Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Џексон е доста подобрен, тука нема збор, но некако не ми влева доверба... штознам може и пристрасно гледам на работите.

Ни него ни Кукуреља не можев да ги смислам какви глупости правеа, а вториов сезонава игра на многу високо ниво. Се надевам дека грешам и за Џексон.

Sent from my A001LG using Tapatalk
 
За пофалба е Мареска. Супер фудбал играме, иако има уште потенцијал да се напредува. Пред се психички. Му замерувам што не ги доби Јунајтед и Арсенал. Ај Арсенал е тврд орев ама Јунајтед мораше да се тепа. Со Сити беше почеток на сезона па поради тоа не го критикувам за тој пораз. Солидно ги постсвува составите против послабите противници. Креираме лесно и завршуваме.

Денеска Маудеке е за пофалба, доста посолидно и посозреани изигра.
За Палмер нема што да зборам, стстистиката му е лудница. Типов е роден дс игра фудбал. Моежеше уште еден денеска ама спаси стативата. 31 гол до сега. А сеуште не е ни полусезона.

Дури и Санчо игра одлично. Сите освен Мудрик. И Феликс е малце како изгубен.

Мислам дека ќе биде на излезна врата, јер вака максимум му е да игра против Хајнденхам во куп на Европа или како и да го викаат натпреварувањето.

5 гола, со ротиран состав.

Одлично ќе биде да ги тепаме Тотенхем, очекувам доста голови со нив.
 
Одлично, црвениот си го направи своите иако кога видов кој е тандем за централна бековска мислев примаме 2 гола :D
Можеше комотно 8 да им дадеме ама тоа е што е.
 
Можевме комотно уште 4 да дадеме а не еден. Секако дека дел од фудбалска игра се промашувања ама такви шанси не е реално да се промашат.

После паузава искрено Челзи игра подобро и акциите се течни, позиционирање и идеја што со топка е супер, останато е одлука на самите играчи.

Се слажам дека моравме да ги тепаме Јунајтед и да одиграме подобро со Арсенал но моментално побитно од тоа е да се победи Тотенхем во недела.

Каиседо има огромен напредок сезонава и Кукуреља.




Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
1733361208238.png

Некој што не е Донев да ми кажеше пред сезона дека Челзи во декември ќе биде второ место во ПЛ ќе му дадев дирекции за најблиската установа за ментални болести

:cuc:
 
Спремен сум за пцуење :)
Абе пенал ќе досуди за Челзи штто ви е.

Тотенхем ги гледав со Бурнмут и истата тактика треба и Челзи да ја испрактикува, еден брз гол и да ги втуриме на контри. Дува промаја кај кокошките.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom