Искуства со македонска пошта

  • Креатор на темата Креатор на темата Насип
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2010
Мислења
13
Поени од реакции
0
Здраво

Сакам да прашам какви искуства имаат луѓе со праќање писма, пратки преку македонска пошта.

Јас сум во комуникација со едни пријатели од САД, ми рекоа ќе ми пратат писмо што содржи книга и некои документи. Писмото од САД до Македонија стигна за 5 дена, со авион, преку американска обична пошта ништо скапо само со авион експрес.

Сега јас сакав да им пратам нив нешто, отидов до пошта адресирав писмо се, ме прашаа дали сакам со авион наводно многу побрзо ќе одело, ја реков ок. Платив 500 ден за 150 грамско писмо, вкупно 150 плус за со авион. Ми дадоа број таму дека е препорачано да си следам на интернет до кај е.
Поминаа 15 дена, според сајтот на македонска пошта писмово уште не излегло од пошта пишува дека го примиле и го ставиле во вреќа и така си седи тоа две недели.

Сега ја пред едно 4 години исто памтам пратив писмо до САД, тогаш кој сака нека верува кој не требаше повеќе од 2 ипол месеци тоа чудо да стигне. Еднаш исто така пратив писмо до Шпанија пред едно 5 год тоа беше ок за едно две ипол недели стигна.

Има некој да сподели искуства за ефикасноста на нашава пошта? Да каже од лично искуство за колку време стигаат работиве во странство.

Мислам смешно е да ми викаат за 150 ден екстра со авион побрзо ќе стигне и 2 недели да не мрдне од пошта, бизарно. Па без тие 150 ден се прашувам колку време ќе седи во пошта.
 
Што да се рече освен дека се катастрофа? Сметката за октомври за домашен ми стигна денес, среќа си ги плаќам сметките прва прилика кога ќе поминам низ град меѓу први и петти во месецот, инаку досега куќа ќе требаше да им препишам на телеком ако чекав сметка по пошта. И не е ама ич првпат ова, каснат до бескрај, спори ко желка.
 
ziva katastrofa prativ preporuceno pismo preku posta do sud vo srbija fakticki kako go primav odma drugiot den go vrativ za potis...pomina eden mesec nema ni pismo ni nisto...go cuvam dokumentot sto mi go dadoa mi rekoa deka ke stigne ama teska rabota se si mislam deka si otvoriv pogolem problem (ne daj boze da mi e zalutal i isceznal dokumentot)

ZIVA KATASTROFA SE!!!!
 
:pos:многу се добри , единствено што не ги бива за носење пошта
 
Секое списание од Musicstore што ми стига треба да биде спаковано и запечатено во плико. Епа не е. Обавезно отвораат да видат што е, мамата нивна. И ми го носат отворено со искинато плико. И му викам на поштарот што е работава, ми вика не знам јас, јас сум само разнесувач.
 
Конечно мојот поштар го затворија.Ја испљачка пола населба,купи два стана тек сега им текна да го затворат кога сега парите одат само по трансакциска сметка.Најголеми арамии има во пошта Чаир.Ми касни сметка за струја 2 месеци,одам да ја барам ми викаат - дојди по сабајле дечко со поштарот да видиш.Одам другиот ден 7 саат сабајле ми викаат - кој ти е поштар (како се вика)?Викам незнам прошлиот е у затвор овој нов е.Ееее ништо треба да знаеш кој ти е поштар овде има 100 поштари.Им кажувам населба,улица,број - незнаат кој е поштар!!!Кретени невидени еј.Чекав еден саат ми вика една смотана сега ќе го викнеме,чекам ја си чекам дојде 8:30 одам пак до шалтерот - абе кај е поштарот?Друга една кокошка ми вика - ааа искочени се веќе.Катастрофа!!!Толку нефункционална,неспособна институција нема нигде на друго место.Се чудам како продолжува да работи?Тоа лешинарите треба све да се избркаат од работа.
 
ПТТ...ах времиња беа тоа..:nesvest: Донаса поштарот пензија и секој му даваше, те за ракииче да се почасти, те за пиво... Зошто умре комунизмот..whyyyy :cry:
 
Кога гледам дека за поштарите прајте муабет па да прашам јас нешто:

Секогаш кога поштар носи пензија или било што за исплата на рака, сумите не се баш точно заокружени на цела десетка. Пр. пензијата изнесува 6.407 денари. Е сега муабетот е следниов. Поштарот НИКОГАШ ама баш НИКОГАШ не ги исплаќа тие последни неколку денари.

Прашање бр.1: каде одат тие пари? Ги зема поштарот или поштата? Па некој ке рече, ма дај што се 5 денари? 5 не се многу но тој денес ќе разнесе 500 пензии х 5 денари (просек) и оп излегва сума.

Прашање бр.2: Математички, пр.6.407 ако треба да се заокружи на цела тогаш излегува 6.410 ден. Или така не им одговара?

Иначе за пратки низ МК стигаат навремено и брзо но за интернационалниве се катастрофа.
 
Мене ми кратеше 30 денари не 7.Ако му речеш нешто следните пари ќе ти каснат 2 месеца.На кого ќе се жалиш?Одам таму тие шефчиња некои во пошта го бранат.Им реков ќе го пријавам во полиција ми ги нема парите (5000 ден) - ги боли кур.Ама дојде ред сега ќе свири клавир у Идризово.Сепак двата стана му останаа.Ќе прчи кур син му додека некој ќе се мачи цел живот да направи две соби.
 
Има некој да сподели искуства за ефикасноста на нашава пошта?
Тие за домашно слабо. Сметки стигаат пола месец после краен рок за плаќање па ќе ти стегат затезна.Ако плаќаш сметки преку пошта, уплатите исто каснат (затоа и нема многу гужва у пошта) па ќе ти стегнат затезна...фала и на МП што ни стегаат затезни.
ама сенасе "за се друго" добри се.

За странство појма немам, ниту ми ми значи доцнењето
 
Ако праќате нешто од странство, на пример пакетчиња со подарок или поздрави подобро да побарате други начин, пријатели или праќајне по автобус ако има линија или нешто слично пошто секоја пратка се отворат кај Македонската Пошта. Мислам све е ок, ако, нека проверат дали има нешто што не треба да се праќат, но често пати некој работи ко ке стигнет пакет ги нема.
На пример пратив еднаш едно пакетче со разни ситници како поздрав и имаше едно пакетче Марлборо цигари, пакувани и све. Ко стигнаа паковката беше отворена а кутијата пола празна. Бруки...
За пари ич да не прајме муабет, подобро преку банки итн ќе платам провизија ама знам ќе стигнат него овие арамии да ги украдат. Пред неколку години су праќал писмо со документи за МК и ги завиткав со хартија да не мојт да се видит што има и за проба ставив 10Евра да видам дали ќе стигнат, и тоа од надвор не се гледаа. НЕ е можно, го отвориле пликот и си ги зедоја парите и аматерски пак го залепиле пликот и така беше доставен. Ај остај што ги зедоја парите ама како можат така плик да отвараат со лични документи?
Ако можете не праќајте со Македонската Пошта такви работи.
 
Јас сакав да пратам подарок преку пошта до странство, сега да ти кажам искрено, ме исплаши ти :)

Иако колку што памтам плико смее да се отвори само со судски налог во Македонија според наши закони. Не како што памтам туку прилично сигурен сум.
 
Тоа се мој искуства, не мора на сите така да им се деси, но сепак ќе речам за пакетите нека го отворат и нека видат дали има нешто што не треба, нели. Во денешно време немојж да знајш...ама барем нека ги остат работите внатре а не да си земаат по потреба. За џабе ти е пошта ако немаш доверба...
А зи пликојте и документите што ги праќав ептем се изненадив, пошто убо викаш дека не смејат да се отворат, ама каде ќе се жалиш? Во цел свет ќе се потрудеја да го најдат тој што ги отворал само кај нас викаат од кај да знајме кој го отвори...
 
Редовно праќам писма низ европа (најчесто италија/германија/белгија)... писмо,внатре 2-3 обични листови...

препорачано со повратница... секогаш стигаат,досега немало проблем.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom