Стари, добри, и заборавени...

WTF,OMG,LOL... на некоја од локалниве телевизии (или не беше локална...:raz:) дадоа стар и заборавен филм пред некој ден...кој сам по себе не се заборава...:)

Полињата на смртта (1984)

The_Killing_Fields_film.jpg


Енивеј, Камбоџа, Пол Пот, Кмерите, Новинари заробени во Пном Пен на денот на влегувањето на најбестијалниот режим на 20-от век каде знаење странски јазик и носење очила биле capital offence факти кои делуваат нестварно на прв поглед но бројката од 1,7 милиони убиени граѓани на Камбоџа од 7 милиони население за време од неполни 4 години владеење на сојузникот на Мао и Кисиџер не оставаат простор за сомневање, заедно со преживеаните кои се спасиле од бескрајниот ужас по навлегувањето на Виетнамската армија во 1979.

Тешка драма, нестварна фотографија, глумата исто, Сем Вотерстон и камбоџанскиот актер Хаинг Нгор (:cuc:) заедно со Џон Малкович, Џулијан Сендс, Крег Т. Нелсон, Патрик Малахајд...

Делува многу отрезнувачки посебно имајќи предвид дека многу вредности кои ги краселе ликовите базирани врз реалните личности кои поминале низ сиот пекол - денес не постојат за 30-тина години се преселиле во светот на минатото и светот на старите (тотално заборавени) филмови...

Режисер Ролан Жофе, познат и по друго ремек дело - филмот „Мисија“...
 
Logan's Run (1976)

logans-run.jpg

Година 2274, луѓето живеат во затворен град, несвесни за опкружувањето надвор. Живеат лагоден живот кој им е овозможен од технологијата, но има еден ситен проблем: на 30 години секој мора да умре, за да се одржи балансот на жителите во градот. Не навлегувам во детали зошто ќе биде рецензија, интересно е што градот е многу футуристички со оглед на времето во кое е снимен филмот.
 
Филмот е добар,хорор од 1968година.Режиран од Полански,со Миа Фароу во главната улога.
images
 
Logan's Run (1976)

Прегледај го приврзокот 38088

Година 2274, луѓето живеат во затворен град, несвесни за опкружувањето надвор. Живеат лагоден живот кој им е овозможен од технологијата, но има еден ситен проблем: на 30 години секој мора да умре, за да се одржи балансот на жителите во градот. Не навлегувам во детали зошто ќе биде рецензија, интересно е што градот е многу футуристички со оглед на времето во кое е снимен филмот.

Леле филмов го обожавам!!! Уствари цел тој жанр.
Филмов е далеку пред своето време. Фактот кога е излезен и фактот за што всушност се работи, добро ајде, поготово фактот КАКО е визуелно направен и осмислен... Дури во една епизода на Family Guy го фатија на мајтап и искрено се изненадив, првпат тогаш видов некој воопшто да го спомене филмов.

Предлог и од мене плус, нека трепкат.
 

Не ми се веруваше, завчера го даваа на МТВ! Ах, зошто бе не снимаат веќе вакви филмови? :)

--- надополнето ---


И не знам зошто, ама едноставно не можам а да не и го посветам ова на Лејди Гага...:toe:

--- надополнето ---


Од времето кога Вал Килмер беше стварно згоден тип...во борба против злото...стварно згоден...ех!
 
Deliverance(1972)-Четворица пријатели во потрага по авантура тргнуваат во крстосување по немирен тек на река,кој наскоро треба да биде претворен во големо езеро.Се работи за предел во кој цивилизација сеуште не допрела.Нема да ви откривам понатаму,би било излишно,за тие кои се љубители на напнати трилери едноставно им препорачувам да го погледнат филмов.Џон Војт и Берт Рејнолдс го предводат актерскиот состав,кој глуми на извонредно високо ниво.

Dersu Uzala(1975)-Можеби Дерсу Узала не е меѓу најпознатите филмови на Акира Куросава,но бар мене ми е еден од поомилените.Генерал во армијата на царска Русија е испратен со научна експедиција во срцето на Сибир за да ја истражат прекрасната средина.Сосема случајно,експедицијата го среќава Дерсу Узала,осамен ловец и скитник,еден необичен човек кој извонредно добро ја познава и ја сака природата.Генералот го назначува Дерсу за водач на експедицијата,тој е воодушевен од неговиот карактер,а меѓу нив се раѓа едно многу искрено пријателство.
Филмов е добитник на оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје,истиот изобилува со прекрасни пејсажи,преубава приказна и одлична актерска екипа.Филмче кое дефинитивно заслужува да се погледне.
 
Dirty Harry (1971)
dirty-harry.JPG


Класика филмиште.За филм од таа година-респект.Доста добра акција,доста квалитетен филм.
Harry Callahan-класика цајкан детектив,што не може да се помири со тоа да не го "чисти ѓубрето по улиците", и се расправа со секакви забегани типчиња.

:pishtoldz

The Day of the Jackal (1973)
the-day-of-the-jackal.jpg

Ако не се лажам,правен е според вистинска приказна.
Зборува за обидот за атентат на Шарл Де Гол-тогашниот Француски претцедател.
Колку што памтам-тајната служба го најмува The Jackal како строго професионален платен убиец да го делне Шарл Де Гол,бидејќи на некои им сметал.
Доста квалитетна акција и сепак според мене подобар од римејкот :)
 
WOW, колку добри предлози, ме воодушевивте искрено. Абсолутно сите предлози до сега се перфектни филмови :)
 
WOW, колку добри предлози, ме воодушевивте искрено. Абсолутно сите предлози до сега се перфектни филмови :)


Стар, добар и ептен заборавен, ма дури не го ни спомнал некој овде..

Peeping Tom 1960

Бизарен и контроверзен мастерпис, еден од најдобрите, ако не и најдобар британски филм до сега.
Го препорачувам задолжително!!! посебна препорака до цитираниот и исоно
 
Barfly (1987)-Одлична драма на Барбет Шредер, глумата на Мики Рурк повторно одлична како и во Angel Heart дефинитивно негова година. Хенри Чинаски (Мики Рурк) смета дека не треба се преоптеретува со остварување на некакви си соништа живее без никакви обврски и го живее животот од денес за утре пиејќи виски и слушајќи радио. Ја среќава Ванда Вилкокс (Faye Dunaway) особа со слични сфаќања и почнуваат да живеат заедно...

:cuc: Kaко ли само е претставен ликот на Хенри Кинаски. Во филмот добро е претставен американскиот начин на живот, од некоја гледна точка дури и исман. Еден од омилените филмови.
Буковски пишувањето на сценариото и снимањето на филмот добро го стокми во романот Холивуд.

Буковски во сценариото на некој начин се опиша себе, како што тоа и го има во 90% од неговите дела. Филмов премногу наликува на Фактотум т.е Фактотум ќе го пронајдеш во Барфлај

Може некој ако приметил ќе рече досаден сум со Буковски, ама едноставно морав :pos:
 

Malcolm McDowell, го обожавам, генијален во изведбата! И уште на едно место:

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom