„Мајки“ oд Милчо Манчевски

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
На 35. Интернационалниот филмски фестивал во Торонто утревечер македонскиот филм „Мајки“ на Милчо Манчевски ќе ја има својата светска премиера.
Филмот е ставен во програмата „Специјални презентации“ и ќе има три проекции, покрај премиерата на 12 септември, тој ќе биде прикажан и на 13 и на 18 септември.

„Мајки“ е направен во македонско-француско-бугарска копродукција. Овој филм на Манчевски, кој на свој начин се осврнува и на настаните поврзани со кичевскиот новинар Владо Танески, целосно е снимен во Македонија во текот на минатата година на локации во Скопје, Мариово, Кичево, Тетово и Гостивар. Постпродукцијата е завршена ова лето, и тоа во студијата во Париз, Лондон и во Минхен. Главните улоги во филмот ги играат: Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев и други, а за првпат се појавуваат и младите Емилија Стојковска и Милијана Богдановска. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажата е на Жаклина Стојчевска, музиката е на Игор Василев - Новоградска, а еден од кастинг директорите е и Маја Младеновска. Дистрибутер на „Мајки“ е „Манаки филм“.
„Мајки“ на оригинален начин испреплетува вистински приказни за едно општество на небрежни и отсутни мајки, каде што децата кои беснеат со кредитни картички, набедуваат невини луѓе, каде што старците умираат сами и заборавени, каде што пензионираните чистачки се жртви на сериски силувања и убиства. Филмот е современа рефлексија на мрачниот свет на Достоевски.“ Додека мотото на неговиот нов филм е: „Вистина, само вистина и речиси ништо освен вистина.“


- Но „Мајки“ најверојатно нема да биде достапен во кино салите за македонската публика.
Еве што изјави Милчо:
,,За жал, како што сега стојат работите, ми се чини дека „Мајки“ нема да има ниту филмска премиера, ниту прикажување во Македонија. Не сакаме да соучествуваме во прикривањето на геноцидот извршен врз кино мрежата во Македонија. Мислам дека треба да се знае и да обрне внимание на овој проблем. Во Скопје пред 30 години имаше 16, а сега има кино ипол. И што е уште пострашно, со кината работат и владеат партиски војници кои не му мислат добро на филмот. За нас е голема одлука „Мајки“ да не го играме во Македонија, зашто сакаме да посочиме на фактот дека таму кино мрежата е уништена и физички и со тоа кои луѓе ја водат."
 
Поддршка!
Во моево место имаше (и уште има) кино, едно од најголемите и најубавите во МК, 800 до 1000 столчиња, сум заборавил точно, перфектно... Му фали малку модернизација на техниката ама и како што си е не е лошо. Единствен проблем е што... повеќе не пуштаат филмови. Се сеќавам на времиња во кои еден филм се прикажуваше цела недела и имаше гужва за билети. Филмовите се за да се гледаат на кино, за жал поголемиот дел од нас за кино мораат да тркнат до Скопје. Резил...
 
Го разбирам револтот на Милчо. И резил е премал збор во споредба со тоа што се дешава со нашите кина. Можеби со овај бунт нешто ќе смени, не знам (се надевам), ама зад себе остави многу разочарани љубители на добриот македонски филм. Искрено, премиерата на „Мајки“ долго ја очекував и сега се разочарав. Но, ако со овај акт се смени нешто во врска со нашите кина, Милчо ја има поддршката на публиката.
 
Без разлика на тоа каква е состојбата со кината, македонскиот народ не треба да биде лишен од новото филмско остварување на Манчевски или било кој друг македонски режисер. И онака мал број на наши филмови се снимаат годишно, уште да не се прикажуваат тука, каде ќе ни биде крајот. Протест се постигнува на многу начини, но овака само ќе покаже не почитување кон македонскиот народ, а не кон незнам какви си структури кои владеат со кината. Секој филм направен тука од наш режисер е самиот по себе наше богатство, без разлика колку е филмот добар или лош.

Нема подршка од мене за ваквиот пристап. Ако не сака да има кино проекција филмот, тогаш нека го дава во весник, на тој начин нема да му сметаат структурите кои владеат со кината. ;)
 
Се надевам дека барем ќе го издаде директно на ДВД.
И ние сакаме да го гледаме.
 
Го разбирам Милчо Манчевски донекаде, но треба да му направи достојна промоција на филмот во Македонија.

Едвај чекам да го гледам филмот. Се надевам дека барем на торенти набргу ќе излезе dvd screener по прикажувањето во Торонто.
 
Мајки -филм на Милчо Манчевски

не знам дали филмот има официјална тема на форумот, но ако има слободно избришете ја.

200px-Mothers_poster.jpg


Две деветгодишни девојчиња пријавуваат егзибиционист во полиција, иако воопшто не го виделе. Тројца режисери се среќаваат со единствените жители на едно напуштено село - брат и сестра во години, кои се скарани цели 16 години. Пензионирани чистачки се најдени силувани и задавени во еден мал град. Фикцијата полека се претвора во документарен филм.

Ана Стојановска - Ана
Ратка Радмановиќ - Баба
Салаетин Билал - Дедо
Владимир Јачев - Коле
Димитар Ѓорѓиевски - Симон
Ирина Апелгрен - Салина
Билјана Беличанец
Милијана Богданоска - Кјара

Trailer:
 
јас колку што разбрав од сите коментари, дека овае едно од најдобрите ако не и најдобро остварување на Милчо, ајде кога ќе го гледаме мислам дека ќе се развие подобра и поголема дискусија.
 
Леле песната на филмот "По друм одам" ја има ли некој оваа верзија што е на трејлеров???????Многу,премногу,претерано е добра :)
 
Кога ќе биде премиерава???
 
Кога ќе биде премиерава???

Ако добро разбрав на 14 ќе биде премиера на фестивалот Манаки, а од 16 ќе почне да се дава во кино Милениум. :)
 
Истовремено ќе бидат двете премиери како што кажа Манчевски. Манаки од 16 почнува до 23 ако добро памтам значи the same.

Еве ги и цицињата во филмот

anaz.png
 
филмов сигурно е многу јак одвај чекам двд да излезе а и во кино би било добро да се гледа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom