Од акционерско друштво вредно околу 14 милиони евра, фабриката за кабли Неготино станала друштво со ограничена одговорност со оснивачки капитал од само 5 илјади евра.
Исто име, иста адреса, но ни денар за малите акционери, доверители и вработените кои останаа на улица.
Скандалозна трансформација направена од бугарскиот бизнисмен кој пред 3 години преку бугарската компанија МЕГА ЕЛ превзема мнозинство од акциите во неготинската фабрика.
При купопродажбата се обврзал да исплати инвестициски трошоци од околу милион ипол евра на претходните сопственици. Фабриката ја наследил со околу 500 работници.
Но наместо да ги исполни своите обврски, бугарскиот инвеститор го пререгистрирал акционерското друштво, го префрлил целиот имот на новата фирма и оставил на работа само околу 100-тина вработени на кои им должи вкупно 12 плати. Акционерското друштво повеќе нема вредност. Од него доверителите не можат да ги наплатат своите побарувања.
Бугарскиот бизнисмен денеска не беше расположен да одговори на нашите прташања - каква е неговата одговорност во случајот и како ја пререгистрирал фирмата. За него најважно беше како сме дошле до неговиот телефонски број.
Продавачот на мнозинските акции поседува извршни пресуди за наплата на своите побарувања, но обезвреднетата компанија не може да го покрие нивното побарување. Измамените очекуваат одлука на неготинскиот суд за конечно да го добијат она што им следува.
До кога бе вака...:jaj: