Шпански серии

  • Креатор на темата Креатор на темата baltazar
  • Време на започнување Време на започнување
Ах, детски спомени... :)

Што мислите, која од сестрите умре, односно која е таа која ја гледаме на крајот од серијата ?

И ве молам, одговорете со конкретен одговор, или воопшто не одговарајте.
"Не знам и не ме интересира" не е конкретен одговор.
 
Ах, порано гледав вакви серии(некои што сум успеал да ги запомтам се 'Куќа на 7 жени', 'Ла тормента'), сега кога ќе ги видам на ТВ, ми се крева косата од ужас, имам трауми од премногу гледање на вакви евтини глупости со 80% иста содржина секоја со секоја серија, исто како што сега започна 'турско-индиски евтино-сериски маратон'.
 
Ах, детски спомени... :)

Што мислите, која од сестрите умре, односно која е таа која ја гледаме на крајот од серијата ?

Мое мислење е дека умре Марија Гвадалупе бидејки ја почеша вегата со малото прсте а таа така не правеше...исто така имам и читано за тоа...а и дека ке имало продолжение.
Односно ова е Марија Пола или Паола.
 
^

И јас имам само читано дека ќе имало продолжение, ама серијата е стара 15 години,
и ништо досега од најавите за продолжение.
А и да подготвуваат продолжение, ќе си имаат полни раце работа бидејќи,
по тоа што прочитав, значаен дел од постарите актерки од серијата повеќе не се меѓу живите,
ќе си имаат полни раце работа за да најдат замени, освен ако не планираат во продолжението
да ги има тие ликови (Милагрос, Мерцедес, Фелиса, не се меѓу живите од поодамна).
 
Мое мислење е дека умре Марија Гвадалупе бидејки ја почеша вегата со малото прсте а таа така не правеше...исто така имам и читано за тоа...а и дека ке имало продолжение.
Односно ова е Марија Пола или Паола.

Марија Паола е правилно.
Јас ја немам гледано Lazos de Amor на нашите телевизии кога се емитувала во МК, бидејќи многу мала сум била тогаш, но ја гледав на интернет бидејќи многу луѓе ја фалеа серијава, и навистина се уверив дека е одлична.
Инаку и јас исто така мислам дека Марија Паола остана жива бидејќи нејзин стил беше така со малото прсте да помине по веѓата.
И морам да кажам дека Lucero одлично ги одглуми трите сестри Марии.

--- надополнето ---

За 2 недели на Сител започнува новата латино серија El Clon (Клон) :) , наскоро на Сител очекувајте реклами и промоа за серијава.

image1rl.jpg

А BTW, што бара темава во „Дом и семејство„ , нели темава треба да се премести во Филм и ТВ (Серии) :raz:

^ Моја грешка, наместо за 2 недели сум требала да напишам за 1 недела.
Од идната недела (најверојатно во четврток) на Сител започнува El Clon
 
И еве ја официјална реклама (промо) за теленовелата Клон (El Clon) која што ќе започне во четврток (21 април)

- Диабло (Mas sabe el Diablo) на Сител за 2 недели ќе заврши,

Aбе ај,а Џими Кардона?:( кај ке го гледам,му го имам меракот...еј да знае што му мислам :vozbud:

Туку шпанската верзија на Клон...ке биде иста ко онаа бразилската?Ако е не планирам да гледам.
 
Aбе ај,а Џими Кардона?:( кај ке го гледам,му го имам меракот...еј да знае што му мислам :vozbud:

Туку шпанската верзија на Клон...ке биде иста ко онаа бразилската?Ако е не планирам да гледам.

Па најверојатно ќе биде иста бидејќи е римејк.
Јас не ја гледав оригиналната бразилска верзија, но оваа латиноамериканската со сигурност 100% ќе ја гледам бидејќи чув многу позитивни коментари за серијата и плус на шпански се збори во неа, а во претходната бразилска верзија се збореше на португалски јазик а мене не ми е баш пријатен тој јазик за уво.
Се предвидува дека оваа серија ќе има голем успех во МК бидејќи е доста квалитетна и убава, а и на луѓето веќе им здосади од турските и индиските серии.
 
Хаха, баш беше закон.
Жаџе! xD
 
Ти препорачувам да ја гледаш Бразилската верзија,дел се снимаше во Рио Де Жанеиро.Имаше многу убави места за прикажување а посебно глумата беше многу погодена,глумците беа добро средени.Абе што не...
Уствари сакам да кажам дека оригиналот е секогаш подобар.Јас и да ја дават повторно ке ја гледам бидејки сакам да го научам португалскиот јазик кој што кажа Исак Кејтен дека е баш интересен.За во Македонија дали ке биде успешна не сум сигурна бидејки е веке видено нешто.Ај да има неколку промени.Можеби ке ја гледам.
Не сакам да заврши Диаблоооооооооооо :(
 
Aбе ај,а Џими Кардона?:( кај ке го гледам,му го имам меракот...еј да знае што му мислам :vozbud:

Еее, и јас се чувствував исто како тебе кога заврши Одмаздничка (La Venganza) со Габриела Спаник,
што ја даваа на СкајНет, таму негде 2002 или 2003.

Ми недостигаше Франки, закон тип, гангстер прва класа, уживав да го гледам, тој ми беше најомилениот лик од целата серија.
 
Поради големата заинтересираност и големите апели што се упатуваа кон Сител за да се промени терминот бидејќи првично требаше да се емитува во 09 наутро, и бидејќи е премногу рано за ваква мегапопуларна серија, Сител ги прифатија молбите на гледачите.
Терминот е променет и серијата дефинитивно почнува во четврток во 17 часот .

Според досегашните позитивни критики и нестрпливоста на гледачите да почне Клон, се очекува дека серијата ќе направи вистински БУМ во Македонија.

Јас како и многумина сум пресреќна што ни доаѓа нова латино серија и обавезно ќе ја гледам, бидејќи насекаде досега каде што се има емитувано има постигнато голем успех и многу позитивни критики.

Еве го и новото промо, и не ја пропуштајте бидејќи е навистина одлична :wub:

абе какви шпански серии демоде сте сите до еден. сеа се у мода турски серии! бидете у тренд со времево не бидете заостанати со модава :) денес ако не гледаш некоја турска серија те гледаат со поинакви очи : )
 
Колку и да се трудам да ве разберам со серииве, не ми иде.
 
абе какви шпански серии демоде сте сите до еден. сеа се у мода турски серии! бидете у тренд со времево не бидете заостанати со модава :) денес ако не гледаш некоја турска серија те гледаат со поинакви очи : )

Верувај на луѓето веќе им здосадија турските и индиските серии (единствено Лисјата се така хит од турските серии) многу луѓе се радосни поради тоа што латино сериите повторно се враќаат на малите екрани, има голема фама околу Клон бидејќи во МК од поодамна се нема емитувано латино серија (единствена на Сител беше Диабло која што за 1 недела ќе заврши).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom