ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Анен ќе ја брани круната против Ана Ивановиќ
Светската тенисерка број 1, Жастин Анен остана на добар пат да стигне до редок хет-трик од Ролан Гарос, откако ја декласираше Србинката Јелена Јанковиќ со 6:2/6:2 за пласман во саботното финале. Првата носителка Анен, која може да стане првата тенисерка со три титули по ред од Ролан Гарос по Моника Селеш во 1992, за титулата ќе се бори со уште една тенисерка од Србија, Ана Ивановиќ.

Во своето второ полуфинале на еден гренд слем турнир по минатогодишниот УС Опен, 22-годишната Јанковиќ не успеа да ја покаже својата игра кога беше најпотребно. Со својот слаб сервис, таа не беше вистинска закана и загуби по само 80 минути игра.

25-годишната Анен, која освен победите во 2005 и 2006 има титула и во 2003 ќе се врати на првото место на ВТА листата следната недела, откако Марија Шарапова загуби во второто полуфинале.

"Очекував потешка битка против Јанковиќ. Сите наши предходни дуели беа премногу тесни и затоа сакав да бидам во контрола од стартот. Таа беше деморализирана од својто сервис и на крајот беше многу лесно. Но, нема да биде така против Ивановиќ", вели Анен.

Анен направи брејк во четвртиот гем по неизнудена грешка од Јанковиќ и потоа во осмиот гем и го освои првиот сет за само 37 минути. Актуелната шампионка, повторно во својата најдобра форма по распадот на бракот и повлекувањето од Австралискиот Опен, повторно направи брејк во четвртиот гем, а Јанковиќ се врати со брејк во следниот гем, за повторно да игра слабо на свој сервис
http://www.sport.com.mk/?ItemID=5FDF2A501E71574BAACDF2D9EB715
 
Хенин го освои Роланд Гарос за 1 час и 5 мин ја победи Иванович со 6-2 6-1 така нешто беше:)..
 
прв гем, Иванович направи брејк...бтори гем водеше 40-0 и можеше да направи 2-0...али оваа Хенин 5поени по ред зема и направи ребрејк, така од тогаш топка не можеше да погоди Иванович
 
Анен победи. Преку глава ми е од неа веќе! Сега уште малку и ќе започне финалето меѓу Надал и стариот добар Федерер. Сигурен сум дека Федерер ќе победи. Конечно и тој да го освои францускиот песок!
 
Vlatko_Rusin напиша:
Анен победи. Преку глава ми е од неа веќе! Сега уште малку и ќе започне финалето меѓу Надал и стариот добар Федерер. Сигурен сум дека Федерер ќе победи. Конечно и тој да го освои францускиот песок!

Ќе биде тешко Надал е неприкосновен на земја тешко Федерер да тепа...јас бев за Џокович ама дека не се пласираше сега сум за Надалto e to...ке видиме што ке се случи:)
 
ајде почна 1-1 сега за сега
 
Федерер ќе победи, без разлика што натпреварот се игра на земја.
 
многу добро игра федерер за сега...мечов ке отупи 5саати :helou:

ЕДИТ- само што пишав надал праи брејк :vozbud:
 
Слабо му оди на Роже. 2-1 во сетови губи, покажува знаци на замор. А да напоменеме дека Надал е најдобро подготвен на физички план.
 
доминантно до 3титула по ред на ролд гарос, честитки!
 
Браво за Надал. Тоа е. You cant win them all.
 
Леле колку добар натпревар помеѓу Рафаел Надал, и Роџе Федерер, ама победи подобриот, секако Надал. За Надал навивав, незнам зошто, ама некако ме нервираше Федерер..... Браво за Надал. :)
 
Толку од Роланд Гарос сега се чека следен гранд слем турнир:)..со надеж дека Џокович ке го освои
 
Била Бонг напиша:
Толку од Роланд Гарос сега се чека следен гранд слем турнир:)..со надеж дека Џокович ке го освои

нене за на вимболдон типувам на Марио Анчич...ако доволно се опоравил од повредата, инаку специјалност негова е тревата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom