Економијата во 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата VaZoLjIN
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
t.gif
20100907130319mac_flag203.jpg

Македонската економија догодина ја чекаат подобри денови - сметаат некои од бизнисмените, коментирајќи дека најтешко им било годинава, кога кризата им ги преполовила профитите.

Митко Кочовски, директор за инвестиции и развој во фабриката Макстил, догодина очекува раздвижување на економската активност, зголемено производство и инвестиции.
Тој за БиБиСи вели дека последиците од глобалната криза домашната индустрија ги почувствувала најмногу годинава. Веќе од февруари следната година очекува стабилизација и пораст на нарачките.
„Од средината на првиот квартал се очекува подобрување на глобалниот пазар, во јануари сме покриени со нарачки, производствените цели ни се исполнети"вели Кочовски.
Пеце Ристевски од Сојузот на синдикати на Македонија е оптимист и не очекува нови отпуштања на работници во 2011, откако, според пресметките на Синдикатот, годинава без работа останале пет илјади работници.
„Само Југохром и Скопски Легури повлекоа 1000 работници, значи некаде има подобрување, некаде е статус кво, но економијата закрепнува, затоа и нема да има нови отпуштања", вели Ристевски.
Подобри денови за економијата ќе има, ако банките ги намалат каматите, претпоставува Кочо Анѓушеф од ЕФТ Македонија, која тргува со електрична енергија.
Тој се жали дека во моментов стопанството тешко доаѓа до кредити, а каматните стапки се многу високи.
„Банките похрабро да настапат, тоа не значи тие целосно да го преземат ризикот, бидејќи сепак најважно е сопствениците да веруваат во својата фирма", објаснува Анѓушев.
Поттик со 950 денари
Во Владата се оптимисти и велат дека најлошото е зад нас.
„За 2011-та планираме пораст на бдп од 3,5% и умерена инфлација до 3%. Ќе водиме дисциплинирана буџетска политика, рестриктивна во непродуктивните трошења, за сметка на инвестициите во капиталните проекти", вели министерот за финансии, Зоран Ставрески.
Сепак и деловните луѓе и синдикатот за догодина очекуваат конкретни владини мерки против најгорливиот проблем - невработеноста која изнесува 32,1% што значи дека секој трет Македонец нема работа.
Од 2,6 милијарди евра буџет за догодина, Агенцијата за вработување доби само 0,2% за поттикнување на вработувањето.
Ако во земјата има 296 илјади невработени лица, ова практично значи дека Владата издвои по околу 950 денари годишно по невработен за да го поттикне неговото вработување.

Последниве 2 години не соголеа,ако продолжиме со истово темпо (цените нагоре,платите надоле) ќе треба да почнеме да ја продаваме покуќнината.Што мислите "биче ли боље" во 2011?
 
Кратко и јасно - не. Биче горије и горије док народ не се пробудити :)
 
Смешки ,сите овие години во ниедна не видовме економија,па сега демек ке биде поинаку ,насловот може да биде : Кражбата во 2011
 
Колапсот во 2011 подобро би било :)
 
-Намалување на администрација
-Влегување во НАТО
-Влегување во Европска унија
-Активна кампања за промовирање на земјава како на инвестициски рај и евтина работна рака
-Намалување на каматни стапки за кредити (да може администрацијава да појде некако и да се префлри во приватен сектор)
-Активно инвестирање во земјоделство и иновации во истото за да се стимулира извозот

Премногу идеално изгледа но сепак не е нереално само треба некој да дојде на власт со огромна свест и желба за напредок на земјава.
Ова сепак значи менување на името односно компромис со Грците. Понекогаш треба да се направи жртви за да се оди напред а не вечно да се тапка во место.
 
Скептик сум дека до година ќе биди поарна економијата (тешки да биде) но не ми се верува. Проблемите се знаат одамна: администрација, корупција, судство и нема посебен напредок во нивно надминување. Ќе си биде исто како и во изминативе транзициски години.
 
t.gif
20100907130319mac_flag203.jpg

Македонската економија догодина ја чекаат подобри денови - сметаат некои од бизнисмените, коментирајќи дека најтешко им било годинава, кога кризата им ги преполовила профитите.

Митко Кочовски, директор за инвестиции и развој во фабриката Макстил, догодина очекува раздвижување на економската активност, зголемено производство и инвестиции.
Тој за БиБиСи вели дека последиците од глобалната криза домашната индустрија ги почувствувала најмногу годинава. Веќе од февруари следната година очекува стабилизација и пораст на нарачките.
„Од средината на првиот квартал се очекува подобрување на глобалниот пазар, во јануари сме покриени со нарачки, производствените цели ни се исполнети"вели Кочовски.
Пеце Ристевски од Сојузот на синдикати на Македонија е оптимист и не очекува нови отпуштања на работници во 2011, откако, според пресметките на Синдикатот, годинава без работа останале пет илјади работници.
„Само Југохром и Скопски Легури повлекоа 1000 работници, значи некаде има подобрување, некаде е статус кво, но економијата закрепнува, затоа и нема да има нови отпуштања", вели Ристевски.
Подобри денови за економијата ќе има, ако банките ги намалат каматите, претпоставува Кочо Анѓушеф од ЕФТ Македонија, која тргува со електрична енергија.
Тој се жали дека во моментов стопанството тешко доаѓа до кредити, а каматните стапки се многу високи.
„Банките похрабро да настапат, тоа не значи тие целосно да го преземат ризикот, бидејќи сепак најважно е сопствениците да веруваат во својата фирма", објаснува Анѓушев.
Поттик со 950 денари
Во Владата се оптимисти и велат дека најлошото е зад нас.
„За 2011-та планираме пораст на бдп од 3,5% и умерена инфлација до 3%. Ќе водиме дисциплинирана буџетска политика, рестриктивна во непродуктивните трошења, за сметка на инвестициите во капиталните проекти", вели министерот за финансии, Зоран Ставрески.
Сепак и деловните луѓе и синдикатот за догодина очекуваат конкретни владини мерки против најгорливиот проблем - невработеноста која изнесува 32,1% што значи дека секој трет Македонец нема работа.
Од 2,6 милијарди евра буџет за догодина, Агенцијата за вработување доби само 0,2% за поттикнување на вработувањето.
Ако во земјата има 296 илјади невработени лица, ова практично значи дека Владата издвои по околу 950 денари годишно по невработен за да го поттикне неговото вработување.

Последниве 2 години не соголеа,ако продолжиме со истово темпо (цените нагоре,платите надоле) ќе треба да почнеме да ја продаваме покуќнината.Што мислите "биче ли боље" во 2011?
1. Чиста лага е дека каматите се високи. НБРМ ги намали каматите одпоќе и ќе видиите што ќе се случува како резултат на тоа:
- намалено штедење
- повеќе кредитити(потрошувачки)
- запленувања и ликвидации кога покачувањето на каматите ќе биди неизбежно

2. Инфлацијата ама нема никакви шанси да биди 3%.
8%+ е мнооогу поверојатно.. зошто:
- Дебазирањето на валутите ги подигнува цените на стоките на берзите. Нафтата, житото металите и мн други стоки се веќе со превисоки цени така да ова ќе се рефлектира во финалните производи во 2011.
- Ниските каматни стапки од НБРМ ќе доведат до лесни пари, забрзана кредитна активност, намалено штедње и неизбежна инфлација.
 
Kakov pomak kakvi bakraci. Dodeka ne se trgni vo golemi infrastrukturni proekti nema pomak nitu stranski investicii.
A evi gi sansite:
-Koridorot 10. 50 godini se gradi a nikako da se izgradi
-Koridorot 7
-Zeleznicata kompletna revitalizacija kako infrastrukturata taka i remontot na vozniot park
-Energetska infrastruktura-hidroelektranite vo Mariovo, Sveta Petka na treska, Boskov most, Lukovo pole i kaskadnite hidroelektrani na Vardar

Ova ako se pocni od indnata godina pa i da vidime aber
 
Само да те поправам, Коридорот 8, не 7. :)
 
1. Чиста лага е дека каматите се високи. НБРМ ги намали каматите одпоќе и ќе видиите што ќе се случува како резултат на тоа:
- намалено штедење
- повеќе кредитити(потрошувачки)
- запленувања и ликвидации кога покачувањето на каматите ќе биди неизбежно

2. Инфлацијата ама нема никакви шанси да биди 3%.
8%+ е мнооогу поверојатно.. зошто:
- Дебазирањето на валутите ги подигнува цените на стоките на берзите. Нафтата, житото металите и мн други стоки се веќе со превисоки цени така да ова ќе се рефлектира во финалните производи во 2011.
- Ниските каматни стапки од НБРМ ќе доведат до лесни пари, забрзана кредитна активност, намалено штедње и неизбежна инфлација.

Oвде имаш голема логичка грешка како може пониска каматна стапка да води кон инфлација? Причина е што освен `потрошувачки` ги забораваш `инвестиционите` кредити. Ако имаш пониска каматна стапка ќе имаш повеќе потрошувачки кредити како што и самиот рече. Ако има повеќе кредите ќе има поголема побарувачка е ќе има зголемување на цената само ако има иста понуда на пазарот. Што е невозможно македонија е отворен пазар на краток рок може да има зголемен увоз и мало зголемување на цените но, што ќе се раздвижи домашното производство како резултат на зголемента побарувачка и пониските камати на кредити ќе има пад на цените. Ниски камати на НБРМ се неопходни дури 4% е премногу висока вредност во САД мислам дека 1% а пред некој година беше и 0,5%.
Целта на оваа е раздвужување на домашното производство тоа е најбитно нешто. А еднаш штом ќе тргне после е многу полесно.
 
Види тука е клучната разлика во што веруваш
- ШТЕДЕЊЕ и ИНВЕСТИЦИИ
- Производство или потрошувачка ?
Тука јас верувам во Сејовиот закон на пазарите - се што ќе се произведе се продава (под услов да нема монетарни дисторзии на пазарите). Одтаму штењето е предуслов за развојот, инвестициите, како и производствтоо. Пропозицијата дека со зголемување на трошењето ќе се подобри националната благосостојба за мене е лудост. Единствено нешто што ќе се постигне е зголемување на задолжувањето и илузорен и привремен просперитет. Онај момент кога пазарот повтроно ќе воспоставува еквириблуим меѓу штедњето и инвестициите, лошиот долг ќе мора да се ликвидира а заедно со него и цела ергела индустрии и погрешни инвестиции ќе бидат откриени. Секако долгот може да се ликвидира на различни начини од кој што пак најдеструктивен е со помош на инфлација.

Кај нас за жал пониските каматни стапки значат поголем увоз на возила. Лабавата кредтина политика изминатите годнии не доведе до инвестиции туку го зголеми учеството на потрошувачките кредити до 50%.

Кога ќе ги намалиш каматните стапки прајш две работи: ја зголемуваш потрошувачката и го намалуваш штедењето. Овај вид на развој е неодржлив и нормално колку повеќе го одложуаш толку посилна корекција ќе има.
Се случува и нешто дргуго кога ќе ги намалиш каматните стапки: долгорочните инвестции стануваат попрофитабилни. Но и грешките на овие долгорочни инвестиции се многу поголеми. Пр. куќи, авиони итн итн
Впрочен не е чудно што авио линиите реагираат натпросечно на бизнис циклусите.

Сите овие заклучоци се дел од Австриската економска школа која што има најдобро досие досега за предвидување на кризи и објаснување на истите.

Самото фиксирање на каматните стапки е погрешно. Впрочен порано за време на многу кратките бизнис циклуси каматните стапки растеле и некои економсти заклучиле дека тоа е проблемот. Дека каматните стапки се многу варијабилни и треба да се намали таа варијабилност. Она што не го гледаат е дека уствари тие промени на каматните стапки се во суштина промени во префернциите на штедачите и позајмувачите - нешто што ако го снема од пазарот (како во услови на фиксирање на каматите од ц.б) ќе снема еден од основнтие индикатори за носење правилни бизнис одлуки - вистинските каматните стапки одредени од штедните фондови и побарувачката за заеми. Тоа со време нормално ќе доведе погрешни инвестиции за кои не постојат заштеди и реална побарувачка и сето тоа еден ден ќе заврши во рецесија/депресија.

Светот за жал ги заборави заклучоците од кризите во 70тите и 80тите и повтроно се врати на монетар-кензијанска инфлаторна школа.
 
Интересен муабет. Мене ми е интересен делот дека фиксната и ниската каматна стапка дека ќе донесе некој ден до рецесија. Најверојатно си во право тоа е и основна забелешка на марксистите (најверојатно и едниствено нешто што го разбрале и погодиле). Факт е дека со најверојатно некогаш ниските каматни стапки ќе разултираат со криза во која баш и ќе се нема елегантни решенија. Но сепак кризите се неопходни токму поради тоа да се прочисти пазарот од лоши долгови и неуспешни инвестиции. Кризите се неминовност во моделот кој го имаме сега е е мејнстрим во основа Кензијанизам + Фридман Каплан и компанија се најглавни а и мислам дека се и во право.
Еве најдобар пример е послендат баш таква рецесија кој почна во САД. Немаше да биде никаков проблем да ги остават ако не им дозволат на банките да ги врзат заемите во снопчиња и да ги продаваат на трети странки. Така да неможе да се исчиста од лошите долгови. После тоа се обидоа да ги спасуваат со заеми што предизвика криза на суверени држави. Уште еден малку глупав потег. Кој само ќе го одложи процесот на само подолго време и ќе создаде основа за следната криза да биде побрзо.
Може неминовниот баст-бум циклус изгледа лошо. Но нема докази дека другите модели го избегнуваат тоа или ако го праваат го прават на цена на забавен раст. Австриската школа е одлична и е многу за почитување има големи заслуги за развојот на науката но, основниот проблем е што е премногу теоретска и неможе да докажува тоа емпириски кое го тврди. Така да е напуштена веќе подолго време.
 
Да да да .. Истата таа мејнстим елита тврдеше дека рецесиите исчезнаа.. Епа јас викам токму што почна рецесијата. Сега се што се случува е резултат на кензијанската доктрина.. Лопшиот долг само се претопкува на име на владата која што пак еден ден ќе биде казнета од пазарот на обврзници.. Ирска, Шпанија, итн итн.. Јас го чекеам најголемото: USA. Тукушто почна поточно колапсот на обврзниците во САД. Вгодина најмалце 100% од БДП ќе биди долгот (тоа не го вклучува долгот кој на разни начини е замаскиран .. Social Security е еден пример). Вкупниот долг нефинанскски долг е нешто над 600%+ од БДП така да ова што тврдат дека е заздравување всушност е само одложување на колапсот.

Инаку еден емпирски податок за кризава ... 3/4 од 45те економсти што ја предвидоа кризата беа од АЕШ. Иститие сега тврдат дека ќе има хиперинфлација, пад на доларот, пад на обврзниците на САД, пораст на металите... Никој не ги слуша...
 
Ниски камати на НБРМ се неопходни дури 4% е премногу висока вредност во САД мислам дека 1% а пред некој година беше и 0,5%.

САД ако не се лажам веќе подолго време имаат каматни стапки блиски на 0 т.е. баш 0%.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom