Ванчо Михајлов го организирал убиството на Тодор Александров

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Иван Михајлов го организирал убиството на Александров
Петок, 22 Октомври 2010 17:36
Според Зоран Тодоровски, Директор на државниот архив на Македонија, организатор на убиството на Тодор Александров е Иван Михаилов, а нарачатели се бугарското Министерство за одбрана во согласност со Владата на тогашна Бугарија.
Според него, причините и поводот се објавувањето на Мајскиот манифест во 1924 година во Виена чиј потписник е Тодор Александров и во кој манифест всушност се презентираше новата политичка ориентација на организацијата, а тоа било создавање на единствен македонски револуционерен фронт за обединување на сите македонските револуционерни сили за создавање на самостојна и независна Македонија во нејзините географски и етнички граници. Во тој документ, посочува Тодоровски, се критикувала и бугарската Влада за мешањето во македонските работи.

- Сето тоа беше повод бугарската Влада да изгуби доверба во Тодор Александров и во патиштата за наоѓање нов лидер да го организира и убиството. Самиот чин на убиството, пак беше некој вид сценарио за да се прикријат вистинските наредбодаватели и физичките убијци, посочува Тодоровски во пресрет на утрешниот празник 23 Октомври - Ден на македонската револуционарна борба.

Тодор Алекандров, е убиен на 31 август 1924 година во близина на селото Сушица во присуство на неговиот телохранител Панзо Зафиров и на вториот член на ЦК на ВМРО Александар Протоѓеров. При самиот чин на убиството двајцата војводи на организацијата Димчо Вретенаров и Штерјо Влахов кои што го придружувале пукале на Тодор Александров и на неговиот телохранител додека не посегнале по Протоѓеров. Целта била, вели, да се стекне мнение дека Протоѓеров знаел за убиството и целата вина околу убиството да се сврти кон левицата на ВМРО и кон комунистите, што потоа било искористено во подоцнежните објавени информации, гласила, а ВМРО напишала и посебна книга за убиството на Александров.

- Меѓутоа од спомените на Иван Михајлов и од други извори, документации, сведоштва на поранешни министри кои што ние историчарите ги имаме на увид се потврдува мислењето дека убиството е нарачано од овие воени кругови, а со тоа бил запознат Иван Михајов, вели Тодоровски.

Самиот Михајлов, според него, на некој начин во своите спомени се издава, индикативно е и што физичките убијци Влахов и Вретенаров раководството на организацијата не ги уапсило да ги сослуша за да ги дознае нарачателите, туку тие билеа ликвидирани, поточно запалени во една куќа во која се криеле.

За улогата на Ванчо Михајлов тој добил директно потврда пред неколку месеци и од Џон Битов поранешен претседател на Македонската патриотска организација кој што во снимена изјава признал дека при неговата посета на Иван Михајлов во Рим во 70-тите години самиот Михајлов му признал дека тој бил организатор на убиството на Александров.

Ванчо Михалов бил член на ЦК на ВМРО и може да се смета и прв лидер на организацијата од 1924 година се до нејзиното распаѓање. За организацијата, Тодоровски вели дека била единствена и за време на Тодор Александров и за време Иван Михајлов, но оти во тоа време тие биле принудени да соработуваат со бугарската влада бидејќи делувале на територијата на Бугарија.

Според него, начинот на кој е прикажан Тодор Александров во македонската историја е резултат на тоа што нашата историографија, како и досегашните комунистички историографии до 90-тите години посебен акцент давале на истражувањата на левите струи, организации и партии во државата, а помалку на оние т.н десни струи се со цел да се прикаже дека левите биле оние кои што се залагале за самостојна и независна Македонија додека другите струи на кои им припаѓала и целата десница на ВМРО почнувајќи од Христо Мантов, Александров и Михајлов се залагале за присоединување на Македонија кон Бугарија.

Архивската документација, сепак, посочува Тодоровски, тоа го негира и демантира, а за таа проблематика издал и посебен Зборник за документите и писмата на Тодор Александров каде што, вели, се потврдува автентично дека од 1919 година до неговото убиство во 1924 година Александров во сите негови писма декларации, апели и залагања и во циркуралните писма на ЦК на ВМРО се залагал единствено за создавање на самостојна независна македонска држава во нејзините природни и етнички граници.

http://www.time.mk/read/c5b24fd00b/fb1d825b04/index.html
 
Т. Александров е убиен близо до село Сугарево. не Сушица. Убиjци се Динчо( не Димчо) Вретенаров и Штерjо Влахов (По насетне убиени по наредба на ВМРО од четите на Георги Вндев и Милан Постоларски).
Еве нешто од Георги Баждаров.
http://www.promacedonia.org/gb/gb_3_3.html
 
Т. Александров е убиен близо до село Сугарево. не Сушица. Убиjци се Динчо( не Димчо) Вретенаров и Штерjо Влахов (По насетне убиени по наредба на ВМРО од четите на Георги Вндев и Милан Постоларски).
Еве нешто од Георги Баждаров.
http://www.promacedonia.org/gb/gb_3_3.html

Абе може и ќе ти поверувам :D ама штета незнам да читам бугарски.
И да секако треба да ви веруваме на вас бугарите после толку години ваша помош (поучени од историјата).Вие сте ни браќа така?Хехехе пројде таа финта буразеру.Доста ни е од вашата помош.Може да ни помогнете само на еден начин.Само ако се изгубите во вид на прдеш LOoOoOL :D
 
Абе може и ќе ти поверувам :D ама штета незнам да читам бугарски.
И да секако треба да ви веруваме на вас бугарите после толку години ваша помош (поучени од историјата).Вие сте ни браќа така?Хехехе пројде таа финта буразеру.Доста ни е од вашата помош.Може да ни помогнете само на еден начин.Само ако се изгубите во вид на прдеш LOoOoOL :D

Напрегни се малце. Jа како читам македонски, кирилица нели?

Не та зорим да веруваш .Ова са спомени на Г. Баждаров , Македонец од с. Горни Броди(Нежрокопско) сега во Грциjа.
 
он топик:
и да нема докази, по чиста логика е дека михајлов го нарачал убиството на александров.
нормално дека логика е едно а докази се друго, ама до најмногу докази се доаѓа со логично размислување.

оф топик:
ниту си бил, ниту си видел, кој, како и колку се губи од западна македонија.
вашите пусти сан-стефански соништа НИКОГАШ нема да се остварат.
во Македонија секогаш Бугарите ќе бидат СТРАНЦИ,
а во Охрид туристи, и ништо повеќе.
 
Тодор Александров, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански, Протогеров и уште 3-4 се убиени по нарачка од Ванчо Михајлов, повеќето од Владо Черноземски. Убиени се затоа што му се спротиставувале во идеологијата. Сепак записи има дека покрај убиствата на Ванчо Михајлов кон македонските револуционери тој се борел за незавнисна македонија со главен град Солун. Според мене е најголем предавник во историјата на Македонија.
 
Повеќе е веројатно дека бугарскиот двор и влада ги нарачала овие убиства(Тодор Александров, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански) а Михајлов бил претприемник. За Протогеров е точно дека Ванчо го нарачува убиството. Тодор Александров после Мајскиот манифест сигурно не можеше да очекува уште многу да живее и да раководи со ВМРО
 
Убијците на Александров се луѓе на Алеко Пашата.
smrt.png


Што се однесува до Мајскиот манифест - Александров декларирал дека тоа е дело на егзалтирани комунисти.
manifesto.png


Целата декларација
deklaracija.jpg
 
Па Александров се откажа после од Мајскиот Манифест. Од тука постои и мислење дека Коминтерната го организирала неговото убиство
 
Ја покажав декларацијата во која не се откажува, туку изјавува дека нема ништо општо со нејзиното пишување.

Навистина водел разговори со Влахов, но дали ја знаел содржината имаме само две декларации.
Едната на Влахов, другата на Александров.
Влахов се колне дека Александров се согласил, Александров тврди дека декларацијата си е дело на Влахова.
Јас мислам Влахов лажел.
 
ne gledam pricina Vlahov da laze
 
Влахов сакал Организацијата да ја претвори во фракција на Коминтерната.
 
Многу е интересно како турко-монголските тролови и после 90 години сеуште продолжуваат со спиновите на бугарскиот двор, та за се нешто им е крива Коминтерната и комунистите.

Тодор Александров АПСОЛУТНО ИМА ДАДЕНО СОГЛАСНОСТ за т.н. "мајски манифест".
Друг е муабетот дали сакал тоа веднаш и на каков начин да се претстави пред пошироката јавност.

Двојните и тројни игри и подметнувања од сечија страна во организацијата после убиството на Александров се тешки за разбирање од страна на дежурните бугарски тролови овде.

Протогеров, исто како и Ванчето бил мрсен и валкан играч во целиот период.

Aleko_Vasilev_Georgi_Atanasov_and_Aleksander_Protogerov_IMRO.jpg
 
Дај тоа АПСОЛУТНО да го апсолутизираме. Кој го докажал?
Никој.
 
Многу е интересно како турко-монголските тролови и после 90 години сеуште продолжуваат со спиновите на бугарскиот двор, та за се нешто им е крива Коминтерната и комунистите.

Тодор Александров АПСОЛУТНО ИМА ДАДЕНО СОГЛАСНОСТ за т.н. "мајски манифест".
Друг е муабетот дали сакал тоа веднаш и на каков начин да се претстави пред пошироката јавност.

Двојните и тројни игри и подметнувања од сечија страна во организацијата после убиството на Александров се тешки за разбирање од страна на дежурните бугарски тролови овде.

Протогеров, исто како и Ванчето бил мрсен и валкан играч во целиот период.

Aleko_Vasilev_Georgi_Atanasov_and_Aleksander_Protogerov_IMRO.jpg
И Тодор не бил некој фер играч.
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 23:08 ---
За Манифестот е факт дека го потпишал, но се откажал од потписот(од непознати причини). Доволно било што го потпишал па бугарската влада да си побара ликвидатор и наследник на Тодор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom