- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Иван Михајлов го организирал убиството на Александров
Петок, 22 Октомври 2010 17:36
Според Зоран Тодоровски, Директор на државниот архив на Македонија, организатор на убиството на Тодор Александров е Иван Михаилов, а нарачатели се бугарското Министерство за одбрана во согласност со Владата на тогашна Бугарија.
Според него, причините и поводот се објавувањето на Мајскиот манифест во 1924 година во Виена чиј потписник е Тодор Александров и во кој манифест всушност се презентираше новата политичка ориентација на организацијата, а тоа било создавање на единствен македонски револуционерен фронт за обединување на сите македонските револуционерни сили за создавање на самостојна и независна Македонија во нејзините географски и етнички граници. Во тој документ, посочува Тодоровски, се критикувала и бугарската Влада за мешањето во македонските работи.
- Сето тоа беше повод бугарската Влада да изгуби доверба во Тодор Александров и во патиштата за наоѓање нов лидер да го организира и убиството. Самиот чин на убиството, пак беше некој вид сценарио за да се прикријат вистинските наредбодаватели и физичките убијци, посочува Тодоровски во пресрет на утрешниот празник 23 Октомври - Ден на македонската револуционарна борба.
Тодор Алекандров, е убиен на 31 август 1924 година во близина на селото Сушица во присуство на неговиот телохранител Панзо Зафиров и на вториот член на ЦК на ВМРО Александар Протоѓеров. При самиот чин на убиството двајцата војводи на организацијата Димчо Вретенаров и Штерјо Влахов кои што го придружувале пукале на Тодор Александров и на неговиот телохранител додека не посегнале по Протоѓеров. Целта била, вели, да се стекне мнение дека Протоѓеров знаел за убиството и целата вина околу убиството да се сврти кон левицата на ВМРО и кон комунистите, што потоа било искористено во подоцнежните објавени информации, гласила, а ВМРО напишала и посебна книга за убиството на Александров.
- Меѓутоа од спомените на Иван Михајлов и од други извори, документации, сведоштва на поранешни министри кои што ние историчарите ги имаме на увид се потврдува мислењето дека убиството е нарачано од овие воени кругови, а со тоа бил запознат Иван Михајов, вели Тодоровски.
Самиот Михајлов, според него, на некој начин во своите спомени се издава, индикативно е и што физичките убијци Влахов и Вретенаров раководството на организацијата не ги уапсило да ги сослуша за да ги дознае нарачателите, туку тие билеа ликвидирани, поточно запалени во една куќа во која се криеле.
За улогата на Ванчо Михајлов тој добил директно потврда пред неколку месеци и од Џон Битов поранешен претседател на Македонската патриотска организација кој што во снимена изјава признал дека при неговата посета на Иван Михајлов во Рим во 70-тите години самиот Михајлов му признал дека тој бил организатор на убиството на Александров.
Ванчо Михалов бил член на ЦК на ВМРО и може да се смета и прв лидер на организацијата од 1924 година се до нејзиното распаѓање. За организацијата, Тодоровски вели дека била единствена и за време на Тодор Александров и за време Иван Михајлов, но оти во тоа време тие биле принудени да соработуваат со бугарската влада бидејќи делувале на територијата на Бугарија.
Според него, начинот на кој е прикажан Тодор Александров во македонската историја е резултат на тоа што нашата историографија, како и досегашните комунистички историографии до 90-тите години посебен акцент давале на истражувањата на левите струи, организации и партии во државата, а помалку на оние т.н десни струи се со цел да се прикаже дека левите биле оние кои што се залагале за самостојна и независна Македонија додека другите струи на кои им припаѓала и целата десница на ВМРО почнувајќи од Христо Мантов, Александров и Михајлов се залагале за присоединување на Македонија кон Бугарија.
Архивската документација, сепак, посочува Тодоровски, тоа го негира и демантира, а за таа проблематика издал и посебен Зборник за документите и писмата на Тодор Александров каде што, вели, се потврдува автентично дека од 1919 година до неговото убиство во 1924 година Александров во сите негови писма декларации, апели и залагања и во циркуралните писма на ЦК на ВМРО се залагал единствено за создавање на самостојна независна македонска држава во нејзините природни и етнички граници.
http://www.time.mk/read/c5b24fd00b/fb1d825b04/index.html