Од што имате фобија?

  • Креатор на темата Креатор на темата IsidoraD
  • Време на започнување Време на започнување
Фобија иам од летање од друго ништо!се плашам од големи височини..нормално е ова нели?:nesvest:
 
Од бебиња и преминување улица и не се справувам:tapp:
 
Имам пишано поодамна мислам, имам фобија од високо, односно од падот кој може да се случи. Фобија од работи кои влијаат на мене а немам моќ да ги променам.
 
Имам фобија од пливање во близина на бродови.
Како се вика таа фобија?
 
Имам фобија од гледање на сопствената крв...Ми доаѓа да паднам во несвест и многу ми се лоши и мислам дека ќе ми се случи нешто лошо. А да гледам нечива друга крв не ми е проблем
 
Како помала имав фобија од оси :icon_conf Сега веќе не толку :)
 
Се плашам од разделба,смрт на некој близок.Од неуспех на некоја поголема цел.Од некои неочекувани падови и порази кои предизвикуваат емотивни шокови,кои мислам дека нема да можам да ги преживеам.НЕ ДАЈ БОЖЕ!!! :)
 
Ептен е јака темата.
Јас не сум плашлива, напротив сум многу храбра. Дури и го предизвикувам стравот, ионака сум многу силна, како да ми треба доза на адреналин и ветер. Обожавам бура , ветер и дожд а јас да сум на невреме и тоа во ноќта. Последниот пат кога го предизвикав стравот беше на автопат во друга држава. Престигнував огромен камиот со приколка, многу долг, со голема брзина во тунел во кој имаше место само за две возила, дволенташ афтопат. Еј кое чувство.

Сакам и да летам. Сакам и темница во која само сетилата знаат да се ориентираат.

Единствено имам некој чуден страв- или повеќе објаснува еден српски збор Језа- по наше нешо како гадење или шубе од птици. Читав дека луѓето кои во некои минати животи умреле од мршојадци го чувствуваат тоа и во наредните животи. Ама искрено психолошки не знам што значи.
 
Не е фобија ама ги сакам моите фобии и уживам во нив.
 
Порано се плашев од мрак ама го надминав тоа и сега изгледа остана само бактериофобија (јебига сепак се страшни :))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom