М2 Потрага по Звезда

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
за Идол е земена лиценца а М2 е 100% македонски производ што значи почната уште кога Идол сеуште не беше актуелен кај нас

И шо има везе? коа од почеток до крај има македонци? Лиценцата е странска? незнам која промена ви ја прави тоа?
 
И шо има везе? коа од почеток до крај има македонци? Лиценцата е странска? незнам која промена ви ја прави тоа?

Прави промена ако има местенка или па да се деси некој скандал во Идол може да им се одземе лиценцата а ако има местенка и сканалд во М2 они пак ќе си тераат:tv:
 
Потрага по ѕвезда на М2 - сите детали!
D95D125EA6777C45A29FE48A949DB94D.jpg

Музичката продукција М2 во соработка со T-Mobile организира нов циклус на Потрага по ѕвезда. Овој оригинален музички проект им пружа уникатна можност на младите анонимни музички таленти ширум Македонија да го покажат својот квалитет и да изградат успешна кариера во иднина.

Проектот Потрага по ѕвезда, во изминатите години, им го оствари сонот на многу млади лица кои станаа успешни и докажани имиња на македонската музичка сцена како што се: Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Александра Пилева, Туна, 4 Плеј, Бојана Атанасовска...

Нашето досегашно повеќегодишно искуство од реализирање на овој оригинален, автентичен и чисто македонски продукт е повеќе од позитивно, затоа решивме да ја организираме повтроно и оваа година. Во досегашните аудициите на М2 продукција продефилираа околу 12.000 млади момчиња и девојки, а од нив М2 ги одбра најталентираните и им даде единствена шанса да станат вистински музички ѕвезди.

Со гордост констатираме дека денес значаен дел од популарните пеачи на македонската естрада на еден или друг начин биле или сеуште се поврзани со М2 продукција. Овие податоци говортат дека М2 Продукција практично преставува најголемиот генератор на македонската популарна музика денес кај нас - изјави на денешната прес-конференција Иво Јанкоски, менаџер на М2 продукција.


1076C91375ECB842BC40280EFE6367A2.jpg

Т-Мобиле со задоволство се вклучува и ја поддржува реализацијата на оваа оригинална идеја Потрага по ѕвезда. На ова не гледаме само како проект и потрага по ново име, но повеќе како можност за остварување на сонот на некој млад човек да стане нова ѕвезда на нашата музичка естрада. Преку Потрага по ѕвезда младите ширум цела Македонија ќе имаат можност не само да го покажат својот талент и да се натпреваруваат, туку истовремено и да се забавуваат и споделуваат прекрасни моменти за паметење, што всушност претставува и клучен елемент од нашето бренд ветување Сподели доживувања - изјави Жарко Луковски, извршен директор на T-Mobile.

М2 продукцијата и T-Mobile ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат талент за музика да се пријават и да учествуваат во најголемата аудиција за потрага по нова ѕвезда, која ќе ја збогати македонската музичка сцена.

Пријавувањето за аудиција започнува од 12-ти ноември 2010-та. Сите заинтересирани за учество можат да се пријават за аудиција со испраќање на СМС порака на телефонскиот број 070 142 515.

Аудициите ќе се одвиваат во неколку градови:

Охрид - Хотел Силекс (26.11.2010),

Скопје - СЦ Борис Трајковски (27.11.2010),

Битола - Дом на Култура (28.11.2010),

Струмица - Дом на Култура (3.12.2010),

Штип - Дом на Култура (04.12.2010) и

Тетово - Дом на Култура (05.12.2010)

Финалната вечер ќе се одржи во месец Февруари 2011 година во Скопје. Во финалето ќе влезат 10 кандидати, кои ќе настапат со нови оригинални композиции под продуцентската палка на Дарко Димитров.

Победникот, кој ќе освои најголем број на гласови испратени по СМС пораки, ќе потпише договор со М2 и ќе сними албум и видео-спотови.

Целиот процес на оваа потрага по нова ѕвезда ќе биде снимен и релизиран од Томато продукција, а ќе се емитува на Сител телевизија.

Дополнителни информации за проектот

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават на аудиција со испраќање на СМС порака на телефонскиот број 070 142 515 веднаш со текст име и презиме, тараба, град во кој ќе се појават на аудицијата. Пријавувњето преку СМС се однесува само за мрежата на Т-Мобиле.

Воедно им даваме можност на сите оние кои од било која причина не се пријавиле претходно, можат да се појават директно на самата аудиција во градот каде сакаат да настапат.

Овој пат не ставаме старосни граници, т.е. можат да се пријават сите заинтересирани кандидати без разлика на својата возраст.

Избор: Од сите пријавени по пат на селекција ќе стигнеме до 10-те финалисти кои ќе ги видиме на Финалната вечер во Скопје, каде ќе настапат со сосема нови оригинални песни копмпонирани специјално за секого од нив поединечно.

Сите композиции ќе бидат под продуцентската палка на Дарко Димитров.

Победникот како награда ќе потпише договор со М2 продукција по што следува негов албум и градење на кариера.

Целиот процес на оваа потрага по нова ѕзвезда ќе биде снимен и релизиран од Томато продукција, а ќе се емитува на Сител Телевизија и тоа во следните термини:

Од 23 Ноември до крајот на Февруари 2011 г. секој вторник, среда и петок со почеток во 19 ч. ќе се емитуваат 15 минутни емисии, а секој ден недела ќе одиме со долг шоу во вечерен термин.

Аудиции: Нашата нова и до сега најголема потрага по ѕвезда ќе почне со аудиции во 6 градови низ Македонија и тоа:

во Охрид - Хотел Силекс на 26.11.2010 во 17 часот

Скопје - СЦ Борис Трајковски на 27.11.2010 во 12 часот

Битола - Дом на Култура на 28.11.2010 во 12 часот

Струмица - Дом на Култура на 3.12.2010 во 17 часот

Штип - Дом на Култура на 04.12.2010 во 12 часот и

Тетово - Дом на Култура на 05.12.2010 во 10 часот

Информации за М2 Продукција

Во досегашните аудициите на М2 продукција продефилираа околу 12 000 млади момчиња и девојки, а од нив М2 ги одбра најталентираните и им даде единствена ШАНСА да станат вистински музички ѕвезди.

Во текот на нашето осумгодишно постоење го направиваме следното:

- 4 потраги по ѕвезди,

- продуциравме и издадовме 15 нови албуми

- создадовме продуциравме над 140 нови македонски песни

- снимивме над 80 видео клипови

Затоа гордост констатираме дека денес значаен дел од популарните пеачи на македонската естрада на еден или друг начин биле или сеуште се поврзани со М2 продукција.

Со овие аргументи М2 продукција и практично преставува најголемиот генератор на македонската популарна музика денес кај нас.

Нашите најголеми М2 ѕвезди се Елена Ристеска и Ламбе Алабаковски и по сите параметри двете најпопуларни имиња на македонската естрада.

Елена од девојчето во шарените чорапчиња заедно со М2 продукција пред очите на најшироката јавнос денес прерасна во поп пеачка со:

- 5 самостојни албуми

- 30 видео клипови

- 15 музички награди

- 8 интернационални фестивали

- 50 насловни страни

- настап пред наголемиот рок бенд Ролинг Стоунс во Будва

- на Македонија и го донесе најдобриот пласман на Евросонгот 2006 г во Атина

Ламбе од скромното момче од Љубојно, прерасна во најпосакуваниот медиумски лик и најголемата тинејџерска атракција.

Тој сними:

- три самостојни албуми

- над 20 видео клипови

- многубројни настапи низ Европа и Австралија

- Ламбе го подари целокупниот приход од својот прв голем солистички концерт за возобновување на опожарениот манастир Св. Јован Бигорски,

- тој е почесен амбасадор на детсткото СОС село, а заедно со Елена се заштитни лица на Сојузот на Стопански Комори на Македонија со што се профилира во еден од најголемите хуманитраци од неговата генерација во Македонија.

Популарни македонски пеачи, кои поминаа низ М2, а денес самостојно работат и ја градат својата кариера се: Туна, Сања Лефкова, Александра Пилева, Игор Узунов, Бојана Атанасовска, Дејана Николовска, Димитар Андоновски, Магдалена и Лазар Цветковски, Емил Арсов...

http://mmm.com.mk/?ItemID=6D61F0137D58B54ABB5AD9F6532BA1C5
 
битно ова е македонски производ и вреди да го има на тв
јас сакам на Jungle tv да го даваат ама ај ќе видиме кај ќе го даваат

--- надополнето ---



Во емисијата Тротоар кажа Иво дека сака повторно да почне и тоа уште пред Идол
е таман сега да го собере изметот од Идол:pos2:
 
М2 иако е само македонски производ, иако не е според критериумите на светски популарно шоу, сепак е поквалитетно. Суштинската разлика е во тоа што М„ е потрага по ѕвезда која има за цел да најде ѕвезда и да потпише договор и да работи со неа како продуцентска куќа. Целта на Идол е да направи избор и толку. Идол, како и Операција триумф не е ништо друго туку само некој облик на реалити шоу и дебело наплаќа за сеирот што ќе го гледаме. После тоа воопшто не ги интересира победникот. Победниците се оставени сами на себе буквално, не снимаат ни една песна. После финалето циркусот се собира и се бројат парите. Е после тоа учесниците се популарни и како резултат на популарноста можат да изградат кариера. Ама ретко се случило тоа. Каде се ѕвездите на српскиот, бугарскиот идол? каде се ОТ ѕвездите? Каде е Белов? Од нула почна да гради кариера во македонија. Исто и останатите. Македонските избори какви и да се се подобри од овие лиценцираниве. Па дури и килавиот избор на Вучиќ, го даде Влатко Лозановски кој во секој случај е поголема ѕвезда од сите „идоли“ заедно.
 
Туна беше во м2 сега пее во Тирана и си зема парички,а Аднан Куртов сега снима песни Англиски мислам дека за некоја продукценска куќа од странство
за мене М2 е број еден музичко талент шоу ,значи на М2 да стигнеш до финале и да не победиш знаеш дека барем една песна ќе ти биде снимена пошо на финалето пеат нивни новокомпоновани снимени песни а не од други изведувачи да препејуваат
 
Туна беше во м2 сега пее во Тирана и си зема парички,а Аднан Куртов сега снима песни Англиски мислам дека за некоја продукценска куќа од странство
за мене М2 е број еден музичко талент шоу ,значи на М2 да стигнеш до финале и да не победиш знаеш дека барем една песна ќе ти биде снимена пошо на финалето пеат нивни новокомпоновани снимени песни а не од други изведувачи да препејуваат

Туна успеа да,исто Елена Ристевска и Ламбе постигнаа голем успех на Македонската сцена и сега се едни од најдобрите пеачи во Македонија.
 
Мислам дека дечкото се вика Емил Арсов и тој е еден од ѕвездите на М2 имаше дует со Елена и доста јако спотче со Натали а сега е на Гранд Парада,мене ни ми пречи тоа.Александар Тарабунов беше дел од Бугарскиот Идол па ете се обидува да се пробие.Инаку сите кои се организатори на оваков тип емисии ако немааат заработувачка не ни отпочнуваат сигурно не ја прават од љубов
 
леле колку ја сакав песнава тоа време кога Ламбе победи


--- надополнето ---

а еве го Емил поранешниот м2 пеач како настапи на Гранд со забавна песна на Тоше
 
Мислам дека дечкото се вика Емил Арсов и тој е еден од ѕвездите на М2 имаше дует со Елена и доста јако спотче со Натали а сега е на Гранд Парада,мене ни ми пречи тоа.Александар Тарабунов беше дел од Бугарскиот Идол па ете се обидува да се пробие.Инаку сите кои се организатори на оваков тип емисии ако немааат заработувачка не ни отпочнуваат сигурно не ја прават од љубов

Да да,го познавам лично Емил Арсов и тој беше од таму.Но тој не забележа некаков успех во Македонија и затоа по неколку години решил да си ја проба среката во Звезде Гранда.
Го гледав минатата недела и искрено многу убаво ја испеа песната од Здравко Чолич.
Многу слободно момче е и се снаога на сцената ама ете немаше срека.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom