Освен „Јужниот тек“, Македонија треба да ја интересираат и нафтоводите АМБО и НАБУКО

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
Македонски потег во големиот гасен гамбит


Освен „Јужниот тек“, Македонија треба да ја интересираат и нафтоводите АМБО и НАБУКО, кој го протежира Турција и гасоводот што таа го иницира откако потпиша договор со Азербејџан. Би било несмасно да се пропушти можноста за државно стратегиско партнерство токму со Турција

ГЕСТРАТ
Геополитиката е феномен што ги спојува географијата и моќта. Геополитика на просторот е основа на геостратегиската Голема игра, која во моментов ја моделира судбината на народите и државите за овој век.
Што значи тоа? Наједноставно кажано тоа е како да сте заноќиле во вашата држава, која ја идентификувате како регионално слепо црево без потенцијали, капацитети, ресурси, која живурка обременета од неколку имотни спорови со своите соседи и истоштена од чести економски и политички блокади, а се будите во самоодржлива држава со потенцијал за развој и стабилност, поставена среде бучна раскрсница.

Речиси сигурното вклучување на Македонија (навикнавме да дуваме на ладно, па да го сочекаме и официјалното потпишување на договорот, пред гласно да се израдуваме) во гасоводот „Јужен тек“ на рускиот „Газпром“ веќе и дава друг изглед, поинакво значење на Македонија.

Ставањето на картата на гасоводите има толку многу импликации што е невозможно да се стокмат во еден новинарски текст. За држава без море, далеку од нафтата и гасот, само транзитирањето низ нејзината територија значи економска експанзија. Процесот на распределба на нафтените и гасните полиња е речиси завршен. Вториот е да се одредат патеките на гасоводните и нафтоводните инсталации, а третиот е да се обезбедат тие патишта од секакво загрозување. Овие процеси се суштина на новите државни политики и глобални приоритети.

Македонија, покрај сé друго, е дефицитарна и со образовани и умни политичари кои умеат да ги читаат знаците на времето и предизвиците што ги носи. Оттаму, заглавени во транзицијата помеѓу два века и два система, државната политика главно ни ја креираат политичари со „визија“ на болен кому, иако му ампутирале нога пред две децении, тој сé уште ја чувствува. Еден доминантен дел од транзициските политичари не дозволува да ги преболиме СФРЈ и самоуправниот еднопартиски социјализам, а од друга страна, како новокреирани „западњаци“ одбиваат да се соочат со простиот факт дека во меѓувреме падна и железната завеса, па не постои веќе лош Исток и добар Запад. Како што замина во легендите и идеолошката одредница за богатиот просперитетен Запад наспроти сиромашниот и неизгледен Исток. Во 21 век и парите, работната сила и развојот се надвор од евроатланскиот круг. Државите со паметни и одговорни политичари уште пред две децении ги акцептираа промените и креираа државни политики и стратегиски цели според новите околности. Нам во Македонија на тој план очигледно не ни се посреќи.


Во НАТО-шаторот



Нашата државна агенда беше сконцентрирана на претворање на Македонија во приватна прчија. Затоа, надвор од границите водиме асиметрична глобална политика на самоисклучување од светот. Единствена и крајна цел ни е зачленување во два елитни клуба, а не изградба на одржлива, функционална држава со обезбеден економски развој. На пример, цели 16 години не ни беше интересно да бараме начини големите играчи да нé вклучат во некој од краците (споредните траси) на гигантските нафтоводи и гасоводи што никнуваа како проекти по падот на СССР и потоа, по воскреснувањето на Русија. Интересно, тоа не ни стана приоритет ни откако пред десет години, учествуваме во окупацијата на Ирак и Авганистан. Што би рекол министерот Антонио Милошоски, кога веќе толку посветено го чуваме кампот на НАТО, а не можеме да спиеме во НАТО-шатор како да сме Гурки (непалска елитна единица во составот на британската армија чии борци немаат право на британско државјанство), барем да имавме ербап политика која ќе се избореше за макар еден кубен метар гас, односно, за еден километар нафтовод. За волја на вистината, актуелната влада пред четири години фати чекор со времето и како министер во Владата вклучи еден од промоторите на нафтоводот АМБО. Но него јавноста го имаше повеќе за мајтап, а на опозицијата и беше поинтересно да расправа за „народните пари“ што ги трошиме на него. Главно, не се потресувавме што АМБО има проблеми со парите, а во другите проекти не фигуриравме ни како простор, иако тоа ни беше една од ретките предности.

Македонската енергетска политика е сведена на грижата за продолжување на векот на РЕК „Битола“ и повремено на академска дискусија за атомска централа. Комоцијата со која се однесуваа политичките елити, сé до пред четири години, е евалуација на нивниот реален државнички капацитет. Во таков амбиент е невозможно промовирање на политика за приклучување на некој „неподобен“ руски гасоводен проект. Прво, зашто владите на СДСМ се трудеа да му го обезбедат монополскиот статус на приватизираниот „Макпетрол“. Потоа, државата беше неспособна да си ги среди односите околу сопственоста врз ГАМА, а на крајот, со судни маки, „Лукоил“ избоксува во 2005 година да отвори една бензинска пумпа во цела Македонија. Во меѓувреме, зацапани целосно во приоритетот - зачленување во ЕУ и во НАТО - нашиот поглед беше фиксиран строго западно. Истокот сами го прогласивме за идеолошки неподобен. Сталин и Владимир Путин беа присутни во македонската реалност исклучиво како пејоративни прекари за актуелниот премиер Никола Груевски, а секој обид да потсетиме на фактот дека холивудската поделба на улогите на добри и лоши каубои заврши, завршуваше како идеолошка диференцијација од страна на конвертираните следбеници на макартизмот кои не престануваат да дијагностицираат русофилија.

И не само што светската економска криза не нé отрезни и не ја видовме како шанса за пресврт (лидерот на опозицијата сé уште се мајтапи со изјавата на Алберт Ајнштајн кога ги критикува Зоран Ставрески и Никола Груевски), туку до пред три месеци како потенцијал за пресврт не се вртеше јавно. Сé до моментот кога турскиот министер за надворешни работи Давитоглу овде, во Скопје, одржа извонредно значаен говор токму на темата за геополитиката на просторот и за важноста Македонија таа своја предност да ја претвори во капитал. Тоа, нормално, не им помогна на претседателот Иванов и на вицепремиерот Ставрески при учеството на енергетскиот самит во Санкт Петербург, оти медиумски беа маргинализирани, а политички беа укорени од СДСМ дека не ги прашале пријателите во Брисел и Вашингтон дали смеат да се впуштат во енергетска авантура со идеолошкиот непријател. Фактот дека конечно еден македонски претседател пред својот руски колега Медведев ја актуелизира можноста и Македонија да се вклучи во „Јужниот тек“, и тоа не само како слеп крак, туку како територија за транзит до Албанија и Косово, а преку Италија до ЕУ, во домашната јавност не беше примен како добра вест, ами повеќе како ново забегување на актуелната власт. Впрочем, нашата државна политика во претходните години необјасниво ја пропушти шансата декларацијата за меѓудржавна соработка помеѓу Русија и Македонија, потпишана уште во 1998 година од страна на Бранко Црвенковски, да ја трансформира во меѓудржавен договор. Ова, како иницијатива на руската страна сега им е предложено на Ѓорѓе Иванов и на македонската влада. Па да видиме дали на поправниот со новата политичка генерација на власт ќе бидеме поуспешни.


Изедначени шанси за маневар



Геополитиката е натпревар за моќ надвор од државните граници. Нешто како изградба на империја. За разлика од порано, новата геополитика е, така да се рече, флуидна. Околностите се такви што еден светски играч веќе не може да ги ќари сите џамлии. Секој од играчите со горе-долу изедначени шанси, маневрира за да зграби што поголем дел од нафтата и гасот и преку нив да воспостави политичка контрола или доминација. Бидејќи светот е во транзиција, а ние добро знаеме на наш пример дека во такви услови важи мангупското „кому иде“ во играта нема цврсти правила. Секој импровизира во областа на законодавството, кај методите за воспоставување монопол, во воспоставувањето режим на забрани, во смената на некооперативните локални власти и режими. Ние сме современици на „големиот гамбит“ за енергетска сигурност, економски развој и моќ. Мохамед ел Барадеи, Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, има изјавено дека енергијата е инкубатор на развојот, а евтината енергија е основна стратегиска цел. Тоа би требало и за Македонија да биде основа за политиката.

Главните играчи во нафтоводната и гасоводната мрежа се познати. Гасоводна супремација имаат САД и Русија, но тука се и сојузниците Кина, Пакистан, Иран, Турција, Јапонија и ЕУ. По нив доаѓаат сите видови пиони и на крајот, т.н. периферија во кои спаѓаше Македонија. За среќа, со само еден осмислен потег, влезе во категоријата на транзит-држави и географски мостови како што се Украина, Грузија, Бугарија, Грција. Македонската државна политика во наредните години, освен кон евроатланските агенди, треба да биде насочена кон инфраструктурна и стручна подготовка за учество во енергентските проекти и постојано да го фаворизира својот географски адут - просторот. Алармот мора да се вклучи по грешката што беше направена при основањето на железничката компанија СХС, кога самите си доделивме улога на резервен играч наместо коосновач, само од несфатлива неукост.

Освен „Јужниот тек“, Македонија треба да ја интересираат нафтоводите АМБО, НАБУКО, кој го протежира Турција и гасоводот што таа го иницира откако потпиша договор со Азербејџан. Би било несмасно да се пропушти можноста за државно стратегиско партнерство токму со Турција, за посериозна комуникација со емиратот Катар, кој е еден од најголемите извозници на течен гас, но и да не се искористи неволјата во која западна Грција, поради која е принудена да ги распродава или изнајмува своите инфраструктурни капацитети. Кина, како последица на големата светска криза и грчкиот колапс, практично ни станува прв сосед и веќе поседува 20 грчки пристаништа. Каков косопственик ќе биде на грчката држава, се виде по најавата дека Кина догодина ќе го откупи и грчкиот државен долг. Стоката што таму ќе ја истоварува и складира треба да стигне до пазарите на ЕУ. Коридорот 10 треба да ни е комплетно спакуван, но тука е и шансата конечно да се реализира проектот на ООН од 1965 година - Вардарска долина. Тоа треба да ни каже дека и грчката државна политика кон Македонија за кратко време ќе претрпи сериозни промени. Цел свет се движи кон изворите на енергија, до големите пазари на работна сила и до парите. Само ние досега чекоревме обратно. Да се надеваме дека во меѓувреме и сме поднаучиле по нешто.



gasovodo.jpg


 
Отупавеност како последица на амбиентот

Пред да оди на енергетскиот самит во Санкт Петербург, шефот на македонската држава Ѓорге Иванов даде интервју за државната агенција „Итартас“, во кое новинарот го прашуваше за геополитички теми, за плановите на Македонија на економски и на политички план. Го потсети нашиот претседател на декларацијата за меѓудржавна соработка која никогаш не прерасна во нешто поцврсто, а го праша и дали Македонија ќе ја поддржи иницијативата на претседателот Медведев за создавање на заедничка евроазиска политика на безбедност, во светлото на обезбедувањето на нафтоводите и гасоводите од тероризам со оглед на нивната испреплетеност. Одговорите, како впрочем и целиот самит, беа маргинално проследени од македонските медиуми што соодветствува на ниските општествени стандарди за професионализам и решеноста да се игнорираат и исмеваат јавните настапи на првиот македонски претседател во независна Македонија, кој не е карикатурален лик, а има развиена државничка свест и натпросечни знаења за геополитиката.

Една од причините зошто е тоа така изгледа треба да ја бараме во фактот што го ископал Иванов дека Балканот во последниве 3.100 години документирана историја живеел само 200 години во мир.

ПАТ БЕЗ БЛОКАДИ

rez03.jpg
Капацитетите на централноазискиот регион мерени во нафта и гас:

Вкупно се проценува дека резервите изнесуваат 116 милијарди барели нафта од кои Казахстан тежи 50 милијарди барели нафта. Туркменистан има 34 милијарди барели, Узбекистан 32 милијарди барели.
Резервите на природен гас на подрачјето на Централна Азија се проценети на 484 илјади милијарди кубни метри и тоа главно се наоѓаат во Киргистан и во Таџикистан.

Ова се државите што станаа главни енергетски дестинации, а за нас останаа целосно непознати, бидејќи политички не се на агендите на ниту еден „голем македонски лидер“ или на работните планови на кој било „тинк-тенк“. Македонската државна политика, ако е далекувида и умна, веднаш ќе си ги преуреди приоритетите. Фокусот треба да го насочи нагласено кон Големата игра. За разлика од Брисел, патот во овој регион може да го оди без блокади и уцени помогната од Турција, која ни е стратегиски партнер пар екселанс и со помош на Русија и на Кина.

Историските врски се само предност, а новата регионална улога на турскиот економски џин многукратно е поголема од пред економската криза. Фактот дека со турска помош го добивме 129-то признавање на нашата држава под националното име на годинешново заседание на ООН од страна на дваесетмилиноската Сирија, покажува кон каде треба да ги насочиме акциите за да почнат да нé есапат и нашите преферирани евроатлански содружници.
Македонија како енергетски мост меѓу Истокот и Западот

Целосна гасификација на Македонија и нејзино позиционирање како мост за движење на енергијата од Исток кон Запад. Ова се клучните цели искажани вчера на Меѓународната конференција за природен гас на балканските земји ИНГАС 2010, што се одржа во Скопје. Генералниот директор на турската компанија за дистрибуција на гас „Газбир“, Мехмет Казанчи, порача дека над 60 компании од Турција се подготвени да инвестираат во Македонија доколку се отворат портите за нив.

- Ниедна земја не може сама да ги задоволи своите енергетски потреби. Ние ќе ги разгледаме сите димензии за соработка и примена на гасот како најеколошки енергенс - истакна Билал Аслан, генерален менаџер на „Игдаш“, најголемата турска компанија за дистрибуција на гас.

Тој посочи дека 97 проценти од Истанбул имаат природен гас и граѓаните дишат најчист воздух од сите други метрополи. За разлика од Турција, учеството на природен гас кај нас е мало. Премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред учесниците на конференцијата рече дека гасот ќе биде најзначајниот енергенс во 21 век.

- Енергијата е главен предуслов од кој зависат квалитетот на нашето живеење и економскиот пораст. Во студијата за оправданост за гасификација на државата се дефинираат идните правци за развој, како и поврзувањето со меѓународните гасоводи - истакна Груевски.

Според министерот за економија Фатмир Бесими, околу 40 проценти од вкупната потрошувачка на енергија во Македонија отпаѓаат на нафта, 35 проценти на струја, 7 проценти на јаглен, 10 проценти на биомаса, 7 проценти на топлинска енергија и само 2 проценти на природен гас. Снабдувањето на земјата со природен гас се одвива преку трасата Русија – Украина – Молдавија – Романија – Бугарија - Македонија и зависи од условите, како во земјата-испорачател, така и во транзитните земји, истакна Бесими. На симпозиумот, чија цел е пренесување на турските искуства во работата со природниот гас, учествуваа претставници од енергетскиот сектор на Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Романија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Молдавија и на Словенија.



http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10910956264&id=9&setIzdanie=22104
 
Набуко е пропаднат проект.
Само Јужен тек му е мајката.
 
Битно е да се гради нешто , а чим се гради ќе има пари :)
 
За АМБО може да заборавите-този проект реално пропадна.
НАБУКО - проект от интерес на ЕУ и финансиран деловно от ЕУ. Доста трудно ке биде на РМ да се поврже со НАБУКО,можно ке биде само договарjaне на гас от првичните източници.
 
Нафтоводот до Македонија нема да е транзитен, а от вакви нафтоводи фајда нема. Има, но е за Газпром.
 
Четири компании ја планираат гасификацијата на Македонија


„Украгаспроект“ од Украина за 1,5 милион евра и три домашни компании за 1,7 милион евра ги изработуваат проектите за гасоводните магистрали во земјава
Четири компании се избрани да ја извршат техничката анализа и да изработат проекти за петте главни магистрали на гасоводниот систем низ Македонија, за што се потрошени 3,2 милиони евра. Меѓу нив е една странска компанија - „Украгаспроект“ од Киев, Украина, со која се потпишани два договора во вредност од 1,5 милион евра и три домашни компании: „Прима инженеринг“, „Диви консалтинг интернационал Македонија“ и „Дик Чакар - Партнерс“, со кои се потпишани три договори во вкупен износ од 1,7 милион евра.

Според Министерството за транспорт и врски, кое ја вршеше јавната набавка и ги потпишуваше договорите, на тендерот се пријавиле вкупно седум компании. Освен победниците, меѓу нив биле и „Идом ингенериа и консулторија“ од Билбао, Шпанија и „Балкан консалтинг“ и „МЗТ пумпи“ од Скопје.

- Првиот договор се однесува на изработка на техничка документација за магистрален гасовод од Клечовце, Кумановско, до Неготино, во должина од околу 100 км. Тој е склучен договор со компанијата „Прима Инженеринг“од Скопје. За втората и третата делница од магистралите од Неготино до Битола во должина од околу 100 км, и од Чвор Штип до Чвор Хамзали во должина од околу 60 км, е склучен договор со украински „Укргаспроект“. За четвртиот пакет, кој опфаќа техничка документација за магистрален гасовод од Чвор Хамзали до Стојаково во должина од околу 50 км, склучен е договор со конзорциумот „Диви консалт интернационал Македонија“. Во однос на петтата делница од магистралниот гасовод Скопје - Тетово - Гостивар, со можност за поврзување со Кичево, доставено е решение за избор на компанијата „Дик Чакар - Партнерс“ - велат од Министерството за транспорт и врски.

Оттаму посочуваат дека компаниите треба да ги изработат проектите во рок од 12 месеци, а тие ќе бидат основа за распишување јавна набавка за избор на изведувач, по што ќе се почне со физичка реализација на проектот.

Експерти во областа на енергетиката велат дека веќе се избрани и ревиденти на петте договори што се склучени за магистралите на гасоводот низ Македонија, кои ќе оценат како се одвива изработката на самите проекти. Но, тие потенцираат дека овие проекти се сосема одделни од најавите од Министерството за финансии и руски „Газпром“ дека Македонија ќе се приклучи на рускиот гасовод „Јужен тек“.

- Македонската гасификација, сега за сега, не е поврзана со изградбата на „Јужен тек“, туку се работи за друг проект за гасификација на земјава на кој се чека повеќе од една деценија. Техничката анализа за кракот на „Јужниот тек“ низ Македонија ќе се прави во Русија од страна на „Газпром“ - велат еден бивш вработен во државната компанија за стопанисување со гасоводната мрежа „Га-Ма“. Во зависност од резултатите на таа анализа ќе се знае дали Македонија ќе добие само крак или, пак, низ земјава ќе поминува една од главните магистрали на рускиот гасовод „Јужен тек“ кој од Русија, преку Црно Море и Бугарија предвидено е да носи гас до Австрија на север и до Италија на југ.

Експертите сметаат дека некому не му одговара Македонија да биде гасифицирана и токму затоа веќе 20 години се води судски спор меѓу државата и приватната компанија „Макпетрол“ за сопственоста врз постојната гасоводна инсталација.

- Тој спор се решава на едноставен начин, „како што Путин ги решава споровите со олигарсите“, односно со подготвен договор и пенкало пред камерите на медиумите - велат експертите.

Меѓутоа, потенцираат дека некому му одговара да постои ваков спор и гасот како евтино и еколошко гориво да не стигне до земјава. Станува збор за компаниите што се занимаваат со увоз и трговија со другите енергенси како што се нафтата и струјата. „Макпетрол“ ја има лиценцата за трговија со гас, а главно се занимава со увоз на нафта.
Горан Ризаов

Турски искуства со природен гас кај нас

686C9186ADB6814384D5E0484130A909.jpg

Споделувањето на турските искуства во работата со природниот гас со земјите од регионот е главната цел на дводневниот „Симпозиум за природен гас на балканските земји ИНГАС 2010“, што вчера и денеска се одржува во Скопје во организација на компанијата „Игдаш“, дистрибутер на природен гас во Истанбул.

- Од име на инвеститорите од Турција може да ви порачам дека над 60 компании се подготвени да дојдат во Македонија и да инвестираат доколку ги отворите портите за нив - рече Мехмет Казанчи, генерален директор на турската компанија за дистрибуција на гас „Газбир“.

Турција е земјата со најразвиена гасна мрежа во Европа, со должина од над 15.000 километри и шести најголем пазар на гас во светот. Над 60.000 луѓе работат во компаниите за дистрибуција на гас, а од дистрибуцијата на гас од Русија и Кавказот, Турција годишно заработува по 20 милијарди долари. Турција е 16-та економија во светот и во првото тримесечје од годинава има најголем раст на економијата во светски рамки.

Премиерот на Македонија, Никола Груевски, кој присуствуваше на симпозиумот, порача дека енергетскиот сектор е од првостепено значење за економиите на земјите од регионот и главниот предуслов од кој зависи квалитетот на живеењето, но и еден од најзначајните фактори за економски раст и развој.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FFE5F3E6AF43634DB8364E097E7160B7
 
Турски искуства со природен гас кај нас

686C9186ADB6814384D5E0484130A909.jpg

Споделувањето на турските искуства во работата со природниот гас со земјите од регионот е главната цел на дводневниот „Симпозиум за природен гас на балканските земји ИНГАС 2010“, што вчера и денеска се одржува во Скопје во организација на компанијата „Игдаш“, дистрибутер на природен гас во Истанбул.

-

Турција е земјата со најразвиена гасна мрежа во Европа, со должина од над 15.000 километри и шести најголем пазар на гас во светот. Над 60.000 луѓе работат во компаниите за дистрибуција на гас, а од дистрибуцијата на гас од Русија и Кавказот, Турција годишно заработува по 20 милијарди долари. Турција е 16-та економија во светот и во првото тримесечје од годинава има најголем раст на економијата во светски рамки.

Премиерот на Македонија, Никола Груевски, кој присуствуваше на симпозиумот, порача дека енергетскиот сектор е од првостепено значење за економиите на земјите од регионот и главниот предуслов од кој зависи квалитетот на живеењето, но и еден од најзначајните фактори за економски раст и развој.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FFE5F3E6AF43634DB8364E097E7160B7


Bravo bravo taka treba,samo napred..
 
Bravo bravo taka treba,samo napred..

Од: emma
Датум: 11.10.2010 09:48:45
Gasovodniot sistem e mnogu los ovdeka vo Turcija non stop ima eksplozii megutoa vo edna golema drzava ne se oseka ako edna zgrada so narod ja snema.Mozete i vie da vidite zimno vreme se zagusuvaat lugeto od gasovodniot sistem.Ovdeka e se so gas nisto nemaat skoro na struja se e poeftino megutoa ne e bezbedno zatoa Makedonski narode odlucete sto sakate????!!!!! ....
.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EB83D73BDD6C3F4B95D2DDC487475C30
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom