Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Интересна тема другар,браво што си ја потегнал.Јас се заинтересирав за Шпанската граѓанска војна кога ја читав ,;За кого бијат камбаните,,(му ја препорачувам на секој што го интересира оваа тема а и општо секој што го сака воениот роман)и меѓу другото бараќи налетав и на Македонските борци кои биле таму праќани преку КПЈ.Најпознат од овие борци е Алексо Демниевски Бауман.Инаку тие биле дел од ,,Интернационалните Бригади,,кои биле составени од борци од цела европа(па и пошироко)и се бореле на страната на републиканците против силите на Франко.
 
Цветко Узуновски - Абаз................
 
А овој Алексо Демниевски Бауман, од каде е? Погинал ли таму, преживеал..?

Иначе, да не глумам некое лудило, јасно дека биле праќани преку младата КПЈ (во тогашна Краљевина Југолсавија). Па така со оглед на тоа дека момциве биле комунисти, исто така ме интересира дали некој кај нас, па и еве во поранешна СФРЈ, нели после WW2, се нафатил и да напише и ги собере нивните сведоштва, како и причините поради кои преку младата КПЈ се приклучле како учесници во Шпанската граѓанска војна...

Фала за информацијата...
 
Еве биографии од некои од наши по познати борци во Шпанската Граѓанска Војна читни ќе ти се разјасни кои биле причините за одење,тоа било всушност тренд кај младите комунисти во светот во тоа време и чин на храброст и пожртвуваност...

Ганчо Хаџипанзов
Трајко Мишковски
Алексо Демниевски-Бауман
 
Елисије Поповски-Марко
 
Пред отварањето на нови теми, ве молам проверете дали истата тема веќе е започната порано, за да не се дуплираат дискусиите и да има подобар преглед на материјалите.

Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна

http://forum.kajgana.com/threads/Македонци-учесници-во-Шпанската-граѓанска-војна.44070/
 
ааааааааа.. океј.. фала ти за инфото .. не сум проеврил добро.. пред некој ден ми текна за темава, па решив да пишам.. в ред..

добро е што си ставил фотки од книгите од каде што си ги исцрпил тие информации.....

супер..
 
Еве биографии од некои од наши по познати борци во Шпанската Граѓанска Војна читни ќе ти се разјасни кои биле причините за одење,тоа било всушност тренд кај младите комунисти во светот во тоа време и чин на храброст и пожртвуваност...

Ганчо Хаџипанзов
Трајко Мишковски
Алексо Демниевски-Бауман

Касарната во Велес http://wikimapia.org/5797809/mk/Касарна-Алексо-Демниевски-Бауман е именувана во негова чест.
 
Уште многу има за проучување во нашата историја. Само најновиот период (за другите да нема муабет) нуди неисцрпни можности. Шпанските борци - на нив обично се гледало како на закоравени комунисти, верни на комунистичката идеологија и посебно на СССР и на Сталин. Затоа по Резолуцијата на ИБ (1948), многу од нив во Македонија си го окркале од Тито и од „другарите“. Во таа смисла, карактеристичен случај, но никако единствен, е оној на Трајко Мишковски.
Од друга страна пак, барем еден од нив, независно од тоа што правел во Шпанија, тука не се прославил по добро. Мислам на Цветко Узуновски Абас. Доживеа да ја види Македонија независна, ама како и Колишевски и Гигов и некои други, го одмина сосем оправданата морална, човечка и историска дискредитација и заслужената казна.
 
Добра е темава, незнаев дека била отворена.Тоа што сум читал за
Шпанија е само малку некој “српски“книги пред 30 год.Само за Македонците
и во нив има многу малку.Па така се сетив на овие .
-За (не) делата на Абаз во НОВ:на пр. еден случај со стрелањето на Ленка
.може да напише некој ако знае повеќе.
 
Елисије Поповски-Марко
--- надополнето: 6 јануари 2012 во 18:50 ---
Елисије Поповски-Марко
--- надополнето: 6 јануари 2012 во 19:57 ---
Владимир Арсовски- шпански борец (1910-Неготино).
По завршувањето на среднотехничкото училиште како геодет работел
во Скопје, Шабац и Пеќ.Прогонуван од тогашниот режим преминува во
Советскиот Сојуз во 1932 година.Владимир наклонет кон науката ,
станал студент на Вороњешкиот универзитет.Тука тој е избран за
секретар на Комсомолот.Има голема љубов кон воената обука, а
особено ги сакал тенковите.Со започнување на шпанската граѓанска
војна КПЈ се определила за страната на Републиканската армија и за
одбрана на револуцијата.Владимир го прифатил овој повик и земал
учество. Бореиќи се во далечната Шпанија,тој тоа го правел со
убедување дека така се бори и за слободата на својот поробен народ
во Македонија кој долги векови е во ропство и угнетување.
На 9 декември 1936 година пристигнал во Шпанија и веднаш барал
да оди на фронтот.Во почетокот на 1937 година се нашол во тенковска
единица на Мадритскиот фронт на реката Харама.Борбите на оваа река
биле многу тешки и крвави.Младиот тенкист од Неготино бил бестрашен
и со својата храброст на сите им служел за пример.Во борбите знаел
само едно : “Победа или Смрт“- друго решение немало.Ете затоа му е
доверено да управува со тенк со кој испукал стотина гранати против
фашистите.Но за жал и храбрите не ги одминува смрта.
На 2 февруари храбро загинува и со својата крв ги натопува
далечните жедни шпански полиња македонскиот борец инаку наречен
Олјет Чистав-Владимир Арсовски.На Харамскиот фронт бранејќи ја
републиканската Шпанија од фашистичките орди во една жестока
борба тенкот со кој управувал Владимир бил погоден со граната и
вивнал во пламен.Скокајќи од тенкот бил погоден со вкрстени рафали
и покосен паднал на земјата лајтнантот Ѓорѓевиќ, под кое име се
водел во шпанската граѓанска војна.
-------------------------------------------------------------------------------------------
“И да не Ви биде жал што
јас уште безброј пати
капка по капка
до последна капка крв
за таа идеја би ја дал!!!“
Од поемата на поетот Нуаромост Видир Де Родилјас.
каде е делото на Владо е овековечено.
-----извор:Неготински денови на незаборав-Боро Чаушев
 
Владимир Арсовски- шпански борец (1910-Неготино).

----------------------------------------------------------------------------------------
“И да не Ви биде жал што
јас уште безброј пати
капка по капка
до последна капка крв
за таа идеја би ја дал!!!“
Од поемата на поетот Нуаромост Видир Де Родилјас.
каде е делото на Владо е овековечено.
-----извор:Неготински денови на незаборав-Боро Чаушев
Еве инфо и фотографија за Владимир Арсовски (1910-1937) од македонската "забранета" енциклопедија.

Vladimir_Arsovski_Makedonec_zaginat_vo_Spanska_graganska_vojna.png
 
-благодарам Ченто
јас немам можности и незнам да “пресликувам“-добро е ова
а ова -забранета енц...првпат слушам,значи не е за јавност
денес читав за доброволци нашинци и од Пиринска Македонија
за шпанскиот фронт.Тоа што ќе најдам, во читална или архиф не
сум влегол, со шлем, ракавици и чекан нема ни да ме пуштат.
-треба овие работи да ги има почесто “на денешен ден“ ама
кај нас во кајгана.Има секој ден нешто за нашата историја.
 
Писмо до Македонец - учесник во Шпанската граѓанска војна (1936- 1939 година)

971468_682842858408274_2021918076_n.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom