Искуства со македонска пошта

  • Креатор на темата Креатор на темата Насип
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Редовно праќам писма низ европа (најчесто италија/германија/белгија)... писмо,внатре 2-3 обични листови...

препорачано со повратница... секогаш стигаат,досега немало проблем.

Ја су праќал од странство за Македонија, можеби тоа е проблемот?
 
NA drugar od kozle do aerdrom mu stigase pismo 1 NEDELA....Pa sea videte za drugi destinacii...Isto mene mi imaat isceznato nekolku pratki prateni od stranstvo kon mene i toa pretezno interesni gadgeti koi ocigledno mu bile i na nekoj u posta interesni i gi snemalo. Imeno na trackingot se prati pratkata sve do tuka i kaj nas i se gubi traga...
 
NA drugar od kozle do aerdrom mu stigase pismo 1 NEDELA....Pa sea videte za drugi destinacii...Isto mene mi imaat isceznato nekolku pratki prateni od stranstvo kon mene i toa pretezno interesni gadgeti koi ocigledno mu bile i na nekoj u posta interesni i gi snemalo. Imeno na trackingot se prati pratkata sve do tuka i kaj nas i se gubi traga...

Не реагираше некако? Неможе тоа така. Ја ќе збеснам ако сум купил нешто и според тракинг стигнало во земјава а не ми го испорачаат, тогаш се знае кој е одговорен и се има докази.
 
Mi gi vrati prodavacot sredstvata i poradi toa ne reagirav i se otkazav od birokratijata okolu toa :)
 
Мене редовно белешки да земам препорачана пратка за фирма ми стигнуваат на петтиот ден од рокот за подигање. Како намерно да чекаат да немаш време да ја подигнеш пратката :).
 
Здраво

Сакам да прашам какви искуства имаат луѓе со праќање писма, пратки преку македонска пошта.

Јас сум во комуникација со едни пријатели од САД, ми рекоа ќе ми пратат писмо што содржи книга и некои документи. Писмото од САД до Македонија стигна за 5 дена, со авион, преку американска обична пошта ништо скапо само со авион експрес.

Сега јас сакав да им пратам нив нешто, отидов до пошта адресирав писмо се, ме прашаа дали сакам со авион наводно многу побрзо ќе одело, ја реков ок. Платив 500 ден за 150 грамско писмо, вкупно 150 плус за со авион. Ми дадоа број таму дека е препорачано да си следам на интернет до кај е.
Поминаа 15 дена, според сајтот на македонска пошта писмово уште не излегло од пошта пишува дека го примиле и го ставиле во вреќа и така си седи тоа две недели.

Сега ја пред едно 4 години исто памтам пратив писмо до САД, тогаш кој сака нека верува кој не требаше повеќе од 2 ипол месеци тоа чудо да стигне. Еднаш исто така пратив писмо до Шпанија пред едно 5 год тоа беше ок за едно две ипол недели стигна.

Има некој да сподели искуства за ефикасноста на нашава пошта? Да каже од лично искуство за колку време стигаат работиве во странство.

Мислам смешно е да ми викаат за 150 ден екстра со авион побрзо ќе стигне и 2 недели да не мрдне од пошта, бизарно. Па без тие 150 ден се прашувам колку време ќе седи во пошта.
Знам дека е постов од пред скоро година,ама да објаснам.Тоа што на сајтот на македонски пошти пишува дека го примле и ставиле во вреќа значи дека е испратено надвор од Мк,а на сајтот на м.пошти може да се следи пратката на територија на МК.Ако оди Пратката за Хрватска на пр. треба да се вклучите на сајтот на нивната пошта и да видите до каде ви е пратката.Ако оди за Америка на сајтот на американската пошта итн.
 
Оштетен поштенски пакет - ваш малер, ничија одговорност

Поштарот во филмовите секогаш со големо внимание и љубезно ја предава поштенската пратка, а во реалниот живот, по сé изгледа, ниту еднаш не проверува што пренесува и во каква состојба е пакетот во неговата торба

Пратка вредна неколку стотини долари, набавена во САД, која на еден скопјанец му е потребна за бизнисот, му пристигна изминатава недела по пошта, ама - некомплетна. Револтиран, тој се пожалил и кај надлежните и им објаснил што му се случило со пакетот што го нарачал од продавница во САД.

Пратката со алат и козметика ја чекал десетина дена. Била испратена од Далас во Тексас, па преку аеродромите во Чикаго и во Минхен стигнала во Македонија. За оштетувањето контактирал со надлежната служба, во „Пошта“, каде што сите на кои им се јавил го пренасочувале од еден телефон на друг, од еден локал на друг, кај „колегата“.

Ниту МВР нема информации зошто некои поштенски пратки од странство во Македонија пристигнуваат оштетени, „олеснети“, дури и воопшто не пристигнуваат.
- Досега во нашата евиденција немаме пријавено ниту еден случај за исчезнување или олеснување на поштенски пратки доставени од странство - објаснува Лиза Бендевска, портпаролка на СВР Скопје, која ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат ваквите случаи, за полициските инспектори да можат да интервенираат.

Скопската адвокатка Тања Доневска вели дека досега во нејзиното искуство многу граѓани токму поради уништени и исчезнати пратки се обиделе да ги тужат „Македонски пошти“.

- За жал, правно не може многу да сторите како граѓанин ако сте оштетени на овој начин. „Македонски пошти“ има своја правна регулатива, која ја оградува од одговорност доколку вашата пратка биде уништена - вели Доневска.

Законот за поштенски услуги, објаснува таа, во практика убаво звучи.

- „Македонска пошта“ е обврзана да обезбеди навремени поштенски услуги за прием, сортирање, пренос и за достава на поштенски пратки, пари на цела територија на Република Македонија и надвор од неа.
Ако поштенската пратка пристигне празна, оштетена или со намалена содржина и ако тоа е видливо однадвор, испраќачот, примачот или друго овластено лице има право да поднесе рекламација до давателот на поштенската услуга, односно до „Македонска пошта“. Тоа може да го стори веднаш, ако оштетувањето е видливо однадвор, и во рок од 24 часа од приемот на поштенската пратка, ако оштетувањето не е видливо однадвор, под услов примачот да докаже дека оштетувањето или намалувањето на содржината на поштенската пратка настанало пред врачувањето - појаснува Доневска.

Таа вели дека секогаш е проблем да се докаже кога настанало оштетувањето и поради правната „дупка“ во законот оваа институција речиси секогаш минува неказнето за лошата услуга кон граѓаните.

Според последните публикувани информации, само изминативе две години за „незаконско работење“ од „Македонска пошта“ биле избркани 26 вработени, најголем дел поштари. Во исто време, биле изречени и дополнителни 79 парични казни за разни злоупотреби со поштенските пратки.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11211195239&id=9&prilog=0&setIzdanie=22436
 
баш вчера стасува писмо за сестра ми, во која од факултет ја бараат да си ја земе дипломата на 06-12-2011. а вчера беше 6ти. Абе на див запад побрзо патувале поштенските кочии
 
Оваа г. Лиза Бендевска дали е свесна што зборува? Па колку пати уште да пријавувам, ај не сум од Скопје но сепак лаже ако вика дека нема пријави. Факт.

Иначе ја пред една година су пишувал да не се праќа од странство ништо преку пошта во Македонија и ете пак су се заебал во Мај годинава. До душа мислев дека само крадат пакети со некоја стока внатре но не верував дека крадат и писма со важни документи, да им го е... пл.... арамиско, значи дефинитивно никојпат поќе во мојт живот нема да праќа нешто од странство преку пошта за Македонија, никојпат.

Имено во Мај годинава праќав документи за една кола која сакав да ја царинам во Македонија, но не беше одјавена во Германија па мораше тука да се одјави и оригинал (!) документите да се пратат во Македонија да ја завршам процедурата. Од Германија ги пратив препорачано со следејне на пратката преку интернет. Значи за три дена од Германска пошта ми кажува дека стигнала на аеродромот во Скопје но тука се губи секоја трага! Чекај една недела, две...ама ништо, Пријавив во Гер пошта и ми рекоа дека ќе истражуваат но после три месеци колку е и фората да го пронајдат ми рекоа дека неуспешно беше и не го најдоа. Истовремено активирав и врски во Македонија во МК пошта во Скопје, на царина и све но ништо, писмото го нема. Пријава вполиција ради реда за џабе, уште ти викаат неможе ништо да ти прават и да не пријавиш па ако инсистираш на пријава уште се бунат...значи какви арамии има во МК пошта уште на аеродром да ти украдат пратки и си земаат за дома мислеќи да ќарат нешто...и што дека ги зеле документиве што за ними се секако безвредни? Ништо...

Пак ве предупредувам сите вас да не праќате преку пошта од странство ако треба МК пошта да преземе кај нас. Праќајте преку приватни компании, преку луѓе кој патуваат за МК, по автобуси итн. но никако преку МК пошти. Па последниве години 90% од пратките ми изчезнале или не стигнаа пакетите комплет...никојпат поќе.

И не гледам подобрувајне ко Рафис Аљити сега е прв поштар...
 
едно прашање...дали онлајн следењето на пратки на официјалната страна на мак. пошта е за ЕМС пратките или важи и за препорачаните?
--- надополнето: 25 март 2013 во 19:09 ---
едно прашање...дали онлајн следењето на пратки на официјалната страна на мак. пошта е за ЕМС пратките или важи и за препорачаните?
--- надополнето: 25 март 2013 во 19:10 ---
едно прашање...дали онлајн следењето на пратки на официјалната страна на мак. пошта е за ЕМС пратките или важи и за препорачаните?
--- надополнето: 25 март 2013 во 19:24 ---
едно прашање...дали онлајн следењето на пратки на официјалната страна на мак. пошта е за ЕМС пратките или важи и за препорачаните?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom