--- надополнето: 6 јануари 2012 во 18:50 ---
--- надополнето: 6 јануари 2012 во 19:57 ---
Владимир Арсовски- шпански борец (1910-Неготино).
По завршувањето на среднотехничкото училиште како геодет работел
во Скопје, Шабац и Пеќ.Прогонуван од тогашниот режим преминува во
Советскиот Сојуз во 1932 година.Владимир наклонет кон науката ,
станал студент на Вороњешкиот универзитет.Тука тој е избран за
секретар на Комсомолот.Има голема љубов кон воената обука, а
особено ги сакал тенковите.Со започнување на шпанската граѓанска
војна КПЈ се определила за страната на Републиканската армија и за
одбрана на револуцијата.Владимир го прифатил овој повик и земал
учество. Бореиќи се во далечната Шпанија,тој тоа го правел со
убедување дека така се бори и за слободата на својот поробен народ
во Македонија кој долги векови е во ропство и угнетување.
На 9 декември 1936 година пристигнал во Шпанија и веднаш барал
да оди на фронтот.Во почетокот на 1937 година се нашол во тенковска
единица на Мадритскиот фронт на реката Харама.Борбите на оваа река
биле многу тешки и крвави.Младиот тенкист од Неготино бил бестрашен
и со својата храброст на сите им служел за пример.Во борбите знаел
само едно : “Победа или Смрт“- друго решение немало.Ете затоа му е
доверено да управува со тенк со кој испукал стотина гранати против
фашистите.Но за жал и храбрите не ги одминува смрта.
На 2 февруари храбро загинува и со својата крв ги натопува
далечните жедни шпански полиња македонскиот борец инаку наречен
Олјет Чистав-Владимир Арсовски.На Харамскиот фронт бранејќи ја
републиканската Шпанија од фашистичките орди во една жестока
борба тенкот со кој управувал Владимир бил погоден со граната и
вивнал во пламен.Скокајќи од тенкот бил погоден со вкрстени рафали
и покосен паднал на земјата лајтнантот Ѓорѓевиќ, под кое име се
водел во шпанската граѓанска војна.
-------------------------------------------------------------------------------------------
“И да не Ви биде жал што
јас уште безброј пати
капка по капка
до последна капка крв
за таа идеја би ја дал!!!“
Од поемата на поетот Нуаромост Видир Де Родилјас.
каде е делото на Владо е овековечено.
-----извор:Неготински денови на незаборав-Боро Чаушев