Од што имате фобија?

  • Креатор на темата Креатор на темата IsidoraD
  • Време на започнување Време на започнување
десега немам забележано никаква фобијааа ке видиме ако нешто се деси и осетам таква работа ке бидите известени хехехе
 
Од затворен простор.не можам да поднесам да се возам во лифт одма пребледувам и се тресам.
 
Ако дојдам во непријатен конфликт со некоја личност кога се присутни и други луѓе од страна, некако се губам. И страв и срам ме фаќа. Исто ми се има случено и на форуми, некако ми е непријатно да враќам на провокации и навреди затоа што други ме гледаат, а да сум во четири очи од никого гајле немам, ни во живо ни преку нет. Насамо мислам дека секого можам со поглед да го скротам, освен ако ептен не сум во право, тогаш совеста не ми дозволува. Какво пореметување е ова? :)
 
Od pajaci!!!!!!!! Neznam ama mn mn mn mi e strav od tie mali nozesti insektchinja.
 
За да не ја сочинуваат темава постови од еден-два збора, би ве замолила во вашите одговри да вметнете некоја реченица околу тоа како се справувате со конкретната фобија(доколку ја имате), што чувствувате во моментите кога стравот е најсилен, дали имате некои претпоставки околу тоа зошто воопшто имате фобија(кои се причините) и слично.
Благодарам:smir:
 
Јас од преголема претпазливост претпоставувам, имам доста фобии.
Имам фобија од висина, посебно од евентуално патување со авион. Не сум патувала и мислам дека нема ни да патувам некогаш. Овој страв ми е најверојатно вроден уште од многу одамна, кога обожавав (не дека појќе не) да гледам и гледав многу филмови со авионски несреќи. Бидејќи на нив авионот нормално секогаш паѓа, јас потсвесно тоа и си го имам врзано во крпче, па од самата помисла како само влегувам во авион - ме фаќа страшна параноја.
Имам фобија и од патување со кола, иако со цели сили ја кријам дека е неизбежно да се возам барем со тоа превозно средство. Во овој случај реална ми е, бидејќи имам доживеано повеќе сообраќајни несреќи и ситуации кои се слични на тие кои ги предизвикале несреќите ми ги сечат колената и ме препотуваат. Посебно ми излегува на површина оваа фобија кога треба да одам на подолг пат ... со денови пред тоа сум нервозна и параноична.
Имам фобија и од земјотреси, па најчесто и кога ми е низок притисокот и на момент ми се заврти се` околу мене, се препотувам од страв мислејќи дека имало земјотрес. Неможам долго време после тоа да се смирам, панично се плашам значи. Тоа веќе незнам од што би можело да ми е така ... најверојатно од самата помисла дека е страшен земјотресот и би можел да заврши катастрофално.
Поголемите фобии ми се тие, а другите стравови па како помали, може и не се рачунаат за фобии. И така ...:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom