P
Princ
Гостин
Некои се изненадени од "убавината" на Mac OS и тоа што нема вируси за тој Оперативен систем, другите ја наоѓаат среќата во музиката на Apple, програмите за фотографија и филм но имаат работа која им влијае од Microsoft Access, Outlook или некоја друга програма од Windows компанијата, а најголем број на Mac обожавателите повремено беа тажни бидејќи некои програми работат само на Windows, на пример QuickBooks Online, AutoCad за архитекти, 3D игрите за Windows, или пак некој сајт кој "најдобро се гледа со Internet Explorer".
Секако, тука беше Boot Camp за бесплатно превземање од Apple.com. Сеуште БЕТА, значи сеуште не е технички завршен. Инсталациониот процес без некои компликации одзима околу 1 час и бара пржење на CD, ставање на Windows XP инсталационо CD и доста трпение.
При инсталацијата одбирате кој оперативен систем најчесто го користите или пак одбирате на кој оперативен систем ќе работите при стартирањето на компјутерот.
Инаку, Windows многу побрзо работи на Intel-овиот Mac.
Единствени аномалии се: морате да го рестартирате компјутерот за да се префрлите на другиот оперативен систем (губите околу 2-3 минути), не можете да копирате и пастирате од Windows во Mac и морате да ги затворите сите програми и да рестартирате ако ви треба нешто од другиот оперативен систем.
Решението пристигна минатата недела. Компанија наречена Parallels, пронајде начин да ги елиминира сите тие аномалии и да можат Windows и Mac OS да работат ИСТОВРЕМЕНО.
Името на софтверот е Parallels Workstation for Mac OS X. И овој програм е јавна БЕТА верзија, и можете да го превземите од parallels.com. Можете да се претплатите за финалната верзија за цена од 40 долари, или пак да почекате да излезе финалната верзија и тогаш ќе треба да платите 50 долари (се очекува за неколку недели). Јебига, не го даваат без пари...
Погодности: Замисли дека работиш на брошура во Mac и ти треба телефонски број од фирмата за која ја работиш брошурата а зачувана ти е во Microsoft Access база на податоци. Двоен клик на Parallels иконата, после 15 секунди кликаш YES и си префрлен на Windows. Го копираш бројот, се враќаш во Mac и го пастираш.
Патем, со Parallel Workstation можете да инсталирате било кој оперативен систем (почнувајќи од Windows 3.1, Linux, FreeBSD, Solaris, OS/2, MS-DOS), колку пати сакаш. Имаш 3 Windows XP инсталирано, едниот се инфицира со вирус? Ма избриши го слободно