Професорот Јозеф Стиглиц, добитник на Нобеловата награда за економија во 2001 година, објави нова книга под наслов „Фрифол“(Freefall) во која тврди дека иднината на еврото е прилично мрачна .
Стиглиц како долгорочно решение за проблемите предлага Германија, најсилната европска економија, да го отфрли еврото и да почне повторно да користи сопствена валута, пишува „Daily Mail“, а пренесе Смедиа.
„Ако Германија го направи тоа, на еврото ќе му падне вредноста а тоа ќе го поттикне извозот на европските земји во светот затоа што производите би биле поевтини“, пишува Стиглиц во книгата.
Економските грижи на Грција и Шпанија можат повторно да ги доведат до рецесија најслабите европски економии и затоа Стиглиц предлага Европската Унија (ЕУ) да подготви некаков вид на генерален фонд.
„Без таков фонд Европа ќе биде присилена да го запре својот занимлив експеримент со еврото како заедничка валута“, пишува нобеловецот во книгата