T
Tetro
Гостин
Романски државјани измамиле пробиштипјанка на која за „само“ 100 евра и' продале гарнитура со ножеви убедувајќи ја дека е оригинал производ на „Цептер“. Измамата се случила во понеделникот кога Романците заѕвониле на вратата од домот на жената и и' понудиле комплет ножеви. Таа не забележала дека станува збор за измамници, кои претставувајќи се како трговци, ја убедиле да направи добар пазар и да ги купи ножевите. Сепак, измамената пробиштипјанка уште истиот ден дознала дека купениот комплет не вреди повеќе од 500 денари. По сознанието дека е измамена, случајот го пријавила во полициската станица во Пробиштип.
Два дена подоцна жената заминала на градскиот пазар, каде што ја пресретнале други двајца „трговци“ и и' понудиле гарнитура ножеви од „Цептер“. Во обидот набрзина да дојдат до пари, трговците ја убедувале дека комплетот е мошне вреден и скап, но бидејки се во зорт, ќе и' го продадат за само 100 евра.
Пробиштипјанката веднаш сфатила дека станува збор за измамници, па им кажала дека сака да ги купи ножевите, но побарала од непознатите трговци да ја почекаат за да појде до дома за да земе пари. Кога се оддалечила од нив, заминала во полиција и ги пријавила измамниците. Во меѓувреме и Романците се посомневале дека ќе бидат откриени, па го напуштиле пазарот и се обиделе да избегаат од градот, но не успеале. Полицијата набргу ги привела измамниците, кои рекле дека се романски државјани и дека наводно во Скопје имале мешовита фирма за продажба на ваков вид производи.
За случајот биле информирани Амбасадата на Романија во Македонија, а на измамниците, по два часа колку што траел распитот, им било укажано да ја напуштат државава ако не сакаат да се соочат со санкции.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=6DA3F7B898B39F49AC9FD0469E0CB2E0