Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не се жалам од играчи ко Сака, Вилок, Нкетиа никогаш, ама не можам бе да не хејтам некои говеда ко Давид Луиз, Мустафи и компанија, кои се очекува да се столбови на тимот, да имаат најтрезвени глави и да се сигурни искусни играчи. Овие се тотално спротивното, дај продади се, напуни цел тим деца и готово, 25 натпревари по ред немаме победа на гости, од 2015... Од ова нема полошо, подобро ремонт на тимот, од старт да почне да се гради, отколку вакви играчи ко Луиз да се носат секоја година. Не е засилување, ослабнување е...
 

Се огласи шефот
Никогаш не сме имале проблем со средината како што имаме сега, секогаш или одбраната или нападот бил проблем (во последниве 15 години), ама барем сме имале креативност во средината, сега тоа ни е 0. Греота е стварно вака Обамејанг да скапува, и сосема е разбирливо ако сака да си замине, секој би сакал. Подобро Лаказет да игра амф, барем си имаат кохезија со Обамејанг сме ги виделе многу пати како соработуваат, а и креативен е, нема никаква поента едниот да не игра другиот да игра, или Оба да е крило или пак Лаказет да е најистурен со ваква форма.
 
Пабло Мари убаво се повредил, го нема до крај на сезона, сигурно плус од тоа ако го потпишеме за стално (се надевам нема).

Искрено, не би зардржал ниеден од централните дефанзивци во тимот моментално, да има некој начин од сите би се отерасил. А не се малку:
Мустафи, Луиз, Сократис, Холдинг, Чемберс, Мари и Мавропанос.

Салиба тек треба да дојде, нему ќе му се дад шанса.
 
Потребен е комплетен ремонт во тимот, ама немам доверба во Раул и Еду да го спроведат, не ми е јасно кога ќе се активира Кронки, ако не стариот, барем Џош, да ги преиспита луѓето кој ги носат одлуките, клубот губе невидени пари и оде у провајлија, до кога вака, чинам не им е сеедно ? :unsure:

Непопуларно мислење, Венгер да го вратиме, во управа место Раул ?
Автоматски споено мислење:

:facepalm:
 
Последно уредено:
Emerysque постмеч прес имаше Артета... Не му се сменило мислењето за Луиз дека сакал да остане, убаво ме играле
Пабло Мари убаво се повредил, го нема до крај на сезона, сигурно плус од тоа ако го потпишеме за стално (се надевам нема).

Салиба тек треба да дојде, нему ќе му се дад шанса.

Оти се надеваш нема? Баш ме интересира. Јас до сега и тоа малце што го видов од него ми се допаѓа, плус ефтино ќе биде. И не знам дали очекуваш 5 штопера да земеме, да не се заебеш со такви очекувања :D
 
Катастрофа сме со повредите. Најдобро нешто е да се заврши сезонава без да земеме учество во ЛЕ, па наредна сезона Артета да има доволно време да ги уигра младинците. Единствен проблем ќе се финансиите што колку толку се добиваат од ЛЕ, но на долгорочен план подобро е да се фокусира кон идните наши ѕвезди. А и многу полесно ќе му биде да се подготвува по 5-6 дена за еден натпревар. Исто така ќе нема толку многу повреди.
 
Изгледа сме го потпишале Мари перманентно.
 
Изгледа сме го потпишале Мари перманентно.

Џабе фрлени пари ќе бидат за овој ,уште еден просек кој ќе се мачиме да го продадеме наредните 3-4 години.
Квантитет на централни дефанзивци имаме, проблемот е квалитет, на сите пари дадени на разни Мариња, Луизи и Сократиси, ќе земевме еден екстра класа играч.
 
Џабе фрлени пари ќе бидат за овој ,уште еден просек кој ќе се мачиме да го продадеме наредните 3-4 години.
Квантитет на централни дефанзивци имаме, проблемот е квалитет, на сите пари дадени на разни Мариња, Луизи и Сократиси, ќе земевме еден екстра класа играч.
Како заклучи дека е просек? Има само 1 натпревар изиграно за нас. 9/10 му беше рејтингот на тој натпревар.
 
Не е име и не е 50м, е така е заклучено
Како заклучи дека е просек? Има само 1 натпревар изиграно за нас. 9/10 му беше рејтингот на тој натпревар.
Не баш, Мари е спор играч, ние сакаме да играме висока поставеност на одбраната, дефинитивно не е решение, висока оцена од еден натпревар против второлигаш не е показател за квалитет, во ПЛ исто чинам дека примавме гол откако го претрча играч, испадна на висока одбрана ...

Ако ништо друго може ова значи Луиз нема да добие нов договор, според шпекулациите барал вампирот нов двегодишен со иста плата.... :facepalm:

Артета ако прифате носење на вакви ботови како Седрик, Луиз, Мари, не му се пише арно.
 
Ќе видиме, може грешам за Мари, но за жал мислам дека ќе испаднам во право.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom