Бугарија им ја одобри на САД изградбата на воени бази

  • Креатор на темата Креатор на темата BoRg
  • Време на започнување Време на започнување

BoRg

Resistance is futile you will be assimilated
Член од
8 декември 2005
Мислења
486
Поени од реакции
2
Веб-сајт
www1.idf.il
Макфакс
prazno.gif
prazno.gif
20.04.2006 Владата на Бугарија денеска ја одобри спогодбата со САД во областа на одбраната, со што се овозможува стацонирање на американски војници и воена опрема на територијата на Бугарија.
Вицепремиерот и министер за надворешни работи Ивајло Калфин изјави дека спогодбата е со рок на важност од 10 години и оти секоја од земјите потписнички може еднострано да ја раскине со претходна најава од една година.
Според договорот, САД ќе стационираат 2500 војници на територијата на Бугарија во три воени бази, од кои две се воени аеродроми.
САД ќе ги користат магацините кај Ајтос и полигонот кај Ново село, и воените аеродроми Граф Игнатиево и Безмер, при што Граф Игнатиево може веднаш да се користи, додека базата Безмер мора да се обнови.
Според договорот, Бугарија се откажува од даноци и други финансиски обврски за сите испораки во американските бази, како и од јурисдикцијата врз американските војници во случај на кривични или прекршочни дела, освен во „тешки случаи”. Тешките случаи не се дефинирани.
Првите американски војници се очекуваат во Бугарија до крајот на 2006, изјави министерот за одбрана, Веселин Близнаков

KOMENTAR ZA OVA???????
 
Што има да се коментира.Бугарија е во НАТО и Америка си носи војска таму.
 
BushMan напиша:
Што има да се коментира.Бугарија е во НАТО и Америка си носи војска таму.
те подржувам
 
Абе кој смее на САД да му каже не!
 
Голема помош сеуште доаѓа и директно и индиректно во Бугарија од US, сеуште им требаат и мораат да прифатат такви опции. Ист е случајот и кај нас, прашање е само кога ќе се случи тоа. Изземањето на US граѓаните од локалната јурисдикција во МК не е бадијала донесено.
 
Па ништо чудно..кај нас Американците имаат своја база поише од 10 години, па никому ништо..и многу посилни земји од Македонија и Бугарија потпишаа договор за да не ги гонат кривично нивните државјани, што јас лично никако не можам да го укапирам..но што се однесува до бази, ништо ново на овие простори..да сме економски силни како Грците или Германците, и ние и Бугарите ке им рековме историско *не*!
 
Gravity Grave напиша:
Па ништо чудно..кај нас Американците имаат своја база поише од 10 години, па никому ништо..и многу посилни земји од Македонија и Бугарија потпишаа договор за да не ги гонат кривично нивните државјани, што јас лично никако не можам да го укапирам..но што се однесува до бази, ништо ново на овие простори..да сме економски силни како Грците или Германците, и ние и Бугарите ке им рековме историско *не*!
знаеш ли колку американски военни бази има во германиjа?
 
Знам, а што мислиш ти зошто ги отвараат камповите во Бугарија и Романија? Затоа што трошковите се огромни, замисли само колку кошта Rammstein за само еден ден?! Швабите у глобала мислат дека нема да се осети многу тоа што над 100.000 луѓе ке изгубат работа во областите кај што работеа за Американците, али да речеме за нас би било тоа погубно..тоа сакав да го кажам, не ги избрав бадијала Швабите кои што наскоро ке ги изгубат базите и Грците кои што одамна им ускратија гостопримство.
 
Прашање: кого ќе напаѓа најголемата светска сила од базите во Филипопол?
 
Amerikancite se spremaat za invazija na Rusija eden den, pa zatoa vleguvaat vo site zemji okolu Rusija. Nas Makedoncite kako "balkanski Rusi" ne unistuvaat so nivnite sojuznici Albancite i im davaat vlast vo Makedonija, go spremaat terenot pred da ja napadnat eden den Rusija.
 
Jane_S напиша:
Amerikancite se spremaat za invazija na Rusija eden den, pa zatoa vleguvaat vo site zemji okolu Rusija. Nas Makedoncite kako "balkanski Rusi" ne unistuvaat so nivnite sojuznici Albancite i im davaat vlast vo Makedonija, go spremaat terenot pred da ja napadnat eden den Rusija.

Јане, Ладната Војна заврши '89.

Какви балкански Руси, абе алоу! Уште вакви муабети тргаат старите пред кооперација навечер, од таму ги слушаш? Уште расправаат кој побрза ракета ќе направи, Советите или Американците? И ги слушаш старите како навиваат за Русите? Дете, пушти телевизор, отвори интернет вести и образовај се каде е отидена денешната политика.

Сето тоа со "балкански Руси", "братски народи" и слично се најобични комунистички лажги и мамелешки стекнати од другар ти Тито под влијание на образованието кое го добил во Москва. Дај бре искоренете го тоа, престанете да ги слушате постарите баби и дедовци по дома! Имате интернет, не го трошете за џабе! Пуштете вести, немојте само Пинк и Бугарски кич фолкерки да гледате. Еве, ќе останете на муабетите, кој има побрза ракета, Советите или Американците.

Срамота.
 
Андроник напиша:
Ладната Војна заврши '89,

и започна топлата, од Чеченија до Велешта.

Мудрите се познаваат по тоа што ја одбираат страната на посилниот, и знаат да си ги менуваат гените, со кого и кога да бидат роднини. Денес е во мода задкавкаско-централно-азиското потекло. Соодветно на тоа, избрани да бидат омилени кај господарската класа се потомците на античка Болгарија и античка Албанија. Политички коректно е да ги сакаш нив, и да ги мразиш непријателите на султанот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom