Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
Голема донација 10 тони храна, облека, средства за хигиена и училишен прибор за Македонците во Албанија.
Акцијата ја организира комисијата за труд и социјална политика на ВМРО ДПМНЕ.
Се одлучиле на овој чекор поради мизерните услови во кои живеат нашинците од другата страна на границата. Помошта е собрана и натоварена во камионите се чека само на документите за транспорт.
Неопходните средства за живот ќе бидат поделени на околу 16.000 граѓани кои живеат во општините Острени, Требиште и Стеблово.
Во некои од селата се уште нема струја, се користат септички јами, а вода пијат од бунари. Алармантно е што најблиската амбуланта им е на 60 до 100 километри, а до неа може да се стигне само со комби возило.
-Лекови во оваа пратка нема, ние разговаравме со нив и рекоа дека им треба храна, облека и средства за хигиена, вели Даниела Караѓозоска, претседател на комисијата за Труд и социјална политика на ВМРО ДПМНЕ.
Храната е донација од Тинекс, Витаминка и Жито Лукс, а облеката е од Ротари клубовите од Скопје и членовите на комисијата за труд и социјала на ВМРО ДПМНЕ.
Оваа хуманитарна помош е прва што ќе биде поделена надвор од земјава. Организаторите најавија дека слична ваква акција ќе биде организирана и за жителите на Гора во Косово.
фала ****у, после 20 години независност, подадовме рака на нашите
навистина браво
