Кевин Митник во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Незнаев каде да ја отворам темата па затоа ја отварам овде, најдете и соодветно место ако не ви е тешко!

Сега е и официјално дека Кевин Митник ќе биде во Скопје од 21 до 26 октомври. Неговите две предавања :The Art of Intrusion and The Art of Deception ќе бидат во хотелот Александар Палас во Скопје. Целиот настан е организиран од маркетинг компанијата Озеха P3. Цена за двете предавања е 400 евра. Повеќе информации ќе најдете тука.
Кевин Митник е експерт за компјутерска безбедност. Еднаш беше најбараниот компјутерски криминалец во САД, беше озогласен хакер кој ги проби ФБИ, Пентагон… Две години беше во бегство. Во тоа време ФБИ вели дека пробил низ десетици мрежи и користел клонирани телефони да си ја скрие локацијата.
Сега e автор и предава за компјутерска безбедност и социјален инжинеринг.
Првата информација дека ќе дојде во Скопје се појави на Twitter твитната од @kevinmitnick.



Извор: IT.com.mk


Овде може да се најде нешто повеќе КЛИК

Десно има "Speaking Schedule" каде што може да видите дека е вистина не обична заебанција.
 
400+400=800
мора да се задужам пари и да идам. Колку да седам покрај оние сите тамо кутурни луѓе, и да слушнам некој нов збор што никад нема да му го знам значењето...
 
400+400=800
мора да се задужам пари и да идам. Колку да седам покрај оние сите тамо кутурни луѓе, и да слушнам некој нов збор што никад нема да му го знам значењето...

Шо е ова 400+400? двете заедно предавања се 400...
 
400+400=800
мора да се задужам пари и да идам. Колку да седам покрај оние сите тамо кутурни луѓе, и да слушнам некој нов збор што никад нема да му го знам значењето...

не бе,

Цена за две предавања :
400 евра со вклучен ддв

Цена за едно предавање :
300 евра со вклучен ддв

ама пак е многу.
 
Многу :)? 5000 евра е едно предавање од оffensive security :) Не е скапо.
 
Јаката страна на Митник е социјалниот инженеринг, нешто за што пишува во The Art of Deception и The Art of Intrusion. Само еден мал дел од социјалниот инженеринг е пропуштен во тие книги: Како ви ги земав парите.
 
Одете задолжете се, ама човекот си ја продаде душата за да не скапи во затвор, така да против тоа што се има борено сега е заштитиник, тоа е тоа.
 
Не кевин митник е во Sao Paulo, па има уште неколку места таму во близина после ќе дојде на балканов.
 
Одете задолжете се, ама човекот си ја продаде душата за да не скапи во затвор, така да против тоа што се има борено сега е заштитиник, тоа е тоа.
Токму така.....иако има доста да каже он и ние да слушнеме од него сепак сите предавања му се сведени по некој шаблон и ни се којзнае што....сепак да тоа е Кевин и кога би имал пари вишок би отишол без расмислување иако сум убеден дека ногу анонимци можат предавања да му држат и на Митник.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom