Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Jackson isto golemi sansi da go prodadat. Konecno nesto sto me pravi sreken vo vrska so ovaa uprava. MORA da si otide posle site gluposti minatava sezona.
 
Поздрав екипа, добри сте?

Како тргна возот надоле мислев нема да избориме лш догодина, среќа па другите екипи беа полоши од нас.
Генерално сезонава добро се заврши, лш и ете оваа конференција каква и да е конкуренција нека осети тимот како е да се победува.
Ако успееме да го победиме псж утре и те како ќе даде самодоверба и буст на екипава.

Сега е на Мареска да увиди некои работи пред се од тактичка точка а богами и во мен менаџмент и да не ги повтори грешките од лани. Исто така ќе видиме како ќе одигра управата со трансфери.
Педро е оган играч се виде од прва дека знае да игра фудбал и ќе е битен играч за нас.
Делап не ми беше прв избор, желба ми беше Гокереш но тоа е што е.
Школски на Палмер па ќе видиме, сега за сега тоа што го видовме е дека знае да трча во простор како класична 9 и има снага.
Гитенс го немам гледано но ми изгледа како играч што сака да игра директено на играч и не се плаши да шутне.

Многу ми е криво што Сантос не добива минутажа а е супер играч мора да му се дадат минути.

За Мадуеке немам нешто посебно да кажам, си доби шанса јас лично сезонава очекував подобри бројки од него, има талент тоа не е спорно но барем до сега покажа дека му фали она завршното и во финиш и во момент кога треба да асистира.
Мареска го проба и лево но таму е премногу лимитиран.
На десно со Нето и Вилиан сме покриени добро.

Околу појачувања мислам дека мора нов голман и да видиме како ќе се одвива ситуација со Фофана.
Чалоба одигра доста добро, Тосин исто имаше добри партии.

Околу продавање има еден куп вака од играчи што се во тимот Санчез, Бадијашил, Чивел, Џексон, Нкунку, Фофана, Чукуемека, Угочуку би ги продал.
Позајмица на Мудрик и Џорџ.
 
Братот нема да игра фудбал до 2030 :) Суспендиран е за допинг.
Ми излегоа некои вести на фб дека поминал на второт тест, можеби се шпекулации.


Лавија иста судбина како Џејмс, глава не дигна од повреди, а добро игра.
 
Ми излегоа некои вести на фб дека поминал на второт тест, можеби се шпекулации.


Лавија иста судбина како Џејмс, глава не дигна од повреди, а добро игра.
Нема ништо поозбилно дека поминал на вториот тест. Сега за сега стои дека е суспендиран. Инаку многу подобро функционираме со Лавиа, Каиседо и Енцо отколку со Енцо и Каиседо. Дефанзивно подобро изгледаме и подобри сме со транзиција. Енцо е послободен во напад кога игра Лавиа. Се надевам на победа утре. Ептен добро би било да ја завршиме сезоната со 2 трофеи и Лига на шампиони.
 
Густо ќе игра РБ против Квара, примаме 2 гола од таа страна лабаво, ликов не постои дефанзивно а и има проблем со концентрација.
Не ми се свиѓа Џејмс што игра пред Сантос во средина ама добро, иде на сигурица, сепак е финале.
Како и да е, бар да не бидеме Интер со 5-0, не очекувам многу.
 
Што му е филмот на Санчез ?
Многу јако брани
 
Гледам ова и се уште некако ми е во магла. 3 гола еј
 
Ова се можда најдобри, најдоминантни 45 минути на Челзи откако навивам за овој клуб. Буквално излегоа гладни, фокусирани и точно знаеа што сакаат, како сакаат и каде сакаат.
Наклон до господинот Колд Палмер, каква сува класа од играч.
Секоја чест за Мареска, ова беа 45 минути фудбалска лекција, искрено, нити сум очекувал, нити сум го ценел дека вакво нешто може да пружи. Браво.
Жоао Педро каков трансфер, не се сеќавам кој последен трансфер од прва минута игра како да е со години во Челзи, буквално број 1 напаѓач ни е без никаква дилема, како игра, како отвара простор за Палмер, како финишира, пу, пу. Браво.
Санчез, тоа е тој коинфлип од голман што го играме, знае да има мозочен удар ама кога се работи за бранење гол на линија, сигурни еден од најдобри.
Углавном ова беше убер доминантно полувреме со сите нишани од наша страна и сите на ниво освен Педро Нето кој изигра многу дефокусирано и нервозно. Ајде да издржиме уште 45 минути и да испишеме нова историја и да ми се напушат кур сите фанови на Арсенал и такви борании екипи што цел век ни ја оспоруваат, гази си ги. <3
 
Ух, сигурно боли кога мислиш дека си недопирлив и те треснува од земја екипа која едвај изгура до ЛШ место и играше конференциска лига.

Ајт!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom