Радио-дифузната такса ќе ја собира УЈП

  • Креатор на темата Креатор на темата The_LiGhT'
  • Време на започнување Време на започнување

The_LiGhT'

Stop DISCRIMINATION
Член од
29 април 2009
Мислења
587
Поени од реакции
123
Локација
N'veri t'maqedonis...
Наместо МРТВ, радио-дифузната такса од 1 Јануари ќе ја собира Управата за јавни приходи. Власта го менува начинот на наплата, со цел граѓаните веќе да не можат да ја избегнуваат оваа јавна давачка, што изнесува 130 денари месечно.

Во иднина, присилната наплата, наместо извршителите ќе ја вршат даночниците. Граѓаните што нема да плаќаат до 15-ти секој месец, ќе ги сметаат како затајувачи на данок. Парите сосе каматата за доцнењето ќе им бидат присилно наплатени, а ќе им се наплати и глоба според законот за даночна постапка.
Управата за оваа работа ќе си задржува по три проценти од вкупно наплатената сума.
„Предложените измени на законот за радио-дифузна такса се во насока на овозможување на стабилен систем за наплата на радио-дифузна такса, со тоа и поголемо функционирање во рамки на една сопствена, финансиска независност на МРТВ, што досега претставуваше и забелешка на ЕУ, во извештаите за Република Македонија“, изјави Драган Симоновски, портпарол на Министерството за транспорт и врски.
Владата самата си ги подготвила измените на законот, кој веќе е во собраниска процедура. Не се консултирала ниту со Советот за радиодифузија, ниту со експертите што учествуваа во неговата подготовка. Еден од нив, Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиуми предупредува - вака предложените измени не гарантираат независно финансирањето на јавниот сервис.
„Да не се појави буџетот како „бафер“ кој што ќе ги апсорбира парите, па после тоа да зависи од потписи на министрите или од службениците во министерството за финансии, за нивното дистрибуирање до крајната одредница, затоа што ако остане така, дава можност за политичка контрола со тоа што -пуштам , не пуштам пари, и на таков начин да се продолжи со контролата на јавниот сервис “, рече Роберто Беличанец, Центар за развој на медиуми.

Во Европа нема пример УЈП да наплаќа такса за радио-дифузија. Најблизок модел е францускиот - таму таа е составен дел од локалните даноци. Најчесто во земјите од ЕУ, наплатата ја вршат или посебни агенции или пак таа е составен дел од сметките за струја.
Во Велика Британија таксата си ја собира самиот Би- Би -Си, но минатата недела донесе одлука да ја замрзне наплатата до 2012-та, поради финансиските потешкотии во кои западнале граѓаните поради светската економска криза.
Таксата целосно е укината во Белгија, Кипар, Унгарија, Холандија. Јавните сервиси во овие земји најчесто се финансираат директно од буџетот, но властите таму не ни помислуваат да влијаат на нивната работа.

a1.com.mk

P.s. Abe ovie od vladata normalni li se, sto e ova sekoj mesec po 130 denari da ni zemaat koga sekoj mesec plakame za kablovska ili za dvb-t po 450+ denari, zosto ne im gi zemaat na niv po 3% za site gragani tuku treba posebno da plakame.:kesa:
 
P.s. Abe ovie od vladata normalni li se
Очигледно не се The_Light, плаќаме неколкупати за телевизија...истото еднаш се думав и не можев да заклучам зошто, освен дека навистина не се саглам.
 
Не салам работа, треба да им ја наплатуваат оваа такса на кабелските и други ТВ оператори. Слушнав дека и по фирми ќе наплатувале таква такса, независно дали во фирмата има ТВ. Будали се овие:tapp:
 
Таксава не ја разбирам баш. Ова значи демек за да ја гелдаме МРТВ9било која 1-3) треба да плаќаме 130 денари или.........
Ако е така, ќе ја изгасам па може и ќе се плаќа. И така ништо, ама баш ништо квалитетно нема. И тоа што го имаа го изгубија.

Ако не е како што мислам, нека ми ојасни некој поконкретно.
 
Jas kako sto razbrav od vestite demek upravata za javni prihodi ke gi sobira parite ili ako imas transakciska smetka na nekoja banka i televizorot e na tvoe ime tie sami ke ti gi zemaat 130 denari bez da se macis ti.:tv::uvo:
 
Очигледно не се The_Light, плаќаме неколкупати за телевизија...истото еднаш се думав и не можев да заклучам зошто, освен дека навистина не се саглам.
многу ги мешате работиве,оваа радио-дифузна такса се плаќа во цела европа,таа нема врска со кабловската...овие пари ги добива како и во секоја држава во Европа,само државната ТВ...
еве еден пример за Германија:радио-дифузна такса се наплаќа на секој 3 месеци за еден телевизор(околу 85 евра),ако поседуваш 2-3 и повеќе телевизори мораш за сите посебно да плаќаш,иначе казните се многу ригорозни знаат да бидат и до 10 000 евра..сите овие пари одат за државната радио и телевизија...значи секој приватен,фирма,угостител мора да си плати радио-дифузна такса...
јас плаќам радио-дифузна такса,кабловска ,Тотал ТВ и Скајспорт-Германија,годишно ме кошта све ова околу 1 400 евра(просечна плата во германија 1 300 евра)само за споредба..

Значи ништо ново не измислиле нашиве,само презеле од Европа....
 
За наши македонски услови, национална телевизија е прескапа работа, и ова е една од работите што треба да ја укинеме.

Не ни треба, а и не ни пасува, заради политичката клима, таа е сведена на мизерно ниво, дури да ти е жал што и се случува. Дури и Агенција за радиодифузија не ни треба повеќе, голем дел од надлежностите, преминаа во Агенцијата за телекомуникации, што е нормално со огледдека сите нови сервиси се на IP технологија. Веќе сите радија во домашни услови се слушаат на интернет, а сега веќе и телевизиските канали.

Евентуално архивите и другите сервиси ќе се одржуваат на државна цицка, ама тоа ќе биде далеку помал трошок.
 
многу ги мешате работиве,оваа радио-дифузна такса се плаќа во цела европа,таа нема врска со кабловската...овие пари ги добива како и во секоја држава во Европа,само државната ТВ...
еве еден пример за Германија:радио-дифузна такса се наплаќа на секој 3 месеци за еден телевизор(околу 85 евра),ако поседуваш 2-3 и повеќе телевизори мораш за сите посебно да плаќаш,иначе казните се многу ригорозни знаат да бидат и до 10 000 евра..сите овие пари одат за државната радио и телевизија...значи секој приватен,фирма,угостител мора да си плати радио-дифузна такса...
јас плаќам радио-дифузна такса,кабловска ,Тотал ТВ и Скајспорт-Германија,годишно ме кошта све ова околу 1 400 евра(просечна плата во германија 1 300 евра)само за споредба..

Значи ништо ново не измислиле нашиве,само презеле од Европа....
Е сеа...секој месец трчам по банки (гужви во сабота затоа што работат само до 4-5 попладне), ми наплаќаат провизија (стопанска ми побара 70 денари без разлика на сумата, затоа што МТВ биле преку комерцијална, а во комерцијална редица до врата :) ). Наместо да пуштат инкасатор, МТВ ми наложуваат да се растрчувам низ градот каде најмала провизија е 10-15 денари. Тоа значи плус една претплата за 12 месеци и добри провизии за банките.
Сега доколку треба да се оди во УЈП, во тие гужви и администрација лесно се губат нерви.
Ова се големи малтретирања на граѓаните во државата каде "се воведе едношалтерски систем"

Инаку во таков случај за радиодифузна такса/кабелски...кабелските би требало да ги затворат фреквенциите за нашите национални телевизии затоа што плаќаме 2 пати.
 
МТВ за жал е катастрофа од телевизија не само за технологија туку и за програмска шема. На секој полсат си ги пуштаат рекламите нарачани од владата. Не сум против рекламите ама навистина претеруваат, по сто пати на ден ги пуштаат.

Ај убо, нека се плаќа кога решиле, само се надевам дека парите ќе одат за да се подобри телевизијата, а не да направат нови реклами и да му ги пуштат да ги гледам додека не ме лоботомираат.
 
Да им плаќам да ме трујат со ,,проектите на владата,, Оф мори мајко, шо имам згрешено
 
Не гледам МТВ и не плаќам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom