Невремето проследено со силен пороен дожд што рано изутрина ја зафати Струмица, поплави стотици домови, дворни места, подрумски и други помошни простории, улици и јавни површини.
Претпладнето, половина Струмица пливаше во вода која од повисоките делови на градот големи количини кал, песок, разни предмети, тиња натрупа по улиците.
- Формиран е кризен штаб кој работи на терен. Во рачистувањето на градот покрај сопствениците на куќи и станови кои со моторни пумпи ја исцрпуваат водата од подрумите, ангажирани се 200 луѓе од Комуналното прептирјатие „Комуналец“ со багери и друга механизација, а во акцијата се вклучени уште 200 доброволци.
Невремето направи огромни штети. Попладнето на терен ќе излезе и општинската комисија за проценка на штети, а на оштетените граѓани локалната самоуправа во рамките на своите можности ќе продолжи да им ја дава најнужната помош, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот Зоран Заев.
Поројниот дожд, кој најсилно паѓаше изутрина меѓу 4 и 5 часот, и поплавата најмногу штети им нанесе на домовите и граѓаните на улиците „Младинска“, „Атанас Караман“, и „Крушевска република“.
Поради оштетување на главниот цевковод од браната Турија до филтер станицата и на неколку локални цевководи и друга подземна инфраструктура, половина град утрово остана без вода за пиење.
Мобилни екипи работат на теренот. Според проценките на кризниот штаб, се очекува до крајот на денот дефектите да бидат отстранети и ситуацијата да се нормализира.
Извор: Сител ТВ
Страшно! Уште кога видов синоќа дека летаат дрвја и по улиците течеше вода како некоја река знаев дека вакво нешто ќе се случи.