Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
Ако прочитавте пред некој ден дека 2 црни дупки се споиле во вселената, еве ви една неверојатна фотографија од НАСА од нивното спојување.

blackholes.jpg
 
Aurora borealis

Vignet243.gif


Vignet242.gif


Фотка од Аурора Бореалис, направена во близина на Северниот пол, Алјаска на 48 миљи јужно од Арктичкиот Круг. На вторава фотка, направена во март 1997 година, видлива е и Хале-Боповата комета.

orion_aurora.jpg


Aurora borealis. Во позадината е соѕвездието Орион. Трите скоро вертикални ѕвезди, почнувакќи од долу нагоре: Мантака, Алнитак и Алнилам.
Десно од нив е Бетелгејс, Орион алфа, најсветлата ѕвезда во соѕвездието. Долу помеѓу нив е Белатрикс, гама Орион.
Лево од трите вертикални ѕвезди гледаме три, исто така подредени во линија ѕвезди. Средната е Тета Орион, која замислете, е тројна ѕвезда. Лево е Наир ал Саиф, а највисоко свети Саиф. Најсветлата од тријаголникот долу лево е Ригел.

Уште еднаш: Го пробал ли некој програмот ЦЕЛЕСТИА?
 
Црните дупки се всушност "зелени".

vert.black.hole.jpg


Истражување открива дека супермасивните црни дупки, лоцирани во срцето на некои галаксии, се најефикасните мотори во универзумот.

Доколку би успеале да создадеме мотор за кола со ефикасност како погонот кој ги движи црните дупки, истиот би можел да помине околу милијарда километри со 4 литри гориво.

Поради ефикасноста и пријателското однесување кон животната средина, ова ги прави "зелени", не? :)
 
Фотка од нашето небо

venus_mmoon_view_0106_500.jpg

Венера и се приближува на Месечината (17 јануари, 2006)
 
Среќниот Кратер на Марс - Гале

Среќното лице на Марс

Во пет различни наврати, вселенското летало Марс Експрес го сликаше познатиот кратер Гале (Galle Crater) на Марс, кој неодоливо потсетува на мало лице што се смее. Фотографиите, направени од стерео камерата со висока резолуција (High Resolution Stereo Camera - HRSC) за време на орбитите 445, 2383, 2438, 2460 и 2493, подоцна биле споени во оваа финална слика, со површинска резолуција од 15 метри на пиксел.
Во јужниот регион на кратерот може да се забалежат поголеми наслаги од некаков седимент со темна боја. На неколку места по должината на внатрешните ѕидови на кратерот се гледаат и паралелни „корита“, кои најверојатно се формирани под дејство на некоја течност. Сепак, самото дно на кратерот е оформено под дејство на атмосферски влијанија, пред сè, под дејство на ветровите на Марс.
Кратерот Гале има дијаметар од 230 km, а се наоѓа на источниот раб на рамнината Аргире (Argyre Planitia). Овој карактеристичен кратер, неформално познат како „среќно лице“ (happy face crater), за прв пат беше фотографиран за време на мисијата Викинг 1 (Viking 1). Кратерот е именуван според германскиот астроном Гале (J.G. Galle; 1812-1910).

Galle_crater_06.04.jpg
 
Вселенско Торнадо

Користејќи го Вселенскиот телескоп Спицер (Spitzer space telescope) астрономите го снимија овој вселенски млаз од материја како се тетерави низ меѓуѕвездениот простор, создавајќи објект што личи на светлечко торнадо. Објектот ја носи ознаката Herbig-Haro 49/50. Изворот на млазот од материја е прото ѕвезда, која е лоцирана во близина на горниот раб на фотографијата. Тој не потекнува од централната ѕвезда на фотографијата, макар што на прв поглед изгледа така. Всушност, астрономите сметаат дека таа воопшто не е поврзана со овој облак од материја.
Предниот дел од ударниот бран на млазот ги пробива облаците од гас и прашина, кои се наоѓаат на неговиот пат, со брзина поголема од 160 km/s. При тоа, околната меѓуѕвездена материја се загрева, што предизвикува истата да свети во инфрацрвениот дел од спектарот. Сината боја, која може да се види на врвот на ова вселенско торнадо, најверојатно е резултат на големото забрзување што го добиваат молекулите пред ударниот бран на самиот млаз.
Специфичната форма на млазот потекнува од неговото карактеристично движење. Тоа е нешто слично на брод кој, движејќи се брзо, создава „бразди“ по површината на водата. Инаку, објектот Herbig-Haro 49/50 се наоѓа во регион на формирање на нови ѕвезди, наречен Chamaeleon 1.

!Herbig_Haro%204950.jpg
 
Црна дупка се створила на земјата

Не паничете, но црната дупка е многу поблиску него што може да си замислите.

Досега беше потребно да се пропатува низ вселената за да се забележи еден ваков феномен, но денес тоа веќе не е потребно. Научници од New York успеале во лабораторија да создадат своја црна дупка. Но не со такви димензии кои би можеле да ја проголтаат земјата. Траела многу кратко, 10 милиони милијарди милијардитити делови од секунда.

1282612.jpg
 
Нè очекува бурен соларен максимум

Следниот соларен максимум ќе биде за 30-50% појак од последниот. Барем така предвидуваат научниците. Претпоставките се базираат на компјутерски модел на соларната динамика, кој го развија научници од Американскиот национален центар за атмосферски истражувања (NCAR - National Center for Atmospheric Research).

Sun_SOHO_Feb10_2006.jpg
"Фотографија на Сонцето направена на 10 февруари оваа година. На сончевиот диск не се забележува ниту една пега, што е типично за периодот на минимална сончева активност"

Научниците се прилично сигурни во своите предвидувања, затоа што во текот на серија тестови компјутерскиот модел ги симулирал претходните циклуси со точност од 98%. Предвидувањата делумно се базираат и врз движењето на материјата од површинските слоеви на Сонцето, што внимателно се следи во текот на последните два циклуси.

Соларниот циклус, кој треа 11 години, во овој момент се наоѓа во период на минимална активност. Следниот максимум се очекува во периодот помеѓу 2010 и 2012. Доколку се точни овие предвидувања на научниците, тој максимум ќе биде најсилниот во последните 50 години.

Предвидувањето на точниот изглед на еден сончев циклус ќе помогне во подоброто справување со електронските бури, кои обично ја зафаќаат Земјата во периодот на еден соларен максимум и кои можат да влијаат врз работата на сателитите и сите електронски системи што се наоѓаат во орбита околу Земјата.
 
Долината Нанеди на Марс

Долината Нанеди е долга околу 800 km и се протега во насока југозапад-североисток. Во делот кој е сликан на оваа фотографија се гледаат корита со ширина од 0,8 па до 5 километри, и со максимална длабочина до 500 метри. Особено интересно за оваа долина е тоа што нејзините корита многу потсетуваат на речните корита на Земјата, и тоа не само по својот облик и форма, туку и по начинот на кој се влеваат едно во друго и формираат мрежа.
Научниците сè уште дебатираат за потеклото на овие формации. Некои претпоставуваат дека коритата се формирале како резултат на ерозија на почвата, предизвикана од постојан проток на течна вода по површината на планетата. Ова, всушност, е начинот на кој се формирале речните корита на Земјата. Друга можност е тие да се создале со проток на течност под ледена обвивка, или пропаѓање на тлото како последица на силен, но непостојан проток на течна вода.
Проучувајќи го овој регион на Марс, научниците се надеваат дека ќе добијат повеќе информации за климатската еволуција на оваа планета. HRSC камерата на Марс Експрес не само што овозможува увид во морфологијата на Марс, туку преку анализа на рефлектираната светлина на различни бранови должини може да се идентификуваат различни геолошки карактеристики на тлото во еден даден регион.
nanedivalles4be.jpg

Фотографијата е направена на 3 октомври 2004 година, за време на 905-тата орбита на леталото. Нејзината резолуција е околу 18 метри на пиксел. Фотографијата е ротирана за 90°, па така север е на десно.
 
Геолозите ќе треба да си го кажат својот збор. Мене како на лаик не ми личи на речно корито туку на пукнатина која најверојатно настанала при ладењето на кората на оваа планета после големата експлозија на сонцето кога се смета дека настанале и сите други планети на Сончевиот Систем.
 
Час по ѕвездена астрономија. Сосвездието Орион, најубавото соѕвездие на нашето небо

Orion_constellation.jpg
 


Flares (first photo) in the solar atmosphere. On the right photo, an enormous prominence is visible in the lower left corner
ili na naski ova se sliki od sonceto
 
Соѕвездието Голема Мечка, најпознатото соѕвездие на нашето небо

constellations_0321_1.jpg


Делот од Ursa Major по кој најлесно го препознаваме соѕвездието:
plough.jpg


Астрономска проекција на поврзување на ѕвездите:
UrsaMajor.gif


...и двата најпознати начини на претставување сликовито:
uma_leo_cvn.gif


Ursa_Major_copia.jpg


Се надевам, сега кога ќе погледнете кон небото, лесно ќе ги препознаете овие две соѕвездија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom