Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
Па и јас на тоа се надевав. Или да каже не може(доколку му пречи) или да дојде и он за Скопје. Тој ме остави јас сама да решам, а свесен е дека и двајцата го поканивме да дојде за Македонија во јули/август.
Не е работата јас да излезам ангелче во ситуацијата, демек еве јас сакам да дојдеш ама дечко ми се противи, но сепак за овие работи се разговара, и се прави на сите тројца да ни одговара.
Еееее па шо се замараш и ти, нека не доаѓа ич и готово. Ни ти ќе се нервираш ни дечко ти ;)
 
Ај сега и ти не ме плаши. Не сака да општи со мене, точка. :(
Тогаш која би била поентата да биде сам со тебе недела дена? Нејќел да плаче пред дечко ти, кој btw е негов другар пфффф лажги со опашки...Само цела работа е, претпоставувам западноевропски менталитет па си вика чекај ќе поопштам малце да се опуштам, нема да му смета на другар ми..Арно ама ова е Балкан па тоа нема да пројде, ваљда :)
 
Тогаш која би била поентата да биде сам со тебе недела дена? Нејќел да плаче пред дечко ти, кој btw е негов другар пфффф лажги со опашки...Само цела работа е, претпоставувам западноевропски менталитет па си вика чекај ќе поопштам малце да се опуштам, нема да му смета на другар ми..Арно ама ова е Балкан па тоа нема да пројде, ваљда :)
Знаеш и јас се плашев дека единствена цел му е тоа. Ама онака сама си се лажам, не бе не, нема шанси да се обиде нешто... Затоа решение на проблемот, се додека не дојде дечко ми за Скопје нема да дојдеш ни ти. Ако треба ќе седам 24/7 на скајп и ќе те пазам да не си свирнеш куршум.
Боже колку сум наивно и глупо понекогаш, се нервирам.... :place:
 
Ај сега и ти не ме плаши. Не сака да општи со мене, точка. :(

Неса ти кажав и јас, и ќе ти кажам со зборојте на нашата легенда:

„Ја све што имам да му кажам, ќе му кажам у душек“ (Шабан Трстена).

Сеј си мадро, да не ојш модра, карта една од аеродром кај дечкоти нека си ој, нек си плачат до миле воље, не си црвен крст де..
 
Знаеш и јас се плашев дека единствена цел му е тоа. Ама онака сама си се лажам, не бе не, нема шанси да се обиде нешто... Затоа решение на проблемот, се додека не дојде дечко ми за Скопје нема да дојдеш ни ти. Ако треба ќе седам 24/7 на скајп и ќе те пазам да не си свирнеш куршум.
Боже колку сум наивно и глупо понекогаш, се нервирам.... :place:
Прво не ми е јасно тој со кој памет тоа го прашал дечко ти...Ок една работа е другарство разбирам ама еве за пример ќе се поистоветам со него. Имам другар, има девојка, и барам од него недела дена да бидам сам со девојка му. Епилог, или ќе ме утепа другарот на лице место, или....утепа на лице место :))
--- надополнето: 14 февруари 2013 во 01:11 ---
Само да дополнам ова е мое мислење, ако не дај боже се утепа типот, нејќам да го носам на душа така да сама одлучи си :))
 
Не може на дечко ти да му биде сеедно дали ќе дојде типот од Чешка кај тебе или не, треба да разговарате отворено. Без разлика дали он го познава подолго, претпоставувам дека ти знаеш дури повеќе работи за него отколку дечко ти, затоа што нели они двајца се гејм-другари, а ти си му другарка за љубовни проблеми и сл. Не знаете ни кој е, ни што е, освен тоа што тој ви го прикажал за него. Според коментариве, ако он стварно размислува да се убие со пиштолот што си го купил, не е токму дефинитивно. А ако не е токму, он некогаш, било кога, може да направи глупост без разлика сакала ти или не. Така да мој совет, денес немај доверба во никој и не прибирај секој дома, а овој е баш СЕКОЈ, со оглед на тоа дека се познавате само преку интернет. Којзнае какви намери има, има секакви луѓе што прават секакви работи, странциве па поготово знаат да влагаат у филмови. Така да мој совет разговарај убаво и отворено со дечко ти, и во никој случај не му дозволувајте да дојде. Утеши го колку можеш преку скајп, не го блокирај, не го бриши, ама ништо повеќе од тоа. Со лесно !
 
Малку беа жалења од македонија сега ќе треба од чешка да почнат да се жалат по форумов :pos:
Кој ќе се мачи да употребува гоогле транслејт дур сватиш од што се плаче и жали чоекот :D
 
Ај да видам што ќе кажете....

Скоро се ти кажаа останатите, јас само би додала да не бидеш толку наивна и да паѓаш на такви приказни. Луѓето што немаат потреба да живеат и сакаат да се самоубијат - го прават тоа. Без најави, без патетики и без правење драми и собирање публика. Овој ниту ќе се самоубие, ниту куршум ќе си свирне ...
А сигурна сум знаеш дека некогаш храброста се граничи со лудоста, а не можеш да го спасиш цел свет затоа не си играј со сопственото психичко здравје.
 
Е тоа ми е и мене, он го познава подолго од мене. Плус страв ми е малце да бидам сама со човек кој не го познавам, а од друга страна не сум човек што остава некој со самоубиствени мисли на цедило.
Понуди му опција да му најдеш ефтино сместување и објасни му дека имаш потреба од приватност во станот.
Можеш да му најдеш наместен стан за еден месец и да го дружиш во слободно време, како што рабрав истиот има намера да поседи малку повеќе тука.
Чисто колку да му дадеш до знаење дека имаш најпријателскси намери со него, но дека си имаш и сопствен живот.
 
Плус страв ми е малце да бидам сама со човек кој не го познавам, а од друга страна не сум човек што остава некој со самоубиствени мисли на цедило.

А да се запрашаш дали не ти е страв да бидеш сама со човек што има самоубиствени намери? Каде бе со тој памет луѓе, алоооо. Странец, нит го знаеш, нит го познаваш, ќе го прибираш дома додека си сама. Ај да бидете повеќе луѓе, друштво, дечко или фамилија на купче па да разберам. Искрено, таков лабилен и штракнат човек јас никогаш не би прибрала дома, па со кој сака да сум. Му раскинала девојката, јака штикла. Само види над каков проблем плаче и сече вени и доволно е да го процениш. Мада мислам дека типот нема муда да си го свирне, само плаче за внимание, јас тие ги викам цицачи на енергија, ќе им направиш муабет 15 минути и после ти треба недела дена рехабилитација.

Да сум на твое место, игнор сместа од скајп/мајп и слични авении. Прво, што не нудам бесплатно психијатриски услуги на којгоде, а второ, што си ја чувам енергијата за продуктивни работи, а не за решавање на средношколски проблеми.

И од кога ќе го избришам лудиов, има да го избришам и подот со ..... дечко ми!:cautious:
 
Ај да видам што ќе кажете....

и ботом лајн ис ШТО ДА ПРАВАМ????

Да сум на твое место не би ни размислувала што да правам.
‘‘Може да дојдеш само во присуство на дечко ми и пријатно‘‘
Типот го знаеш од скајп и поминато време на гејмање, ама да пикнеш некого во стан 7 дена, без да си сигурна дека типот нема некои налудничави идеи, мисли, намери, е навистина сулудо:pipi:
Според целава опишана ситуација, типот е сигурен дека твојот дечко не е во состојба да биде во тебе, па затоа инсистира да дојде баш сега, па си направил филм како одлична прилика да има нешто повеќе со тебе. Доколку навистина има потреба од помош, можеш да му најдеш друго решение, како хотел, изнајмен стан и слично, и да го дружиш во слоболното време.
Не се игра со оган, може да се изгориш:sneaky:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom