Тоа што помодарките не знаат веќе што глупост да измислат па ставаат презимиња во машки род, можам да сфатам, толку им е капацитетот и нема лек за нив.Туку мене нешто друго ме мачи.Како е возможно да не се почитуват основни граматички правила кои се толку едноставни и да се занемарува правилната употреба на македонскиот јазик!?
Трагедијата е следна.Пред извесно време присуствував на церемонијата стапување во брак пред претставниците на Законот, таканаречени матичари.И нормално, ја прашуваат девојката кое презиме ќе го земе и таа одговара.Е сега следува проблемот.Матичарот ја прашува: „Во машки или во женски род?“
Не ми се веруваше што слушам.Од кога тоа родот на зборовите стана прашање на избор!?
Не знам зошто нема никаква реакција на ова од стручните лица на оваа тематика, ама поразителен е фактот дека се молчи за вакви навидум ситни, вештачки создадени проблеми, а од друга страна се пропагира почитување и правилна употреба на македонскиот јазик.Кога државата не го почитува сопствениот јазик, што понатаму да се коментира...