Шпанска серија

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Со шпанска серија често се означуваат оние врски што имаат милион и триста трубуленции, драми, сакање, несакање, филмувања, солзи, све у едно! :)) И најчесто све од тоа е прилично јавно!

Што мислите вие за ваквите врски и дали сте биле некогаш во ваква врска?

Дали е подобро да се биде во ваква драматична врска или во врска што е поповлечена од очите на јавноста без многу скандали?
 
секоја врска има турбуленции, луѓе се во брак по 30-40 години па доживуваат турбуленции (некои дури и разводи) но многу е битно тоа да остане тајно и скриено за да се сочува од устите на злобниците и на премногу глупи луѓе што се мешаат во туѓи животи (веројатно оти немаат свои)
колку повеќе допуштиш друг да се меша и да знае за караниците во твојата врска толку понестабилен карактер си ти самиот, барем тоа е мое мислење
 
Не сум бил во таква врска, имав еден пријател кој имаше такава „шпанска серија„ сапуница :) кој верувале или не траеше 7 (седум) години, и на крај завршија со омраза еден спрема друг и сега се најголеми душмани.
Врската им беше толку забегана со секакви сомнежи љубомора карање раскинување по два пати на ден, хаха абе комедии, тоа не се опишува.
 
Никад нема да ги разберам тие врски...ако нешто не иде и нон стоп сме на ратна нога значи кад тад ќе си извадиме очи, а многу извесно е дека ќе се замразиме на крај. Секоја ваква врска на која сум била сведок пукнала многу лошо и луѓето очи не сакаат да си видат. Значи си стојам на ставот дека благе везе нема она со спротивностите кои се преивлекуваат, тешка глупост, ако некој е различен од вас ќе си ја извадите меѓусебно душата. Подобро најдете си човек сличен на вас и раат врска ќе си имате, и подобро некогаш да ви биде здодевно отколку да спроведувате мобилизација за битка.
 
Животот е шпанска серија со послаб интензитет.

Всушност, боље е луѓето да гледаат шпански серии за да сфатат дека нивните љубовни проблеми се само ситници, за разлика од гледање на љубовни филмови кои всушност помагаат во прекинување на врските.
Доста офтопик, изјаснив шо имав :)

Сеа он:
- Не сакам такви врски, шо е мое мое е и нема шо сите да знаат. Не знам кој би го мислел спротивното.
Затоа давам 12 поени на “врска што е поповлечена од очите на јавноста без многу скандали“.
 
Лично, не сум имала таква врска ама сум видела многу примери.
Според тоа, а и општо, поубаво за негување на една врска е да не се експонираат многу, да не драматизираат и преувеличуваат.
Врската е меѓу двајца, па убаво би било да се држат во тој нивен круг на интимност. Се што оди надвор од тој круг допринесува (не)намерно да се доведат до таа ситуација како во сапуница.
 
Во моите последни две подолги врски не се случуваше ништо драматично, немаше заплети, расправии, солзи, лигавење и т.н. Но затоа и двете завршија на ист начин и со иста причина. Толку идентично што помислив дека сум проколната и дека се наоѓам во некоја шпанска серија. И затоа кога некој ќе ме праша за мојот љубовен живот јас одговарам "Остај.. права шпанска серија".
Затоа сега сакам помирна врска и ако веќе треба да има крај би посакала поинаков крај од предходните две врски.
 
Со шпанска серија често се означуваат оние врски што имаат милион и триста трубуленции, драми, сакање, несакање, филмувања, солзи, све у едно! :)) И најчесто све од тоа е прилично јавно!

Што мислите вие за ваквите врски и дали сте биле некогаш во ваква врска?

Дали е подобро да се биде во ваква драматична врска или во врска што е поповлечена од очите на јавноста без многу скандали?

Доволно е една страна да прочиташ од темава па да видиш еден куп примери за вакви врски.
Иначе лично, ниту имам, ниту сакам таква врска... скраја да е. И онака животов е бетер од шпанска (море турско-индиска) серија, па уште такво нешто треба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom