Дали е навистина хомосексуалец ако никогаш немал искуство со спротивниот пол?

  • Креатор на темата Креатор на темата Annabel
  • Време на започнување Време на започнување

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Ако никогаш не бил/а тогаш од каде знае дека не го/ја привлекуваат личности од спротивниот пол?

Еден мој познаник тврди дека е хомосексуалец и бил интимен до сега со мажи,но никогаш немал сексуално искуство со жена.
Уверен е дека така му е најубаво,но јас мислам дека доколку проба барем еднаш да биде со девојка има големи шанси да сфати дека тоа што го привлекуваат само мажи е резултат на тоа што немал друго искуство,затоа што воопшто не е феминизиран и нема теоретски шанси од неговиот физички изглед или начинот на кој зборува да сфатите дека е геј.
Во тој случај постојат три опции: да сфати дека цело време бил во заблуда и да биде стрејт,да си го потврди досегашното размислување и да остане геј и на крај да биде ни ваму-ни таму т.е. бисексуалец. :)

Темава ја отворам од причина што навистина мислам дека не е всушност таков и сакам да му помогнам затоа што иако слободно се декларира како хомосексуалец не е среќен и секој пат кога зборуваме за тоа звучи како да го направил погрешниот избор,ама од што нема веќе каде продолжува со истиот начин на живеење.

Мене ми е јасно дека постојат нешта кои не можат да се променат и дека можеби луѓето се раѓаат такви,но сепак...ако не пробаш не можеш да знаеш.
Кога веќе некој се сомнева во својата сексуалност треба да ги расчисти тие сомнежи со тоа што ќе види кој пол го привлекува...не доаѓа тоа само по себе,од нигде никаде...
 
Aко сексуално го возбудуваат само мажи, не знам дали ќе биде способен да проба со жена, може да не му се дигне воопшто.
 
Ако имал односи со мажи тој веќе е геј, а за со жени дали ке го возбудуваат шознам пробајте....
 
Иако можеби е off topic, не можам а да не си спомнам на вицот „Колега, од 3 пати се станува педер? “ :pos2:
За жал, темава неминовно асоцира на вицот :vozbud:
 
Пробајте. Што може да се изгуби?:toe: Или ќе биде човек од него, или ќе му купувате фустанчиња.
 
Што може да се изгуби?:toe:

Невиноста спрема женскиот пол, само треба да проба со некоја стварно девојка со добар изглед што би се рекло само со нејзин поглед хомичите стануваат мажи
 
Aко сексуално го возбудуваат само мажи, не знам дали ќе биде способен да проба со жена, може да не му се дигне воопшто.

Епа тоа е проблемот што нема пробано.Некогаш изгледа како да сака да биде со девојка ама од што веќе сите знаат дека е геј и дека бил со мажи мислам дека се плаши како би реагирала некоја на сето тоа...а и реално ако правиме муабет не знам дали би се нашла некоја што ќе сака да биде со него.
 
Ако никогаш не бил/а тогаш од каде знае дека не го/ја привлекуваат личности од спротивниот пол?
...

Темава ја отворам од причина што навистина мислам дека не е всушност таков и сакам да му помогнам затоа што иако слободно се декларира како хомосексуалец не е среќен и секој пат кога зборуваме за тоа звучи како да го направил погрешниот избор,ама од што нема веќе каде продолжува со истиот начин на живеење.

Мене ми е јасно дека постојат нешта кои не можат да се променат и дека можеби луѓето се раѓаат такви,но сепак...ако не пробаш не можеш да знаеш.
Кога веќе некој се сомнева во својата сексуалност треба да ги расчисти тие сомнежи со тоа што ќе види кој пол го привлекува...не доаѓа тоа само по себе,од нигде никаде...

1. Навистина убаво што контактираш со геј луѓе. Сигурен сум дека ги немаш повеќето стереотипи кои мнозинството форумџии ги имаат, па трескаат глупости...
2. Најголемиот дел хомосексуалци воопшто не се феминизирани.
3. Зошто мислиш дека треба да му помогнеш некако на познаникот твој?
4. Тоа што не се осеќа среќен, не дека не е, туку е таков затоа што сфаќа дека другите гледаат на него со сожалување.
5. Ај прашањето од темата да го свртиме обратно: Дали е навистина хетеросексуалец ако никогаш немал искуство со истиот пол?

Сексуалната ориентација не е прашање на “дегустирање“ разновиден секс. Тоа е вродено внатрешно чуство.
Како што еден стрејтер по логиката на нештата го привлекуваат девојки, така и гејот го привлекуваат дечки.

Тоа што се обидуваш да му помогнеш на ваков начин, може само да го повреди и да му ја усложни ситуацијата, да сфати дека и ти го сожалуваш.
 
Annabel,ова е одговорот кој го бараш.
Можеби не е среќен оти не е како другите или оти знае какво мислење се има за геј-луѓето.
 
Ако имал односи со мажи тој веќе е геј, а за со жени дали ке го возбудуваат шознам пробајте....

Погрешно.
Ако некој имал секс со машко, воопшто не значи дека е геј.
Многу мажи пробале со машко, па после сексот осеќале одбивност кон тоа што го сториле.
По затворите денес, и порано по армиите, не е (било) реткост машко да има секс со друго машко, но тоа ни најмалку не го прави хомосексуалец.

Хомосексуалец е само тој што веднаш после секс со машко се осеќа убаво, сака да лежи до машкото, да се бакнува и гушка.
Другите само гледале да го задоволат сексуалниот нагон, кој откако ќе го снема, се срамат од тоа што го сториле.

Исто е и кај геевите. Најголемиот дел од нив, можат да имаат супер секс со девојка, но после сексот само гледаат да ги облечат фармерките и да избегаат.

И патем, има тооолку многу хомосексуалци кои глумат стрејтери, што се ожениле и се обиделе да ги “контролираат чудните нагони“.
Но тие, сепак, се хомо.

Сексуалната ориентација не значи со кого се сексаш, туку за што фантазираш, со кого ти е убаво за време, и посебно -ПОСЛЕ СЕКСОТ.
 
Пу пу не важи :) што вие велите така, а секако сте повеќе упатени во тоа тогаш го прифаќам вашето мислење...
 
1. Навистина убаво што контактираш со геј луѓе. Сигурен сум дека ги немаш повеќето стереотипи кои мнозинството форумџии ги имаат, па трескаат глупости...
2. Најголемиот дел хомосексуалци воопшто не се феминизирани.
3. Зошто мислиш дека треба да му помогнеш некако на познаникот твој?
4. Тоа што не се осеќа среќен, не дека не е, туку е таков затоа што сфаќа дека другите гледаат на него со сожалување.
5. Ај прашањето од темата да го свртиме обратно: Дали е навистина хетеросексуалец ако никогаш немал искуство со истиот пол?

Сексуалната ориентација не е прашање на “дегустирање“ разновиден секс. Тоа е вродено внатрешно чуство.
Како што еден стрејтер по логиката на нештата го привлекуваат девојки, така и гејот го привлекуваат дечки.

Тоа што се обидуваш да му помогнеш на ваков начин, може само да го повреди и да му ја усложни ситуацијата, да сфати дека и ти го сожалуваш.

А можно е типот да е и...двоц...упс...бисексуалец...

Ако и после секс со жена и маж не се усреќи треба да се оди на останатите варијанти и со метод на елиминација да се утврди што е...
-офца
-леш
-ограда
-измет
-дете
-дрво

На крај ќе се најде нешто...
 
...иако слободно се декларира како хомосексуалец...
Правило:
Coming out-от (или јавното изложување на сопствената ориентација) не е процес кој трае ден, два, месец, година.
Тоа е сложен процес низ кој личноста поминува, најчесто, со години.

Излегувањето грубо се дели на два дела: внатрешно и надворешно.

Внатрешното започнува уште со појавата на емоционалниот афект кон луѓето и зголемувањето на сексуалниот нагон (кај машките тоа најчесто е меѓу 11-13 година).
До тој период, детето знае како функционира светот: принцезата го наоѓа принцот, кој ја зема на белиот коњ и ја носи во кралството, каде среќно си живеат до крајот на животот.
Сексуалниот живот на секое дете започнува со мастурбирање. За да биде повозбудливо тоа, најчесто се фантазира. Тогаш всушност, се открива кој -што го привлекува. Кога машкото ужива да фантазира за секс со друго машко на таа возраст, неговата фантазија доаѓа во судир со прикаските за принцот и принцезата, па настанува цел сплет на емоционални премрежја, кои младата индивидуа сама ги поминува. Скоро и да нема хомосексуалец кој во тој период не мислел дека нагонот кон сопствениот пол е нешто минливо и дека со тек на време ќе најде девојка во која ќе се заљуби и “се’ ќе биде во ред“. Во меѓувреме, нагонот останува ист, а годините поминуваат.

Возраста околу 16-18 е токму онаа каде настанува првото “излегување“. Младата личност сфаќа дека чувствата нема да му се сменат и се бори со фактот дека треба самиот себе да си признае дека е... геј. Тоа е внатрешниот coming out. По оваа фаза, геј-луѓето најчесто бараат истополов партнер и имаат секс.

Сепак, многу од хомосексуалците погрешно сметаат дека ако си “фатат“ девојка, и имаат секс, мноооогу секс со неа, дека ќе ги надминат хомосексуалните нагони и ќе станат “нормални“. Таквите само си ја усложнуваат и пролонгираат состојбата на себенегација, што на крај негативно се одразува врз себеприфаќањето. Па така, не е чудно што има такви кои до 21, 24... имале девојка, и потоа “преку ноќ станале геј“.

Како и да е, втората фаза од “излегувањето“ е многу посложена. За да може младата индивидуа да води нормален живот, значи дека не треба да ги лаже најблиските за тоа дали има девојка и зошто не. Па се наложува ситуација каде од технички аспект, е подобро својата хомосексуалност да ја изнесе на најблиските и другарите. Стравот од осуда, сожалување, одбивање, прекин на социјалните врски... се најголемите причини што огромен дел од геј-популацијата живее скриен, или пак, двоен живот.

Меѓутоа, Анабел, ако другар ти ја поминал и втората фаза, односно јавно кажува дека е хомосексуалец, тоа СИГУРНО значи дека ги поминал сите можни аспекти (дека не е ниту стрејт, ниту би). Да бил бисексуалец, најверојатно немало да каже дека е хомосексуалец, затоа што скоро сите бисексуалци ја кријат “срамната“ страна, а ја величат “светлата“. Бисексуалците најчесто водат двоен живот и на крај скоро секогаш се женат. Другар ти, низ годините наназад, секако дека ја отфрлил можноста дека е би, па затоа слободно се декларира како геј.

Ова, воедно, и како дообјаснување до “секачот“, зошто под достоинство ми е да ги цитирам неговите болни постови.
 
Е ова неможам да го сватам... разбирам дека е хомосексуалец. Ама дека несака да проба со девојка... исто ко да можиш да се искачиш на некој рид со точак, а да ти е страв/срам/незгодно/незнам шо да пробаш по рамно, и да викаш јас само нагоре сакам да возам. Патем, дечкото го направил најголемиот чекор, признал, сите околу се помириле со фактот... треба да си даде шанса и да проба.

Јас би пробал да сум на негово место.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom