Истрага за корупцијата на Дојче Телеком во Македонија и Црна Гора

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Конкретно во периодот 2000-05 година. Златните години на Бранко. Некој дебело се нафатирал, како странски консултанти така и домашни.

Туку што стана со она копилето од Автралија, оној лузер кој што продаваше муда за бубрези во Телекомот за времето на Љупчо Татарот, а кој подоцна му се продаде на Каракачанов?

“...The inquiry covers the period from 2000 to 2005, when units of the Hungarian telecommunications company, Magyar Telekom, made €31 million, or about $40 million at current exchange rates, in improper payments to consulting companies and lobbying firms in Macedonia and Montenegro, according to Deutsche Telekom’s own investigation. Magyar Telekom owns 51 percent of Makedonski Telekom in Macedonia as well as 77 percent of Telekom Montenegro.

Deutsche Telekom owns 59.8 percent of Magyar Telekom.
At the time, both Macedonia and Montenegro were considering opening their telecommunications markets to more competition, which would have increased the number of rivals faced by Deutsche Telekom in the Balkans. ...’’

http://www.nytimes.com/2010/09/16/technology/16telekom.html?src=busln
 
Туку што стана со она копилето од Автралија, оној лузер кој што продаваше муда за бубрези во Телекомот за времето на Љупчо Татарот, а кој подоцна му се продаде на Каракачанов?
Ден Дончев? Тој беше умешан у телекомот, после има славено на маса со Каракачанов и Минаха години. Тој мислам дека сега е "анал-итичар"...или на друг мислиш?
 
Да, да, на таа вошка мислев.

Тој аналитичар? Каде?

И прашањеето е дали е вовлечен во аферава?

Сепак има период (2000-02) каде што се поклопува корупцијата со Германциве.
 
Ехеее добро утро...
За вакви ситуации треба само целосно монополизиран пазар во случајов телекомуникации,продажба на странци и потоа взаемно дерење на народот преку цените...
А поделбата преку “консултантски фирми“ и слични легални малверзации...
 
Ехеее добро утро...
За вакви ситуации треба само целосно монополизиран пазар во случајов телекомуникации,продажба на странци и потоа взаемно дерење на народот преку цените...
А поделбата преку “консултантски фирми“ и слични легални малверзации...
 
Дончев колку што можев да погледнам низ информациите, до скоро бил во потпретседателството на вмро-дпмне. најверојатно од пред некое време е во Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, а во меѓувреме, постојано пласира колумни и интервјуа низ различни медиуми (од Шпиц, Утрински, јади бурек...до Капитал). Во тие написи ги критикува постапките посебно во економијата на своите некогашни (до лани) соборци од вмро. Така, најдов критика дури и за дивидендата од Усје, испуштањето работници од Телекомот и слични написи во за состојбите во чие креирање тој директно или индиректно (како економски стручњак, нели) учествувал. Сите тие експерти/стручњаци, колумнисти, економисти се бивши учесници во матните зделки на приватизациите.
Баш ме интересира каква е неговата поврзаност со телекомот.
Бтв, еве што вели Дончев за оваа афера/пљачка
Македонија | 17.09.2010

Кој го штитеше монополот на Телеком на македонскиот пазар?


Еден од четворицата поранешни директори во Мактелеком обвинети за тежок криминал е сослушан во мај годинава. По останатите се’ уште се трага со потерница. Што вели за овој мега скандал, тогашниот директор Ден Дончев?
Истрагата е во тек, еден од поранешните директори во Мактелеком по кого беше распишана потерница е сослушан, останатите тројца се’ уште се недостапни за истрагата, изјавија за Дојче веле во скопскиот суд каде се води предметот за малверзациите во македонски Телеком тешки неколку десетици милиони евра. Во судот не откриваат повеќе детали во интерес на истрагата. Поранешните менаџери се обвинети дека со злоупотреба на функцијата на незаконски начин од компанијата испумпале 24 милиони евра. Две години откако е обелоденет овој случај е се’ уште без епилог. Криминалот го откри интерната истрага нарачана од странските сопственици на мобилниот и фиксниот оператор во Македонија, а потоа наодите на Маџар Телеком односно Дојче Телеком ги потврди и полицијата. Во извештаите на американските инспектори, кои ја водеа истрагата се откри дека голем дел од проневерените пари се потрошиле за лобирање кај македонската Влада за да се добие посебна регулатива на пазарот и други бенефиции. Истрагата не откри докази за вмешаност на владини функционери и поединци но, полицијата најави дека ќе ја прошири истрагата бидејќи се утврдило дека директорите уништувале материјали.
Кој го штител монополот на компанијата во Македонија, го праша Дојче веле Ден Дончев директорот на Телеком во времето на приватизацијата? „Не располагам со докази, но фактите покажуваат дека не се исполнија државните интереси. Самиот чин на продолжување на монополот во фиксната телефонија две или три години по законски предвидениот рок покажува дека одредени институции не ги исполнија своите обврски за либерализација на овој сектор.“
Во Германија се води истрага, дали Дојче Телеком во периодот од 2004 до 2006 година подмитувал политичари во Македонија да ја спречуваат конкуренцијата во телекомуникацискиот бизнис? Во изјава за Дојче Веле тогашниот премиер Владо Бучковски вели дека има доволно показатели за можни злоупотреби, но тврди оти неговата влада не била вмешана.
Во 2005-та година, кога наводно започнале сомнителните трансакции за евентуално лобирање, можат евентуално да бидат поврзани само за еден проект, кој тогаш беше круцијален воопшто за сите присутни на пазарот во Република Македонија, тоа е законот за електронски комуникации. Тој законски проект беше под лупа и на Европската комисија, затоа што беше еден од условите, од кои зависеше и кандидатскиот статус на Република Македонија. Значи инволвираноста на Европската комисија, инволвираноста на повеќе експерти, кои во тоа време беа од USAID, GTZ, остава сега простор за дилема, дали евентуално во тој дел, пред да дојде тој законски текст во парламентот, е правена определена злоупотреба. Но, во секој случај, додека јас бев претседател на Владата немаше ниту една опиплива каква било информација, која можеше да навестува такво нешто.“
Мнозинскиот пакет акции во 2001 година беше продаден за 350 милиони евра. Сега државата поседува 35 проценти од капиталот во Телеком.
Овде секој жив пљачка. И политичари и странски експерти и УСАИД (и еу институциите-тоа е и нивна намера на крај краева- сиромашна Македонија без инвестиции е цел на европјаните, а домашните сесрдно помагаат)...све по список.

Затоа и сме останати на дното.
 
Латко,не си прав,Груио и сега продава муда за б'бреци.......
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom