетат косовската касапска мрежа, пишува белградскиот дневник.
Во извештаите на тема “Франкенштајн”, кои се направени од турските власти, името на Хашим Тачи се споменувало точно 27 пати. Се споменува од сведоците, измамените пациенти и од соработниците на Јусуф Сонмез.
По интересот на Турција, но и на обвинителството на ЕУ, и потерницата на Интерпол
Сонмез побегнал од Турција. Тој бил во бегство повеќе од една година, а неговата клиника во центарот на Истанбул – која била користена како билет за морбидниот бизнис – оттогаш е затворена.
Се криел пред се во Европската унија, бидејќи има пасош на Литванија (неговата сопруга е Литванка), а британскиот “Гардијан” тврди дека го продолжил својот бизнис во Азербејџан. Не е познато кога се вратил во Турција. Лисиците му биле ставени во вторникот околу 15 часот.
EFAKT
Почна да се отплеткува...