Од бирократијата не фаќа ДОКУМЕНТОЗА

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
bureaucrats.jpg


Можеби една од главните причини зошто македонците едноставното одење по тротоар го прават со намрштена фаца и загноена душа е документозата, причината за свиркањето пцуењето скокањто тотоари и пешачки и повремените удирања по хауба или нечиј прозор можебеби не е собракајниот метеж туку повторно документозата. одсуството на оваа болест во заподноевропските земји предизвикува насмевка и лесен живот, можеби документозата е глвната причина за емигрирањето на секој разумен и малку похрабар Македонец.

што е документоза? - збирот на неспособни партиско паразитски џаболебари сместени во државните јасли задолжени да ви загорчат животот и да ве натераат да си ја замразите сопствената земја и живот. со други зборови огледало на функционирањето на државата.


пишете по некој интересен пример и ваше искуство однсосно борба со оваа болест





За да завршиш посложена работа со администрацијата треба да земеш лажно боледување од работното место, кое и не мора да биде толку лажно, со оглед на загубените нерви




„Целта на бирократијата е да ги надомести незнаењето и недостигот од дисциплина, проблем што исчезнува ако вистинските луѓе се на вистинските места. Но повеќето компании ги градат своите бирократски правила за да го управуваат малиот процент погрешни луѓе, поради што вистинските луѓе се тргаат настрана, па се зголемува процентот на погрешни луѓе, за кои е потребно повеќе бирократија за да се управува со нивното незнаење и недисциплина. Тоа уште повеќе ги оттурнува вистинските луѓе итн.“.

Овој опис на бирократијата од американскиот автор Џим Колинс речиси целосно се вклопува во сликата за нашата државна администрација. Пократок, но уште попрецизен бил неговиот колега Џон Кенет Галбрајт, кога рекол „ќе утврдите дека државата е организација што иако големите работи ги извршува лошо, и малите работи ги извршува еднакво лошо“.

И велшкиот лабуристички политичар Анеурин Беван се шегувал со бирократијата и со нејзините жртви, велејќи „кутар човек, страда од документоза“.

Во земјава речиси нема полнолетен граѓанин што барем еднаш не излегол нервозен од државна институција, затоа што се заплеткал во лавиринти или не можел да заврши работа поради некоја апсурдна причина. Дури и кога сé ќе се заврши добро, тоа значи загубен ден од работа или од одмор, а понекогаш е потребно и лажно пријавено боледување за да се завршат некои посложени предмети со администрацијата. Тоа и не мора да биде толку лажно, со оглед на загубените нерви.

Еве само некои проблеми и апсурдите со кои се среќаваат граѓаните кога имаат работа со државните служби.


Ќе ти остари станот додека ја испопријавиш адресата


Селењето никогаш не е едноставна работа. Откако ќе заврши полесниот дел (преместувањето на сиот мебел и покуќнина од точката А во точката Б и неговото распоредување за да биде во функција), следуваат десетиците постапки за да им се соопшти новата адреса на сите што треба да ја знаат. Меѓу сите фирми и институции што ни носат струја, вода, телефон, кабелска телевизија, тука е и Министерството за внатрешни работи, од каде што треба да се земат нови лични документи, поради промената на живеалиштето. За сите нив, односно за личната карта, пасошот и за возачката дозвола, треба да се истераат посебни процедури, без разлика што ги издава една институција. Не може сé заедно.

- Што се однесува до МВР, нам ни е доволно само да ни се пријави новата адреса за да ја имаме во нашиот систем. Но за доброто на граѓанинот е неа да си ја вметне во сите други документи, како пасошот или возачката дозвола. Од безбедносни причини, не може сето тоа да се заврши со една процедура. Базите на податоци за сите документи се одвоени - објаснува Иво Котевски, портпаролот на Министерството.


УЈП фрла крап за да фати рипче


Секој мора да плати данок и не смее да и должи ниту денар на државата. Тоа „ниту денар“ доследно се почитува во Управата за јавни приходи. Многу граѓани откако ќе поднесат годишна даночна пријава добиваат даночни решенија дека должат по еден, два или три денари. Тоа се доставува преку „Македонска пошта“, чија најевтина услуга за испраќање писмо чини 18 денари. Должникот, пак, за да уплати денар треба да плати уште 15 денари за уплатницата, а ако нема пошта или банка во близината на домот, ќе потроши уште барем 50 денари за градски превоз.

- Како што граѓаните имаат обврска да поднесат годишна даночна пријава, така и ние имаме обврска да им доставиме решение ако не го платиле целиот данок. Сумите можеби се денар или два во едни решенија, но во други се поголеми. Сé зависи од случај до случај. Се пресметува разликата меѓу пријавениот приход и платениот данок. Таква е процедурата - образложуваат од УЈП.


Четири Чекања за една услуга


Редиците се првата асоцијација за администрацијата, иако во некои установи чии ходници порано личеа на депоа за товарни возови се направија реформи и се намали метежот. Но не секаде. За повеќе услуги граѓанинот треба да чека на ред четири пати. Првиот пат, за да земе барање и податоци што и каде да уплати. Понекогаш тие пред него ќе се смилуваат и ќе го пуштаат преку ред за таа работа, но тоа е прашање на среќата. Потоа се чека во најблиската пошта или банка за да се уплати. Тоа обично трае најдолго, затоа што во тие места се собираат барателите од сите шалтери. Третиот пат се чека за да се поднесе пополнетото барање со заверената уплатница. И четвртото чекање е за да се земе документот што граѓанинот барал да му се издаде.


Треба да платиш и за да бидеш совесен


Ова најчесто се однесува на локалните власти, односно на работите што се во нивниот делокруг, како на пример градењето на диво. Граѓаните што се сомневаат дека нивниот сосед или некој друг нема исправна документација за градежните работи што ги изведува, треба да го пријават тоа во соодветната служба на својата општина. Таа, пак, за оваа информација ќе им наплати административна такса од 50 денари.

Постапката предизвикува револт кај луѓето, не толку поради обврската да се плати, туку бидејќи треба да губат половина работен ден за да чекаат во ред во пошта или во банка за да уплатат, а потоа да се вратат и да го поднесат барањето, сé со цел да и помогнат на општината. Реагираат и бидејќи се бара поднесувачот да ги запише своите лични податоци, што би значело дека инвеститорот, во случај да биде запрен во градењето, ќе може да дознае кој го пријавил.

Но и општините си имаат свое објаснување за тоа. Тие одговараат дека не може да се проверуваат анонимни повици, затоа што тоа оставало големи можности за злоупотреби. Што се однесува до податоците на пријавувачите, гарантираат дека ги чуваат во тајност.


И инвалидите треба да докажат дека не се богатат


Секоја година мора да се поднесе ново барање за социјална помош, за да се види дека примачот не почнал да заработува пари. Ова важи за сите, па дури и за тие со многу ограничена способност за заработување, како телесните инвалиди.

Таква е судбината на човек на кого му се извадени двата бубрега и кој оди на дијализа. Секоја година тој треба да земе потврда од УЈП дека не остварува приход, од Катастарот дека нема имот и уште многу документи за државата да продолжи да му исплатува по неполни 3.000 денари месечно. Реагирал, но постојано му објаснувале дека така морало да биде, бидејќи без разлика што не можел да работи физичка работа, можел да заработува на други начини, на пример со вложување.

- Се плашат случајно да не решам еден месец да не јадам леб и да не купувам лекови, за да ги вложам сите 2.800 денари на берзата, па тие да станат 280 милиони, а јас пак да барам социјална помош - револтирано вели тој.


Се во еден кош, и сувото и суровото


Турканици на шалтерите сé уште има, пред сé во институции како Агенцијата за катастар. Трансформацијата на земјиштето, откупот на дворните места и повеќе други актуелни процеси што ги турка државата одат низ оваа институција. Таму, како и на повеќе други места, шалтерското работење е уредено според системот „земи бројче“, па странките чекаат на дисплејот да се појави нивниот број за да отидат на соодветниот шалтер.

Но бројчињата во некои институции значат и редослед за постапување според барањата, без разлика колку едноставни, односно сложени се тие. Една скопјанка се пожали дека имала мошне едноставно барање до Катастарот, да и издаде имотен лист, нешто што би можело да се заврши за еден ден. Но нејзиниот предмет бил заглавен зад неколку што барале повеќе ангажмани од администрацијата, па затоа морала да чека со недели.


Гради ако немаш нафта под плацот


Одамна е познато дека локалните власти недоволно си го познаваат подземјето. Не фигуративното подземје, туку тоа што навистина се наоѓа под неколку слоја земја, односно инсталациите што ни ги овозможуваат сите удобности на современиот живот. Немаат прецизни податоци за тоа каде точно поминуваат каблите за струја, цевките за вода и за канализација и слично.

Затоа, кога некој сака да гради куќа или зграда, треба самиот да обезбеди потврди од сите фирми што стопанисуваат со инсталациите дека ништо не поминува под неговиот планиран објект, па дури и за цевки какви што нема во земјава, односно за нафтовод.

Еве што пишува во точката 9 од барањата за градежна дозвола:

„Потврди, известувања или услови од јавно претпријатие и акционерско друштво (водовод, канализација, електроенергетски инсталации и објекти, телекомуникациски инсталации и објекти), Министерство за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Министерство за економија (нафтоводи и продуктоводи), ГА-МА (гасоводна мрежа и објекти), за непостоење на изведени и планирани инсталации и објекти на локацијата на која ќе се гради или условите под кои може да се гради“.


Починала во болница, изнесете ја како жива


Кога некој ќе почине во болница, тоа сé уште се доживува како голем проблем. Освен што семејството треба да чека додека да му го предадат починатиот член, тоа ќе биде изложено и на многу поголеми трошоци од вообичаените, пред сé за превоз до капела.

Се прераскажува анегдотата дека некоја старица починала со отпусната листа во раката, додека ги чекала домашните да ја земат од болницата и да ја однесат да си умре дома. Докторот што ја констатирал смртта му бил пријател на семејството, па им препорачал веднаш да ја сместат во автомобил и да ја изнесат од Клиничкиот центар божем е жива, додека сé уште имало време за тоа.


Сите имаат Интернет, ај и ние


Интернет-страниците на државните институции се претежно информативни, со најновите вести за тоа што направиле министрите, директорите и слично. Многу од нив немаат доволно практични информации што би им биле потребни на граѓаните, со некои исклучоци како Министерството за внатрешни работи, каде што детално се опишува како да се дојде до секој документ што тие го издаваат и што треба да се поднесе.

Затоа, пак, на страницата на Министерството за образование и наука не може да се најде процедурата за запишување дете во прво одделение во основно училиште. За тоа треба да прашате во најблиското училиште, да се информирате од некој пријател што претходно запишал ученик или да читате цел закон. Но ги има сите информации од вестите, за камен-темелниците на училиштата, за предавањето на учебниците и за прес-конференциите што ги одржал министерот Никола Тодоров. Ваква е состојбата со повеќето министерства, не само со ова.

Постои посебна интернет-страница њњњ.услуги.гов.мк, на која се опишани повеќето услуги што ги даваат државните служби, постапките како да се добијат тие, а понекогаш има и готови формулари што можат да се испечатат. Но и таму нема сé. На пример, во делот за фондовите за пензиско и за здравствено осигурување, едни од најексплоатираните шалтерски институции, нема никаков опис, како тие да не нудат ниту една директна услуга.


Кај доаѓаш со 500 денари!?


Иако повеќето установи се преориентираа на плаќање со уплатници, дури и кога станува збор за уплати од само 50 денари, кешот сé уште не е целосно исфрлен од јавниот сектор. Тоа е најочигледно во клиничките болници, каде што за речиси секоја услуга се дава сино картонче и се доплаќа некоја сума. Но тамошните вработени на шалтерите, и покрај тоа што работат со стотици, па и со илјадници странки секој ден, никогаш немаат доволно ситни пари за да вратат кусур. Но тие никогаш не се виновни поради таквата организација, туку пациентите, кои требало да претпостават колку би чинела услугата и да подготват точен износ.

„Кај најде да ми доаѓаш со 500 денари? Немаш ли точно 350? Од каде сега да најдам за да ти вратам кусур? Сега треба да чекаш додека некој не ми плати со ситни пари, за да ти вратам. Нека ти остане книшката овде, ти седи во ходникот, ќе те викнам кога ќе соберам 150 денари“.

Вакви и слични кратки монолози често може да се слушнат од шалтерите на клиниките.
 
Рекле за бирократијата
„Бирократијата е смрт за секоја здрава работа.“
Алберт Ајнштајн, најпознатиот физичар

„Бирократијата е уметност за можното да се направи невозможно.“
Хавиер Паскал Сауседо, мислител

„За бирократите, процедурата значи сe, а исходот ништо.“
Томас Совел, економист

„Ако грешиш, згреши му на Бога, не на бирократијата. Бог простува.“
Хајман Џ. Риковер, поранешен американски адмирал

„Ниедна влада не се намалува своеволно. Кога ќе почне некоја владина програма, таа не исчезнува. Всушност, владино биро е најблискиот облик на бесмртен живот што ќе го видиме некогаш на Земјата.“
Роналд Реган, поранешен американски претседател
 
Астерикс и Обеликс и цртанот на моето детство следува сцената за местото од кое се полудува :icon_lol::

 
Не прашувај што можеш ти да направиш за државата,прашај се што државата може да направи од тебе,а другите кој ги xxxxxxxxx.

Бирократ со машна кравата
 
Бирократијата е големо зло.
Тој факт е непобитен.

Но луѓето ја сакаат бирократијата и служат и плаќаат.
Овде бирократијата вработува далеку најмогу луѓе,најголем процент од вработувањата се баш во бирократските структури.
Ниеден сектор ни од далеку по бројност не може да се мери со бирократијата.
Значи рајата колку и да мрчи,сепак ја обожава бирократијата.

Генерации и генерации овдешни луѓе,учат чколии и дипломираат со една мисла,едно мото кое ги држи и води напред - дека еден ден ќе се вработат на државна цицка.

Друг дел од луѓето пати под теретот на наметите.
Но иако тие намети се наголемуваат постојано низ годините,истите оние кои се погодени од тоа никогаш не се бунат,никогаш не прават ништо туку мирно,покорно и понижувачки си продолжуваат по старо.

Why !?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom