- Член од
- 31 декември 2007
- Мислења
- 441
- Поени од реакции
- 111
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Се зборува дека во последно време била во големи финансиски загуби..епа и ќе биде..колку пари трошеше на сопствена продукција а не беше многу гледана..и нема да биде гледана ако нема турски шитови..до кое ниво спаднавме..да се мери гледаноста според турските и индиските глупости..од кои причини е продадена АЛФА ТВ?
за мене имаа најубава програма,штета што ќе снема една ваква телевизија... спортската програма со шпанско и формула со сигурност ќе преминат на некоја друга наша тв...
Турборемонт на програмата на „Алфа“
![]()
Профитот бил и е она што ја движи медиумската индустрија, како и секое друго производство и тргување. Секако дека тоа не ни го одзема правото да поставуваме прашања за штетите, особено ако профитот стане единствено мерило и критериум, вели комуникологот Климе Бабунски
Турбофолк и реални шоуа ќе доминираат во новата програмска шема на телевизијата „Алфа“, која од четвртокот е во сопственост на српската медиумска корпорација „Пинк“. Новите сопственици најавиле промени во содржините од корен, така што за речиси 99 отсто од досегашните емисии ќе нема простор на програмата, велат извори од телевизијата.
Според најавите, од вестите ќе остане единствено терминот во 17.30 часот, но неизвесно е каква ќе биде уредувачката политика на телевизијата, која досега беше препознатлива по критичкото опсервирање на работата на власта.
Неизвесно е и дали сите вработени ќе останат на работа. Неофицијално, директорка на информативната програма ќе биде Симонида Кажиќ, водителка на повеќе реални и политички шоуа и заменик-директорка на информативната редакција на ТВ „Пинк“ во Белград. Плановите на новите сопственици, според изворите на „Дневник“, се новата шема да почне од четврток на полноќ неделава.
Во Советот за радиодифузија (СРД) не пристигнало барање за промена на сопственичката структура откако досегашниот сопственик Штерјо Наков му ја продаде телевизија на Жељко Митровиќ.
- До истекот на работното време во петокот не беше пристигнато барање во врска со ТВ „Алфа“. Инаку, процедурата налага откако ќе добиеме такво барање да провериме дали тоа е во согласност со Законот за радиодифузната дејност, особено од аспект на медиумска концентрација. Ако го одобриме, го известуваме Централниот регистар за да ја внесе промената во сопственоста - вели Борче Маневски, раководител на секторот за односи со јавноста во СРД.
Новиот сопственик има обврска да го задржи форматот со кој телевизијата ја добила лиценцата за вршење радиодифузна дејност. Во случајот на ТВ „Алфа“ тоа е „претежно забавен општ формат на македонски јазик“, што подразбира дека најмалку 50, а најмногу 65 отсто од програмата треба да има забавен карактер, а информативната и образовната компонента треба да се застапени со по најмалку 5 проценти. Законот дозволува странски физички и правни лица да бидат 100-процентни сопственици на електронски медиум во Македонија.
Комуниколозите се согласуваат дека продажбата на „Алфа“, која се наметна како урбана телевизија, без да дозволи брутална комерцализација на програмата со сапунски серии и нискоморални емисии, на ТВ „Пинк“, позната токму по спротивното, е проблематична од социолошки аспект, но констатираат дека профитот е решавачки и во медиумскиот бизнис.
- Секако, не е исто да се продава цемент, мебел, храна или ТВ-станица, па затоа се разликуваат правилата за секој од овие пазари. Она што е кај нас специфика, а го нема во голем број земји е што едно единствено физичко или правно лице може да поседува, да купи и да продаде медиум. Трговијата во ваков случај оди потивко и побрзо. Значи и законската основа за општествена одговорност е стеснета, па следствено и во пракса, кај нас, концептот на општествена одговорност е непостоечки или крајно закржлавен и тоа не само кога се работи за медиуми. На пример, продавањето на Топилницата во Велес или однесувањето на партиите. Се' на се', профитот бил и е она што ја движи медиумската индустрија, всушност како и секое друго производство и тргување - анализира комуникологот Климе Бабунски.
Тој, сепак, нагласува дека „тоа не ни го одзема правото да поставуваме прашања за штетите, особено ако профитот стане единствено мерило и критериум“.
Комуникологот Петар Арсовски очекува „влегувањето на ‘Пинк’, која е голем систем независен од дневните движења на пазарот, да постави пазарни стандарди во медиумската сфера“.
- За тоа што „Пинк“ во Македонија гледа пазар за културата што ја продава, виновни сме самите ние. На нашите најголеми телевизии доминира таков тип програма. Што се однесува до општествената одговорност, по дефиниција медиумите се и јавен сервис и бизнис-објект. Во Македонија тие две улоги се во судир, а кога е таква ситуацијата, секогаш победува голиот бизнис-интерес - вели Арсовски.
Со продажбата на „Алфа“ ќе останеме осиромашени како граѓани, зашто таа телевизија внесе сериозни програмски структури, оценува универзитетскиот професор по комуникологија Весна Шопар. Таа додава дека со новата шема на таа телевизија само ќе продолжи генералниот тренд на тривијализација на нашите ТВ-куќи. (Р.Д.)
Без шпански фудбал и Формула 1?
Покрај најголем дел од информативните и забавните емисии, неофицијално во новата шема ќе ги нема и спортските термини за Шпанското фудбалско првенство и преносите од Формула 1. Дури се зборува дека новиот газда бил подготвен да ја спроведе својата замисла и покрај тоа што годишните договори за ТВ-права за спортските натпреварувања содржат и пенали за предвремен раскин.
Ќе се „посељачиме“
Продажбата на ТВ „Алфа“ на „Пинк“ беше една од главните теми за дебата на интернет-форумите во изминатите денови. Еве дел од коментарите:
- Е, сега има да се „посељачиме“;
- Од сино преминавме на портокалово, сега се' ќе биде розово, за на крајот црно и бело;
- Браво, едвај чекам, барем нема да чекам некоја од нашите телевизии да дава серија две години по прикажувањето на „Пинк“;
- „Пинк“ е само маска. „Алфа“ како еден од ретките критички настроени медиуми кон „преродбеничките“ случувања мораше да се замолчи, па „Пинк“ се јави да и' направи услуга на власта. Тоа е дил на актуелната власт со „Пинк“ и Штерјо Наков, кој ќе заработи добри пари, а и неговата шпедиција ќе види фајде.
- По радиостаниците сме како „бановина“ со српските песни, па уште и ТВ ни требаше.
http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/0C825F6CE44D2B45B3B78B356086C187.jpg
Нема да згаснат тие емисии, само ќе се распределат по другите телевизии, кој ќе плати ќе ги има во нивната програмска шема. Не би ме изненадило ако голем дел од емисиите на Алфа ги откупи МТВ, во последно време имаат некои добри потези направено.
Во Советот за радиодифузија (СРД) не пристигнало барање за промена на сопственичката структура откако досегашниот сопственик Штерјо Наков му ја продаде телевизија на Жељко Митровиќ.
- До истекот на работното време во петокот не беше пристигнато барање во врска со ТВ „Алфа“. Инаку, процедурата налага откако ќе добиеме такво барање да провериме дали тоа е во согласност со Законот за радиодифузната дејност, особено од аспект на медиумска концентрација. Ако го одобриме, го известуваме Централниот регистар за да ја внесе промената во сопственоста - вели Борче Маневски, раководител на секторот за односи со јавноста во СРД.
Новиот сопственик има обврска да го задржи форматот со кој телевизијата ја добила лиценцата за вршење радиодифузна дејност. Во случајот на ТВ „Алфа“ тоа е „претежно забавен општ формат на македонски јазик“, што подразбира дека најмалку 50, а најмногу 65 отсто од програмата треба да има забавен карактер, а информативната и образовната компонента треба да се застапени со по најмалку 5 проценти. Законот дозволува странски физички и правни лица да бидат 100-процентни сопственици на електронски медиум во Македонија.
нема шанси Боки да биде директорEden od glavnite urednici ke bide turbofolkerkata Ivona Talevska koja ne moze da im odolee na Ceca i Aca Lukas a glaven menager na celata televizija odnosno direktor ke bide veruvale ili ne Boki 13!:nerv: Jas licno ocekuvam deka toj ke napravi nekoe realno sou kako sto e Golemiot brat vo Srbija samo vo kukata kaj sto bi go organiziral toa ke stavi pederi i lezbejki.