К'на (girls only... I think xD)

  • Креатор на темата Креатор на темата Јо
  • Време на започнување Време на започнување

Јо

Killerschwimanzugfrau!
Член од
3 август 2010
Мислења
12
Поени од реакции
0
Дали некој има користено, задоволни или не, колку трае итн итн?
Веќе ми е смачено со фарбите и на косата можеш да ми ја најдеш која сакаш нијанса моментално -.-
А за тоа колку ја оштетуваат нема шо да зборам...
Си мислев да пробам к'на, колку што сум слушнала не ја оштетува косата, некои и викаат делотворно делувала покрај останатото.
Ваши искуства? =)
 
Другарка ми пред 2 години користеше и беше задоволна, точно е дека не ја оштетува косата.
Бидејќи живее во друга држава само еден месец беше тука така да не можам точно да ти кажам колку и траела =/ Дури беше тука одлична и беше бојата а и косата и беше погуста.
Само...и кажал чичко и дека содржи каки од камила и од тогаш не користи :pos2: колку е точно, врска немам :toe:
 
Кната не ја оштетува многу косата ама мислам дека не може да се најде во сите нијанси.Барем јас само за црвена и кафена знам дека има.
 
Кната не ја оштетува многу косата ама мислам дека не може да се најде во сите нијанси.Барем јас само за црвена и кафена знам дека има.
И то имам слушнато, само мислам дека и во црна боја. Барем се надевам =D
 
многу е здрава и долго трае 3 недели но не ја оштетува косата баш напротив побујна е и посјајна, ја има во црвена, кафеава и црна нијанса, кафеавата ја имам користено всушност тоа е најсветлата нијанса на црна а црната пак е многу потемна, јас незнам они кои преферираат црна боја на коса зашто воопшто и користат фарба за боја и ја оштетуваат кога може со кната?

некој кој повеќе се разбира да ми каже дали кната на фарбана коса може да се стави, ми кажаа наводно не смеело имало многу грозен ефект! ај некој нека каже!
 
da ja prasham baba mi ke ti kazham heauhhuea , poveke nema nigde k'na vo Prilep ... sho znam..
 
Само да се надоврзам на насловот на темата дека не само девојчиња користат к'на, имам слушнато и за примери со машки. Инаку јас никогаш немам користено и не планирам да користам (освен ако имам потреба).
 
Ме интересира дали може да фати к’ната на потемна коса...значи јас имам темно кафена, и дали ќе се познава ако се офарбам со црвена к’на?
 
Ме интересира дали може да фати к’ната на потемна коса...значи јас имам темно кафена, и дали ќе се познава ако се офарбам со црвена к’на?

да на темно кафеава фаќа на црна послабо! сега ако ти сакаш интезивна боја незнам колку ќе ти успее!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom