Подобар шофер?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Имаше ваква тема, која ја заклучив затоа што имаше многу и вакви и такви коментари. Бидејќи не знам кој водеше ќе поставам гласање сега, да видиме како оди тоа во бројки:icon_lol:
Мажите.Точно е дека не зависи од полот ,но тука претпоставувам не се мисли на поединци, а генерално земено мислам дека мажите се подобри возачи поради повеќе причини кои ме мрзи да ги наведувам.
 
Мажите се по спретни и по брзо реагираат во зафркати ситуации за разлика од повеќето жени шо одма "креват" раци или паничат. Има исклучоци жени кои возат како шумахер ама ретки се.
 
Според мене генерално машките возат подобро затоа што како што кажа Пепси женските обично паничат во такви ситуации, а и од тоа што сум видела многу подобро паркираат.
 
Најдете шофер како мајка ми, па зборувајте.
Сум се возела со многу луѓе ( и тркачи многу) уште не сум начекала некој побрзо, а во исто време и побезбедно од неа да вози :)
 
никој не може да каже дека жената вози подобро од мажот.
мажот ја има храброста не паничи колку жената што паничи.
кога вози жената со поголема брзина и кога ке и испадне пешак на пешачки премин ке нема да знае што да прави дали да дава на гаста дали кумплуг да стисне дали да кочи ..лол женска паника..
 
Ако се споредувам себе си, тогаш мажите се за орден во возење :icon_lol:
 
Ако се споредувам себе си, тогаш мажите се за орден во возење :icon_lol:
А тек за паркирање :pos:
Вака кога ќе подразмислам, не сум сигурна дали тоа до некаде им е наметнато на жените однапред уште пред да почнат да учат дека не знаат да возат, па си тргнуваат со комплекс или природно се најчесто малце без компас.
Иако, од друга страна, познавам жени што возат одлично, ама факт е дека се ретки. Или и да возат добро, паркирањето им е ужас (како авторот на постов) :pipi:
 
А тек за паркирање :pos:
Вака кога ќе подразмислам, не сум сигурна дали тоа до некаде им е наметнато на жените однапред уште пред да почнат да учат дека не знаат да возат, па си тргнуваат со комплекс или природно се најчесто малце без компас.
Иако, од друга страна, познавам жени што возат одлично, ама факт е дека се ретки. Или и да возат добро, паркирањето им е ужас (како авторот на постов) :pipi:

Само да ме гледаш од некоја страна како излагам од паркинг или како влегувам. Често пати знам и да замолам некој да ми ја извади колата или да ја оставам на улица. Никогаш нема да научам да паркирам.
 
Возам перфектно, сериозно. И паркирање исто. Да не се фалам сама :icon_lol:, го повикувам Тончи да каже, од форумџииве, него го имам возено (со кола де :icon_lol:).

Едит: Факт е дека генерално мажите се многу подобри возачи од жените, мислам и научно докажаа зошто е тоа така. И јас сама штом видам жена возач, бегам.
 
Возењето нема никаква врска со полот и интелегенцијата, ТУКУ СО МЕНТАЛИТЕТОТ И СТЕПЕНОТ НА РАЗВИЕНОСТ НА ЕДНО ОПШТЕСТВО.Македонија е сеуште длабоко конзервативна и патријахална средина.Кај нас уште од мали постои поделеност на машки и женски работи.Женските се играат со барбики и се учат да шијат ,мијат садови и перат,а машките да возат автомобили,мотори,да играат фудбал,да пукаат со пиштоли,да водат бизнис и ред други работи.За да бидеш во нешто добар треба да имаш и љубов спрема тоа,а најголем дел од жените во Македонија немаат никаква љубов спрема автомобили ,затоа што од мали нозе впиваат од средината дека тоа е МАШКА ПРОФЕСИЈА и пасија.Кај нас многу девојчиња потсвесно се воспитуваат дека нивното место не е позади воланот ,туку до совозачот.Голем дел девојчиња полагаат,а после никогаш не седнуваат позади волан,а се заради тоа што шовинисти им набиле комплекси дека не се за волан.Поради конзервативноста на средината жените во Македонија се застапени во многу мал дел во сообраќајот.

Кој ве лаже тоа дека мажите се подобри шофери од жените?Така најчесто размислуваат 99% од форумот ,затоа што никој од нив не мрднал подалеку од Табановце цел живот.Немора да одите воопшто далеку во Европа доволно е само да отидете во една Софија и да видите колку само голем број жени возат трамваи,автобуси,камиони и комбиња,а за таксисти да не правиме муабет.Јас кога бев во Софија за 10 дена видов преку 10 тина Бугарки што возеа трамвај и како за чудо немаше никакви сообраќајки или фамозни сообраќајки;).За таксистки и жени што возат автобуси да не правиме муабет.Ги има колку сакаш.Во Македонија има ли жени што возат автобус или такси?;)

Да не одиме во Германија,Австрија,Британија,Скандинавија и други модерни општества.Таму имааааааааашшшшшш колку сакаш жени што возат комбиња и автобуси за фирми.И нема никакви сообраќајки,жртви и слично.По аеродроми работат полно жени пилоти .Во 2001 година хелихоптерите ми-24 ги возеа две Украинки:)Во Австрија додека престојував запознав 10-тина жени МОЛЕРИ што работат без никакви комплекси и тоа многу успешни.Дали во Македонија има жени МОЛЕРКИ?

Очекувате ли од жените во Саудиска Арабија да се добри шофери кога од старт им се забранува да возат и се дискриминирани?Колку жените во Саудиска Арабија може да се добри возачи,научници,физичари,докторки кога таму кај нив сеуште им е забрането да гласаат,а штом немаш кој да те штити и да се бори за твоите права неможеш ни да мрднеш.Колку Албанки од Македонија познавате да возат автомобили?Има поединки,но тој број е мизерно низок скоро и да непостои.До вчера не им даваа да излегуваат и да одат во школо,а не па да возат автомобили;)Колку Ромки има што возат автомобили?Свесни ли сте колку има традицијата,патријахалноста и културата влијание врз нечија свест кога од самиот старт те дискриминираат.

На интернет ќе сретнеме полно клипови од паркирања на жени,но ако почнеме да ставаме клипови и исечоци од црна хроника каде што поради незнање,невнимателност,пијана состојба на мажите погинале цели семејства ќе нема крај.
Точно дека моментално на глобално ниво мажите се многу повеќе застапени во сообраќајот и подобро го владеат автомобилот,но тоа е затоа што до пред 15-20 години возењето се сметаше за строго МАШКИ ЗАНАТ и на многу жени не им беше дозволено поради семејни традиции да бидат позади воланот.Јас околу мене познавам неколку жени што ужасно лошо возат,но познавам и неколку жени што се страшно подобри шофери од мене:(.

Добар шофер не е оној што вози 150 или што паркира кола,туку добар шофер е КУЛТУРЕН ШОФЕР и дисциплиниран во сообраќајот,а тоа жените се далеку подобри.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom