Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Како ќе го вршиш тоа „...кршење леб...„, во неделен ден, живо ме занима?
Ај пак:
Како ќе го вршиш тоа „...кршење леб...„, во неделен ден, живо ме занима?
Едноставно прашање, нели...
Одговорот е даден повеќеслојно, онака дако Црквата го дефинира. А дали тебе ти одговара или не, тоа е твој избор. Не е многу мудро да се одговара два пати на исто прашање.
Ете, и јас те прашувам а ти не одговараш.
Христос лично, не ја укина саботата. Но, Неговиот однос кон начинот на кој ујудеите ја славеа саботата, како и настаните кои се случија во ден неделен а не саботен (Христос влезе во Ерусалим во недела, Христос воскресна во недела, Он ќе дојде вторпат во недела...) се доволни причини за замена на саботата со неделата. Неделата ја слави Црквата, оти е повеќе од очигледно дека за атеисите, на пример, неделата е исто што и вторник или среда, оти за неверните, неделата не е посебен ден, освен ден во кој не одат на работа.
Дека Црквата ја слави нделеата а не саботата, покажува и Апостолското однесување.
Имено:
„...И во првиот ден од седмицата (Кој е тој ден?), кога се собравме (!) да прекршиме леб (!), Павле, бидејќи на другиот ден сакаше да тгрне, расправаше со нив и го продолжи словото (!) до полноќ...„.(Дела, 20.7).
Од стихот е јасно дека Апостолите се тие кои први почнаа да се собираат во недела (што значи исто што и денешното литургиско собирање во недела) а не во сабота.
Доколку ние сеуште би ја славеле саботата и старозаветниот Закон (Мојсеев), тогаш по ништо не би се разликувале од јудеите. Така, Христос би дошол првиот пат бесцелно, и ништо битно не би се случило со родот човечки.
Во ред.
Црквата веќе 2 000 г. ја слави неделата како ден Божји („киријаки„ на грчки или „воскресение„ на руски јазик) и ден за одмор, а ти велиш дека саботата е денот за одмор. Зашто сметаш дека твоето мислење е појако од црковнтото?
1. Самиот (за твоја потреба) извлекуваш заклучок дека почитувањето на волјата Божја, спомената во Христовата реченица се однесува и на саботата. Таков заклучок е само рационален заклучок, кој нема основа во кажаново од Христа, оти волјата Божа е поширока од почитувањето на сабатот. Саботата им е дадена само на јудеуте, кои беа ексклузивно одбран народ Божји во старозаветните времиња.
2. Ако си во право, тогаш, ќе дојдеш во контрадикција со ова кое Христос го вели, но и го чини во и за денот саботен. Јудеите се познати по крутиот ствав кон саботниот ден, во кој (ден) не смееле да поминат повеќе од утврдениот број чекори, а не нешто потешко да работат! А Христос, еве, вели дека во сабота, може да се чинат и добри дела (настрана лошите..), за чие чинење сепак е потребен и труд и движење а не само пуста желба. Значи, чинењето добри дела (кое е преферирано од православната Црква во неделен ден), би било погазување на сабатот, во кој е забрането прекумерно/прекубројно движење, израезено во чекори. Затоа, кога Он ги прашува јудеите дали треба да се чини добро/зло и во сабота, јудеите останаа „без текст„, оти беа убедени во начинот на кој тие самите ја поимаа забраната за работа во сабота, а Христос им посочи и поинакво видување на саботата од нивното.
Да видиме што уште вели Он за саботата:
„...Зашто Синот Човечки е господар и на саботата...„ (Матеј, 12.8).
Што значат овие Христови зборови? Оној Кој ја одредил саботата како ден за одмор, истиот Он е нејзин господар и може и да ја промени. На велика Сабота, Христос беше во пеколот. Он не воскресна во саботата после петочното распетие, туку ја испочитува и саботата и воскресна во неделата.
А учениците Негови, иако јудеи, не се собирааа во сабота за да го слават Христовото воскресение, туку се собраа „...во првиот ден од седмицата, кога се собравме да прекршиме леб, Павле, бидејќи на другиот ден сакаше да тргне, расправаше со нив и го продолжи словото до полноќ...(Дела, 20.7). Св, Ап. Павле се придружува кон другите Апостоли 3 г. по Христовото воскресение, што значи дека Апостолите веќе 3 г. по ред се „..се собирале..„ во првиот ден од седмицата, што значи, со неделата, а не во седмиот ден од седмицата, т.е. саботата.
А на прашањето за библиски стих со одредба во кој неделата е неработен ден, можам да одговорам со немањето на библиски стих каде неделата е забранета за неработен ден. Претходно напишаното е показател за односот од новозаветните луѓе, учениците Христови, кон саботниот и кон неделниот ден. Писмото не содржи се што мене ме интересира или ми треба, ниту Писмото се чита со отворена уста, во која треба да упадне некој збор од Писмото, онака како што мене или тебе ни одговара. Затоа, Бот ти дал ум па ти со ум читај го Писмото, оти не е само Писмото извор на вистини.
Саботата им е дадена само на јудеуте, кои беа ексклузивно одбран народ Божји во старозаветните времиња.
Саботата им е дадена само на јудеуте, кои беа ексклузивно одбран народ Божји во старозаветните времиња.
2. Ако си во право, тогаш, ќе дојдеш во контрадикција со ова кое Христос го вели, но и го чини во и за денот саботен. Јудеите се познати по крутиот ствав кон саботниот ден, во кој (ден) не смееле да поминат повеќе од утврдениот број чекори, а не нешто потешко да работат! А Христос, еве, вели дека во сабота, може да се чинат и добри дела (настрана лошите..), за чие чинење сепак е потребен и труд и движење а не само пуста желба.