krstenik
first things first
- Член од
- 24 август 2009
- Мислења
- 525
- Поени од реакции
- 21
- Откога сум на форумов, повеѓе пати имам напишано дека на светогорските манастири, сеуште има достојни врвни подвижници-монаси, кои Го имаат видено и Христа Бога и мајката Божја и Духот Свет.
- Божјото постоење нема „цел„-Бог е беспочетен, без своја пред-причина, но воедно Он Е причината за се што постои во духовниот и во материјалниот Свет. А целта од нашето живеење е да достигнеме да живеење во заедница со Бога, онака како што беше на почетокот.
- велиш, Светот тоне во зло-тоа е очигледно. Но! Тоа го велеа и при двете светски војни, оти и тогаш луѓето се прашуваа-каде е сега Бог? Пааааа, Бог не е таму каде луѓето чинат зло! Таму е некој друг, кој сакаше да биде бог! Бог е само „таму„ каде кај луѓето се пројавува покајание, срце скрушено, мир, смирение....
- дека „...нешто треба да се смени...„, тоа е логиката од световните луѓе. Верните велат поинаку: „...треба јас да се сменам (во умот и во однесувањето) па се околу мене ќе се промени на подобро...„. Барањето за просто надворешно менување на нештата, или е утопија или е вовед за уште една од многуте револуции, кои на човекот не му донесоа речиси ништо добро.
1. Каде го виделе, на сон? Ај објасни малце поише ако не те мрзи, баш ме интересира како и каде го виделе.
2. Нели на почетокот луѓето не можеле да си ги објаснат природните појави и за тоа одржувале пагански обичаи на кои им принесувале жртви на боговите. Тоа е почетокот ако не се лажам. Исус и “компанија“ се појавиле во првиот век и луѓето кои биле во очај, почнале слепо да му/им веруваат. Пред тоа немало никаков Исус, немало цркви и манастири. Исус ја створил целата (Христијанска) религиозна фрка според мене.
3. Во моментов милиони луѓе се каат, милиони имаат скршено срце итн. Како успева бог да го постигне тоа. Невозможно е. Единствено би било возможно, ако бог е се што постои. Буквално се. Тој “слуша“, тој “гледа“ но тој не превзема ништо. Тој едноставно е се материјално и тој само постои. Ништо друго.
4. Сите се менуваат, ама како што гледам во обратна насока од онаа посакуваната. Речиси ништо добро?!!! Сакаш да кажеш дека средниот век било подобро време за живеење него денес? Како што гледам религијата само го уназадува човештвото.