Што ако...?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Што ако...? What if...?

Дали сте од луѓето кои често размислуваат за она што поминало/што го пропуштиле со помислата што ако... или сте од оние кои кога еднаш нешто ќе помине веќе не се вртат назад?

Колку од вас си го поставиле прашањето: “Што ако тој/таа е мојата права љубов, а јас го/ја испуштив од раце?“ или “Што ќе беше ако никогаш не го/ја запознаев?“ или било кое прашање кое започнува со “Што ако...?“

Колку е болно според вас така да се чепкаат рани?

Како да се избега од тоа прашање?
И на крај краева, може ли воопшто да се избега од тоа прашање?

И за крај... дали и колку е тоа продуктивно за самиот човек да се враќа назад и да си прави филмови што би било - кога би било?
Јас мислам дека секој од нас некогаш и го има поставено ова прашање за било која работа, не мора да се работи стриктно за љубовта.
Мислам дека тоа го правиме заради некаква надеж или да наречам "моментално задоволство" со кое во тие 1-2 минути правиме моментот да ни биде поубав отколку што е (по наши критериуми секако :) ).
За "чепкањето" стари рани, мислам дека тоа е само минливо чуство и дека тие привидни рани минуваат по извесен период (освен ако тој што пати не е некој забеган поет па заради љубовта живее изолиран у планина опкружен со диви животињи и шише ракија :) ), а за бегањето...па би одговорил слично на веќе напишаното- ако се случило нешто па сега веќе тој што го поставува прашањево го нема, тогаш мислам дека со текот на времето ќе заборави се, и во староста, ќе му остане како еден убав спомен на неговата/нејзината мината младост.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom