Улицата Илинденска прерасна во булевар Илинден

Најголемата гужва беше на веќе проширениот дел така да растеретување ќе се осети ведаш. Проширувањето кон К4 според мене треба да има низок приоритет (во споредба со Јаја Паша на пример), зошто Илинденска беше многу заглавена од сообраќај кој се слева од или кон Момин поток, односно другата страна од Вардар, што со сегашното проширување е средено како проблем.
Е да, Јаја Паша некој напишал дека се градат згради ... не е точно, има доволно место за да се доправат уште по 2 ленти по должина до Бутел 2. Ова треба да е висок приоритет за градот зошто не станува збор за мала населена површина или мал број жители кои во моментов се многу лошо сообраќајно поврзана со центарот (за разлика од К4 и сл.).
Од лично искуство оние кои живеат од К3/4 па натаму незнаат што значи да го мразиш времето кога треба да си одиш дома после работа ... ова не е претпоставка, не се фрустрации и шоферски псовки додека чекам на семафори, туку заклучок од реално редовно возење во двете насоки. И без булевар Илинден неможев да се начудам кога некој од К4 ќе кажел нешто во стил „леле колку гужва имам кога си одам од работа“. Пффф една недела по казна да живее во Бутел или Радишани и никогаш повеќе во животот не би кажал такво нешто, туку веројатно би донирал 1-2кг битумен од сожалување само за да се реши и тој дел.
Чисто процедурално ... како се вика улицата после семафорите ка Александар Палас? До таму се вика булевар Илинден а натаму останува Илинденска?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom