Стари, добри, и заборавени...

Сите банди од Њујорк се повикани на собир за обединување,Сајрус водачот на најпозната банда е организатор но му вршат атентат за кој се обвинети Ратници .Тие почнуваат бекство од собирот за да се вратат во својата територија Кони Ајланд ,а се бркани од сите банди!!
одличен култен филм !!
 
St. Elmo's Fire (1985)
images

Уште еден типичен 80's филм за група млади кои завршуваат колеџ и се борат да се снајдат во светот кој ги очекува веднаш потоа. Спаѓа во категоријата „не ги прават вакви повеќе“ а го гледав затоа што ми е еден од ретките пропуштени филмови кои вклучуваат дел од прекрасната актерска генерација од 80'тите. Овој пат со Emilio Estevez, Rob Lowe, Andrew McCarthy, Demi Moore, Judd Nelson, Ally Sheedy, Andie MacDowell итн...

Филмов не е Breakfast Club но е навистина реална приказна и многу пријатен филм за гледање.
 
Welcome to the Dollhouse

Не знам дали е споменат претходно, ама многу добар филм. Некој вид на комедија за девојче од 7 одделение кое има проблем со социјализација, за нејзиниот живот во школо, дома, се заљубува во еден фраер... Интересна приказна, само јас очекував и навивав за поинаков крај. :)
 
220px-King_solomons_mines.jpg

Нема многу врска со книгата по која е базиран и е правен за да се офајди од успехот на Индијана Џонс(Џон Рис Дејвис и тука глуми) ама па забавен филм е. Пљус голем и Шерон Стоун ја има како млада. Има и продолжение филмов ама колку што се сеќавам ми се нема многу допаднато тој а и воопшто не се ни сеќавам за што се работеше во него. Како и да е филмов е добар.
 
Ја читам темава и се чудам , како тоа никој досега не го спомна Година на змејот ( Year of the Dragon ) ... филмот е од 1985 год. и е во режија на Мајкл Чимино ( режисерот на Ловец на елени ) ... првпат ми е гледан пред повеќе од 20 години , и плус уште 3 до 4 пати ( кога и да го начекам на ТВ го гледам со задоволство )... иначе според мене ова е една од најдобро одиграните улоги на Мики Рурк .
 
The Falcon and the Snowman.

Тимоти Хатон и Шон Пен играат во шпионски трилер правен спрема вистинска приказна. Ретко добар филм кој што ми има оставено впечаток. Со соколот сцената ми е најздрвувачка и од песната :icon_lol::

Ја читам темава и се чудам , како тоа никој досега не го спомна Година на змејот ( Year of the Dragon ) ... филмот е од 1985 год. и е во режија на Мајкл Чимино ( режисерот на Ловец на елени ) ... првпат ми е гледан пред повеќе од 20 години , и плус уште 3 до 4 пати ( кога и да го начекам на ТВ го гледам со задоволство )... иначе според мене ова е една од најдобро одиграните улоги на Мики Рурк .

Филмов не можам да го гледам поради таа новинарката, ауууу колку лошо глуми само :mad::sick::cenzura:(n):гомце: го упропастува филмот...
 
Филмов не можам да го гледам поради таа новинарката, ауууу колку лошо глуми само :mad::sick::cenzura:(n):гомце: го упропастува филмот...

Абе ок за глумата на Кинескињата , можи и да и во право , но мора да признаеш дека типката е ептен секси :) ... голема грешка ти е тоа што заради лошата глума на новинарката , го пропушташ овој одличен филм .
 
Заеби што е секси кога ме нервира :) , ај да беше некој филм како Барб Вајр :). Рурк ми е омилен глумец и тука е супер како што кажа, ама оваа кога ќе се избаци ајајјајј...што ја трпел Чимино што не и залепил некоја воспитна (?), кај ја најдоа само...позаслужена номинација за Златна Малина здравје...
 
220px-Rolling_Thunder.jpg

http://www.imdb.com/title/tt0076637/
Филмов до пред некое време беше многу тежок за наоѓање, доколку пробував да откуцам Rolling Thunder на google и разни торент енџини се ми испаѓаа резултати за порно филмови поради некоја причина. Едвај го најдов на Јутјуб пред некоја година и го гледав поделен да делови од кои некои недостасуваа. Се појави тек пред некое време на торент и сеуште го има и во добра снимка така да треба да го гледате. Според Тарантино ова е најдобриот одмазднички филм било кога направен и се сложувам со него. Чарлс Рејн е Виетамски ветеран кој бил заробен од Виетеконгот и се враќа ослободен дома. Кога ке дојде во Америка дознава дека жена му го оставила за локалниот шериф, притоа му доаѓаат бандити дома, му ја убиваат фамилијата, му ја сечат раката и му ги крадат сребрените долари кои му се дадени од државата Тексас за служба на татковината при што на Чарлс му пука филмот i оди да се свети на белосветските бараби. Филмов е напишан од Пол Шрејдер, човекот кој гo напиша Taxi Driver, и е добра студија за човек кој иако е вратен од војна сеуште води војна со самиот себеси(зашто би одмаздил фамилија која повеќе не те сака и цени) како и забавен Б-филм. Исто така Томи Ли Џонс е во филмов , има унивеѓа и е прилично badass.
--- надополнето: 28 април 2012 во 15:33 ---
Заеби што е секси кога ме нервира :) , ај да беше некој филм како Барб Вајр :). Рурк ми е омилен глумец и тука е супер како што кажа, ама оваа кога ќе се избаци ајајјајј...што ја трпел Чимино што не и залепил некоја воспитна (?), кај ја најдоа само...позаслужена номинација за Златна Малина здравје...
Филмот го сакам заради Мики Рурк и Џон Лон. На Кинсескињата не ми ни текна додека не ја спомна. А за Џон Лон ми е криво што не успеа да направи добра кариера во Холивуд иако има многу добри филмови зад него.
 
Кога ќе видам што се` е снимено пред 90-те, ми се чини дека сите филмови се подобри од денешниве. Претерувам, секако. Секогаш имало и ѓубре, само сега повеќе го има.
Би ги спомнал, само како пример (има уште подобри, но се сетив на овие):

- Legend еден од филмовите во кои Том Круз ми е поднослив. Бајка, фантазија која е убаво осмислена, напишана, одглумена и снимена.
- Excalibur верувам дека е најдобриот филм посветен на артуријанските легенди (Артур, Мерлин, Ланселот, Моргана итн.)
- Cyrano de Bergerac француски филм, вреди да се изгледа. Жерар Депардје ќе го памтам првин по овој филм, потоа по другите.

Многу познати режисери и глумци денес често ги памтиме по два-три филма, а снимиле многу повеќе. Дури и некои од филмовите на Хичкок, Куросава, Џејмс Стјуарт, Брандо, Кетрин или Одри Хепберн а и на многу други имаат ваква судбина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom